Што не сака да јаде детето (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


big_mama817 -> Што не сака да јаде детето (6.10.2009 10:15:50)

Дали имата некоја посебна храна што не ја сакат вашите деца?




Mila na mama -> RE: Што не сака да јаде детето (6.10.2009 10:18:30)

Спанаќ. Не само што одбива да го јаде туку ако ја убедам да голтне потоа го повраќа.
Затоа пак се друго зелено, грашок, тиквици, брокула, краставица, обожава.




mami -> RE: Што не сака да јаде детето (6.10.2009 10:21:34)

уф..не сака сирење, урда, се што е солено...ако супата му е малку посолена не ја јаде[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 10:47:13)

Не сака домати и краставици, ако му го натопам лепчето во сок од домати го плука[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




ostoun -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 11:41:05)

Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademe[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 11:51:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ostoun

Ne saka mnogu domati , no zatoa vo supa i mandza si gi jademe[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


и ние во манџа ги јадеме доматите или во вид на салца.




nadica -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 11:56:08)

овошје не сака со сила го даваме [sm=smiley13.gif] многу ретко каснува по малку не го сака во ниедна форма ни варено ни печено ни свежо [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] помагајте




mami -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 11:58:23)

а да ја пуштиш сама да зема? исечкај и на парченца па сама нека си го стави во уста..Лука обично кога му даваме не сака а ако му сервираш сам да зема тогаш јаде




profesorica -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:03:26)

Да и ние така му даваме на Дамјан, и он више несака банана гмечена него така си ја гриза а и други работи сака сам да ги држи и трча низ куќа и си каснува по малку[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




nadica -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:03:29)

пробувам ама не ни оди баш најдобро можеби треба во текот на целиот ден да има нешто на дофат па можеби ќе касне нешто




mami -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:10:21)

види кај моите дека е по цел ден они му ставаат едно чинивче на масичката полно со сецкано овошје или оние рипчиња грицки и он помини замини си каснува




big_mama817 -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:13:48)

не сака да јаде пиперки,краставици,домати и моркови




Палешка РР -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:40:03)

Не јаде сирење, кашкавал-во сирова форма- пржено и во тост и пица може.
Не сака киселина во салата, не јаде туршија, зелка ни под разно.

Ама обожава благо, овошје и месо.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mis. -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 12:59:33)

Не сака пиперки.Во главата си има зацртано дека се лути и нема шанси да го убедиш да јаде.




mother 29 -> RE: што не сака да јаде детето (6.10.2009 13:09:32)

не сака мед,боранија,бананата ја прејаде и сега сме во фаза на апстиненција од неа,ама па затоа се друго јаде...домат,морковот си го грицка како зајче,омилено му е грашок манџа....

а јаболките и краставиците, мав ги прави...не се жалам си јадеме ние....




mother 29 -> RE: што не сака да јаде детето (7.10.2009 14:20:49)

Марко си ручка се.пу пу .....
вчера за прв пат му дадов да проба мајонез,му се допадна.
единствено нешто сто не сум му дала се печурки.си порачуваме пица пола со ,пола без печурки?


вие сте му дале печурки,култивирани ,на детето ?




Maca25 -> RE: што не сака да јаде детето (27.10.2012 11:15:19)

Н. не сака пиперка, ориз, спанаќ, млада тиквичка, не сака цвекло, во последно време не сака ни јаболко. Сево ова порано го јадеше, но последнава година одбива да ги јаде, дури и ги повраќа.




Calypso -> RE: што не сака да јаде детето (27.10.2012 13:10:35)

Син ми јаде скоро сè. Многу зависи како е припремано јадењето и дали ќе му се допадне. Ама знам дека не сака тиква и костени (му се наткрева за повраќање од нив, со тиквата уште од 6 месеци кога проба првпат), не сака ни леќа ни боранија, со зорт ги јаде, исто како татко му. Ама му ги мешам со кисело млеко, па ќе ги изеде, бидејќи не му попуштам - што има за ручек, тоа ќе јаде. Не сум му дала сувомеснато и печурки сè уште, не знам ни дали ќе ги сака - сувомеснатото може ќе го сака, бидејќи сака месо, ама ќе оддолжувам колку што можам повеќе, барем до три години (сега има година и пол).




Felly RR -> RE: Што не сака да јаде детето (27.10.2012 23:51:03)

М има некои работи што воопшто не сака да ги проба. И кога ќе рече НЕ, нема шанси да и дадеш да касне. Еве на пр. цело лето не касна домат / патлиџан, иако лани јадеше цело време. Многу пати ако земам јас нешто да каснам, и таа ме прашува - Мамо, што јадиш? и уште пред да и одговорам ми вели - Јас, неќам. (Да не случајно и понудам и неа[sm=smiley36.gif]) Не сме многу по јадењето.[sm=smiley24.gif]




Џесика -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 0:04:36)

И Борјан не сака домат, многу ми е криво, ја од уплав да не биде ко татко му, пола зеленчукова храна да не ја јаде... пиперка само свежа пробал, од домат не сака ни кечап, ни салца. Не сака паштета, салама, не ми е ни криво за тоа, а и ајвар не сака. Сега купив тиква, па да видам, не верувам дека ќе ја сака, лани во чоколиното му ја мешав не ја осеќаше. Од готвена храна не сака ориз и шпагети, му се гади од лепливоста и лигавоста, а штотуку почна да јаде макарони, едвај, со триста ветувања и молби.




Felly RR -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 0:09:05)

Заборавив за ајварот - и тоа не сака ни да го проба. Устварни никаква пиперка не каснува.




kikicka -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 8:47:24)

И кај мене Л. ајвар не сака, мелено месо не сака инаку другово го јаде.
Се што и лепи во уста не јаде,и се што ја бочка на пр:како бискота не јаде,а инаку стопено во млеко јаде и бискота и корн флекс.




Maca25 -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 9:41:13)

Нина не јаде пиперка, па не сака ни ајвар да јаде. Не скаше летоска ни летна манџа да проба, не сака ни полнети пиперки.




AnnaMolly RR -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 15:35:20)

Филип не јаде апсолутно ништо што е црвено - домат, јагоди, малини, капини, црвен овошен јогурт, црвен сок, ајвар [sm=zmeden.gif]. Исклучокот е кечап. Само тоа црвено јаде. Не јаде ни мелено месо во никој случај, освен ќебап [sm=smiley36.gif] Не јаде еурокрем, мармалад, мајонез. Мислам дека тоа е тоа.




Bethany -> RE: Што не сака да јаде детето (28.10.2012 20:27:28)

Мојот син не сака свежо овошје ако е сецкано, на парчиња, не сака ни да проба да загризе. Било што. А ако му изблендирам ќе јаде ама оти мора. Единствено банана два дена јаде кога му давам парчиња, два дена ја плука , се гади. [sm=smiley29.gif]
Друго се јаде што му давам, да ли му се допаѓа или не, додека не се буни добро е. [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>