Beluvce -> RE: Сакаме две црти (15.9.2010 18:01:19)
|
Би сакала да слушнам неколку мислења во врска со мојот проблем: Последно имав циклус од 25 до 30 Август. Околу 5 Септември забележав дека чувствувам болка и зголемени и тврди гради, потоа често одење во WC; а ми се зголеми и апетитот...Веднаш следниот ден направив тест, меѓутоа излезе дека е негативен. Си помислив дека е рано, па почекав да помини уште една недела и во таа недела ги имав истите симптоми и ми се појави уште некоја тапа болка во долниот дел на стомакот како пред да добивам циклус, меѓутоа не тоилку јака. Денес направив повторно тест и повторно е негативен, а симптомите се повторно истите. Што мислите за мојот проблем, дали е рано или? Следниот циклус треба да го добијам по правило околу 20, 21 Сепрември, бидејќи досега имам многу редовни циклуси. Однапред благодарам на секое Ваше мислење. Поздрав Модератор: Големите букви значат викање
|
|
|
|