Snowhite RR -> RE: однесувањето на децата на гости (11.5.2012 17:26:09)
|
М иако е немирен дома, на гости е мирен, е сега понекогаш ако седиме подолго и ако се опушти доволно станува немирен и не е немирен во смисла да префаќа, да истура, да мачка, туку ме нервира тоа што знае да се затурка или да подмавнува (удира) особено ако има помали или деца на негова возраст. Е само заради тоа не ми се носи никаде. Инаку веројатно сите деца сакаат да јадат тоа што е забрането, М на пример од се што ќе има на маса веднаш зема или кикиритки или чајни или такво нешто сувомеснато, јас упорно го нудам, земи кашкавалче сине, а тој не, салама. А сакав да кажам пример за едно гостинче што скоро дојде кај нас. Значи такво дете немам видено. Прв пат доаѓа кај нас, прв пат ме гледа, ама сепак тоа не му беше проблем да вика, да скока, да трча низ соба, буквално како некое хиперактивно дете. Михаил кутрото да знаете само како го гледаше цело време, помирен во животот го немам видено. Па после и велев на мајка му, одсега ќе ти се јавувам да ми го праќаш, кога М не е мирен, да го смирува[sm=jezicek.gif]
|
|
|
|