RE: Детска недела (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Snowhite RR -> RE: Детска недела (9.10.2014 23:11:45)

Е баш ми е криво понделникот и вторникот не го однесов во градинка, демек ај со одморов да се видиме дома малку, а во понеделникот цртале и цртежите беа истакнати на огласна, а во вторникот имале спортски активности со другата градинка. Во среда имаа квиз на темата, денеска работилница и бидејќи во нашата градинка се отвори нов дел, па и градоначалникот присусуствувал и имале кратка приредба и пак ми е криво зашто бев на работа и не можев да одам да го гледам и плус не знаев за приредбава па си го облеков нормално во тренерки, да знаев ќе го дотерав малку, ама тоа е. А за утре е предвидено возење со вовчето градско и посета на знаменитости и исто продавање на творбите од работилницата




Felly RR -> RE: Детска недела (11.10.2014 10:00:11)

Сноу, и мене ми е криво што М пропушти некои активности, а со толкав мерак ги чекаше.[sm=smiley13.gif] Но во средата ни се јавија да ја земеме од градинка, се жалела дека не и е добро, и кога ја однесовме на лекар - гнојна ангина[sm=smiley19.gif]
Значи ја пропуштивме прошетката со вовче до спомениците, дечињата требаше да носат цвеќиња да ги положат на спомениците, и беа во Участакот (Меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“), но затоа денес ќе одиме на хепенинг каде ќе имаат настап - балет, и потоа ќе имале изложба во Домот на Културата - сите направиле цртежи со илустрации од градот.




Snowhite RR -> RE: Детска недела (11.10.2014 20:09:45)

Е ние и викенд активностите ги пропуштивме, правевме зимница и не можевме да одиме, тој беше со вујко му излезен, ама не сакал да гледа, ај утре на Ѕвесдички ги надоместиме[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Детска недела (7.10.2015 9:50:23)

Започна детската недела, која се одбележува секоја прва полна недела во месец Октомври, така што оваа година е од 05-10 Октомври.
Какви активности има во вашите градинки или училишта?
Јас оваа година некако не забележав некаква атмосфера, не знам зошто, може е до тоа што во градинка сме мали, а и на училиште најмали, па може не се вклучлени. Најверојатно во градинка, ќе има повторно работилница за изработка на играчки кои ќе се продаваат во петок, тоа го прават секоја година, а и на родителската минатата недела за тоа спомнаа




sandriana RR -> RE: Детска недела (7.10.2015 11:14:21)

Баш вчера забележав истакната табла на влезот од градинката, каде беше напишан распоред на настаните во градинката по повод детската недела. Секој ден, од 05 до 10 Октомври имаат теми кои се интересни за децата и се однесуваат конкретно на нивните права и интереси - претстави, танцување, ликовни работилници, а во петок и гостин - родител кој ќе има улога на Раскажувач на приказни.
Сите настани се во рамки на работното време и активностите на градинката.




lukajana RR -> RE: Детска недела (7.10.2015 12:27:00)

Кај нас нема ништо посебно за детската недела ,нема никакви активности освен приредба што треба да биде во петок.
Ни побараа по 30 ден. за маркици и тоа е се .
Може сме мали па затоа децата не се вклучени во ништо туку само ке ја гледаат претставата.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]