sandriana RR -> RE: Чаша со клунче (12.8.2015 9:54:17)
|
lolla, јас би те советувала да не инсистираш на шишиња, цуцли, чаши и слично, ако бебе не сака. Двете деца кај мене се доени, и никогаш не ми успеа-не сакаа да фатат цуцла - ни лажачка ни од шише. Големата дур цицаше, до 20 месеци, течност пиеше строго од чаша, од нејзина 6 месечна возраст. А, да, и од оние шишиња со цуцка-од купечките води. Сега е исто и со бебево - има 11 месеци, од 6 пие од чашка или филџан. Откако престана да цица големата, извесен период користеше чашка со клунче на Беби Нова, погоре имам пишувано, со цврсто,пластично клунче и резервно капаче за менување на кое имаше само хоризонтален отвор, без клунче. Многу беше практична, бидејки анатомијата и беше таква да нема опција да се преврти и истури течноста.
|
|
|
|