|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 16:34:07   
Ikana
Замисли бе со таков грбав да треба да легнуваш секоја вечер....ќе идам на забар на чистење усна шуплина после секој пољубац!!user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 16:34:19   
Beatris
Точно! Што сака нека си прават, него гледаат децава од нив, сакаат да имаат, со тек на време и капираат како може тоа да го добијат и го фаќаат тој пат, тоа е за жалење

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 16:40:39   
Maca25

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Замисли бе со таков грбав да треба да легнуваш секоја вечер....ќе идам на забар на чистење усна шуплина после секој пољубац!!user posted image

баш на ова мислев. треба да спие со тој грбавиот секоја вечер, да му мјаука по цел ден, да го гали и гушка а да и се гади од него...бљак ( не требаше на ова да мислам после ручек user posted image )

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 16:41:04   
kikicka
Што сакат богами нека прават.....ама жално е што поради нив др. девојчиња ги класифицираат како спонзоруши т.е оние дотераните. Мислам дека тоа се гледа бре ,права дама и преравена извештачена мочла вант ту би а милионер!!!!

А да ве прашам дали за вас или дали вие си имате слушнато дека некој вас ве нарекува дека сте спонзоруши???

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 17:00:04   
Ikana
Сите ќутатuser posted image
НЕ не ме нарекле така никогаш.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 17:13:57   
blond
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Сите ќутатuser posted image

[

Хахахахахахах.
Еве јас ќе си кажам. Ме нарекле така и тоа поранешниот дечко откако раскинавме. Ме нарекуваше спонзоруша бидејќи тој немал многу пари, јас сум му барала најчесто тој да ме части кафе (читај кафе, а не нешто повеќе) а тој не можел секогаш,па затоа сум се затрчала по мм бидејќи земал голема плата user posted image user posted image , мислиш тој му ја вади од банкомат и знае колку заработува user posted image . Да бе, се омажив јас за кафето од мм user posted image . Јас за неговата плата, тој за мојата, затоа се земавме user posted image



Инаку за мене спонзоруши се оние што знаат како да го користат своето тело и интелегенција за заработка на неморален начин. Паметни се ваквите девојќи, ко што пишаа погоре, се им е однапред смислено (без разлика дали крајната цел им е да се оженат со нив).

< Поракaта ја уредил blond -- 9.10.2012 17:17:11 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 18:18:07   
Maca25
Најчесто не им е целта да се омажат за спонзорот, го цедат додека можат и после наоѓаат друг некој мутавко user posted image и пред да сакаат да се омажат се декларираат како најпоштените и највредните девојки во градот.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 21:07:03   
kikicka
user posted image user posted image Ако си ја имаш мувата на капата не викај ИШ!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Сите ќутатuser posted image
НЕ не ме нарекле така никогаш.



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 22:32:45   
temjana
Море алал да им е ако си можат браво за нив. Туку јас да се вратам на мојот муабет ципи рипи ќе те чекам миличка нека ти потпркне лепотанот таман и моево ќе биде малку поголемко и почуваме со часовиuser posted image Морам да земам возачка па последно да ми еuser posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Спонзоруши
9.10.2012 23:22:03   
Џесика
Ахххх спонзоруша- (е*е, е*е, е*е док не заработи, а во добар број случаи го зема за маж оној што и е најубав и најглуп,) куртизана, како сакате наречете ги и познативе се старлети, па немојте да мешате поими ви се молам user posted image све су оне старлете најпознате у целом свету БРЕ!!! user posted image
Ако зинам, два дена ќе пишувам, имам неколку такви во моја околина, некои се фини, некои си се кажуваат, кмичат по салони, се тинтраат се мазнат, лечат фрустрации по продавници, уствари оние што највише се „занасаат“ се најмизерните. Еве пример, една спонзоруша, поминала поминала, пола Македонија, фатила накај Косово, самата си кажува колку заработува и што све мора да љуби за паричките... си има БМВ, си пие кафе у Париз и Виена, рака на срце, девојката изгледа ТОПОВИ, и што е најчудно си има изјавено (кај изворот од кој го добив инфово) „си спечалив кола, си спечалив стан, си имам стабилна работа... е сега уште да си најдам дечко што добро ќе ме е*е и ќе си го средам животот“ отворено си ги кажуваше спонзорите, и за тоа колку некогаш и било гад да легне со тој (и ќоро и сакато и грбаво и старо)
user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 10:09:24   
Goddess*
mene pa najserizno mi se loshi user posted image pa od "muski sponzorushi"...go gledash tolkav maz zdrav,prav..se legaci,se tegaci po kafici nit rabota nit sabota..covekot teral hobi...ceka od familijata na zena mu da mu kupat da mi prostite "gaki"..a da ne pravime muabet shto ke naklepa deca..pa ceka baba dedo da gi ranat ...user posted image user posted image user posted image ...

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 10:28:28   
Cipi Ripi
Јас посочив пример,. Мм работи 17 години во радио, целиот живот му прошол со тие "старлети" и ги знае сите, јас ги знам сите "старлети", и веруј те луѓе за греота се. Они мене сите ми се дпказ колку убав живот живеам. Мизерни се, само тоа не се гледа пред камера.

Инаку кога се работи за убавината, еве јас ќе ви кажам дека мм ич не е убав, јас кога реков дека ќе се мажам за него сите ми викаа дека ќе бидеме убавицата и ѕверот, ме прашуваа дали е богат, дали сум трудна, ама ништо не беше така. Можеби тогаш ме збореа некои злобни души, ама се си пројде со тек на времето. Сега другарките ми викаат кај да најдеме маж добар како твојот.
Уште нешто, дајте дефиниција за СТАРЛЕТА!?

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 14:14:22   
Octavia
Старлета по светов е wanna be celebrity, најчесто глумица. Кај нас старлета е девојка од јавниот живот, најчесто без никакво занимање (или модел/манекенка, што во земја каде што нема модна сцена зборува многу само по себе...) која баш сака да се појаува и да биде видена. Имаат бившите ју-држави убав израз, „посвудуша“ user posted image . Спонзоруша нели не мора да е јавна личност, иако и таму ги има, богами многу. Не дека секоја девојка која има (по)богат дечко е спонзоруша. Ама дека девојчињава стануваат се поплитки во умот и не гледаат подалеку од мобилниот/ клучевите од кола/облеката на соговорникот, тоа е еден жален факт. Претпоставувам дека спонзоруша би била онаа која се впушта во врска (или се наметнува некому) со надеж дека од тој човек ќе има пред се финансиска корист, ќе искористи да поживее удобно дури не му здодее или дури не му ги потроши парите. Другар на мм кој имаше едно време вишок пари и мањак памет шеташе една наша јавна личност која отворено му бараше работи, ама најотворено, на пр. Ми треба клима user posted image , Ај најди ми компјутер за син ми, па овој зема од фирма на другар, а таа не му плаќа, овој се препотува дали да и рече, па едвај изустил, а таа него мртва ладна Па не му е поклон од тебе?!, па еднаш во продавница бираат некоја марка облека, за неа, за синот, си бира таа, дури и нему му нашла нешто демек Леле ова колку убаво ќе ти стои, и одат на каса со купот алишта и оваа чека тој да плати, а овој шокиран, ај да не испадне пеер user posted image плаќа... нејзина изјава „Јас сум вложувала во себе да изгледам вака, се ова кошта... “ user posted image . И успеа да искористи некое патување во странство, овој остана без пари, таа му се изгуби од животот, верувам на улица да го сретне нема да го поздрави. А да не кажам колку илјади евра му потроши за неколку куси месеци. А во јавност се прави дама и мислам дека тоа им е клучно за успехот. И си најде друг и се омажи дури. Тоа е најблизок случај што го знам, за други повеќе можам да претпоставувам, ама не да ги има... И спонзоруша може да биде и мажена девојка/жена, и таков пример имав кај на мм другар, ако е мажена нема гаранција за чесност (пошто гледам дека најчесто се зборува за слободни девојки тука). Ма секакви не има, секој колку му држи душата... и желудникот.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 14:23:48   
miana
Спонзоруша,хмммммм..Каролинче-ДАААаааа,Натали - ДАаааа/...Ама каролинче не ја влечат само богати туку и "лоши" момци нели?... Срцка таа..

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 10.10.2012 14:31:08 >

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 14:32:29   
Ikana
Е па истите тие момци што ги влечеле наведениве сега и други влечат помали девојчиња, што го учат занаетот.
Не знам искрено да ви кажам, секој со својот живот и своите маки.
И не ги прави општеството такви него такви си се програмирани...не може никој да ме убеди дека некоја го прави тоа бидејќи нема избор, мислам да не се лажеме, секогаш има избор, само најчесто девојчињава и жениве за кои зборуваме го прават погрешниот.
Од друга страна, таков спонзор па и не може некоја вистинска љубов да и даде, се е тоа шупливо и површно. Влечел тој девојки ко пејачкиве наши и после демек ќе падне на некое невино и младо девојче и ги гледаш на насловна на некој од таблоидиве наши демек они најсреќни. А всушност е се освен среќни...он по кафани, брка уште помали девојчиња од младата сопруга, и така тоа до неповрат.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 10.10.2012 14:34:05 >

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 14:32:58   
kikicka
Значи офтопици крај готово,не кажувајте што и ако треба да се прави и што се направило со темата и др.коментари.Кој има мислење за одредена тема нека пишува тоа што треба.



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 16:44:22   
Octavia
Да се надоврзам (ми тргна user posted image ) дека и јас не сметам дека се девојки кои од мака тргнале по тој пат. На мм другар му таа што го заглави е ќерка на познат човек во својата струка, ситуиран итн итн... па демек затоа и сметала дека заслужува повеќе од обична смртничка (колку што сфатив). А по медиуми се претргнуваше од муабети на пр. колку сака да плете user posted image , што месела... прва домаќинка user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 17:15:56   
Sandric
Vo kontekst na muabetov, preeska pred Bunjakovec parkirano na ulica edno zlatno BMW ama opasno besno i nekoj epten nov model.I pisti li pisti alarmot, pa ke prestane...pa pak zapistuva pa prestanuva i taka edno 5-6 patii jas pominuvam pokraj kolata i edna takva zbuneta, glupa kokona na suvozacko sediste stiska nekoj kopcinja vo panika ne mozev da razberam sto saka da napravii od nejade se pojavuva "decko i" i i vika so prais ma!!!
A toj da go videvte leleeee.....aj da ne navleguvam vo detaljiuser posted image user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Спонзоруши
10.10.2012 23:57:20   
Pepelaska *
Мене стварно не ми е јасно нешто, или јас сум премногу глупава или времево се има толку сменето???
Кога јас бев средно ( значи пред ете околу 7 8 години ) бев заљубена во еден дечко кој возеше југо , живееше во село , немам појм аколку пари имал, ама го сакав оти имаше преубави очи , едноставно си го сакав , ми беше убаво детето.Излеговме неколку пати , не ни помислував да гледам пари и слично.
Ниту пак кај мм сум гледала, и тој уште вози лада, сам се печали и прави.

А денес, слушам муабети оти девојчињата кога немале 300 денари за излегување оделе со кој ќе стасале?user posted image
МЕне стварно не ми е јасно, изгледам сум многу глупаuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 1:11:47   
amateuress
гледам тука освен што се спомнуваат општи поими, се спомнуваат и лични имиња, па си викам ај и јас да се вклучам во темата.
прво, за натали не знам, ама каролина е добростоечка, да не речам богата, од мала, а со оглед на тоа што работи од 10 години, најголем дел од нејзиното богатство сама си го има спечалено, што повеќе ја квалификува како спонзор, отколку како спонзоруша. повеќето од нејзините дечковци баш и ќарувале (во смисла на поблицитет) од тоа што биле со неа. тоа што повеќето исто така се дебили, би била тема на друг муабет.

друго, не ги гледам спонзорушите како жртви, ама во едно општество што има огромна тенденција да ја третира жената како предмет, појавата на спонзоруши е сосем логична. погледнете само еден блок реклами на тв, ќе ви стане јасно за што зборувам. секоја втора реклама е во најмала рака навредлива за било која просечна жена: на пр. рекламата за златен даб со јахтата, онаа на шпаркасе банка и онаа со дечкото што барбиката ја претвора во жена (плава, глупа и НЕМА). да не зборувам за тоа како изгледаат жените од музичките спотови од регионот (и светот), а пак турските серии ми се посебно болна тема: јаде ќотек од татко и, дечкото ја силува, ама она добра е ќути и трпи и не презема никаква акција, ама е убава и необразована, па на крај како награда некој богат ќе ја земе за жена. е а колку девојчиња кај нас гледаат по 5 такви епизоди дневно заедно со семејството, и што мислите какви модели на однесувње учат од нив. за индиските серии да не ни почнувам.

во главно општеството бара од жената да изгледа добро, да не зборува многу и главна работа да и е да купува и да се дотерува. жените што се јавни личности по друг основ се грубо навредувани врз оснава на низвниот изглед, а многу ретко врз оснава на нивната компетентност. силвана бонева е најмунка, рада е чавка, а весна бендевска имала секси усни... хелоу???

понатаму, ај запрашајте се самите што ви звучи поубаво да ве квалификуваат како феминистка или спонзоруша? некако ова првото не е баш секси, може после нема да може дечко да си фатите, а?

плус, мажите што се плеткаат со спонзоруши точно знаат што сакаат и што добиваат. немојте со тие муабети растурила брак, врска, му го свртела умот - демек тој полуретардиран, па првпат жена видел и не знае што прави. тоа што се растурило и онака веќе не функционирало. не се воопшто наивни мажите. на цела порнографија наоколу мислите дека некој ќе се збудали затоа што некоја многу добро пу*и? тоа си е бре, пазарен однос. тој меѓу другите скапи и убави предмети што ги има си купува и убава жена и е јак фраер, и за возврат ја финансира.

и исто така факт е дека често спонзорушите се жртви на насилство, баш лани едно девојче во унгарија беше силувано и претепано, и оставено да умре, зашто беше промискуитетна, па си решиле тие двајца (јаки фаци, функционери или бизнисмени) дека мора и со нив да спие, па кога не сакала ја претепале. имаше едно многу потресно видео во болница од девојката пред да умре, едната рака и беше ампутирана, во кое ги идентификува напаѓачите. а да, иначе тие беа ослободени, нели спонзоруша била девојката, па нема што да се бара правда за неа. понатаму што се случи не се информирав.

мене лично ич не ми сметаат, и не би нарекла спонзоруши, и мислам мислам дека како портал што е претежно користен од страна на жени, би требало малку повеќе да охрабруваме, отколку да осудуваме. вака некако му доаѓа дека сам себе го убијал. и да не се лажеме, скоро сите ги проценуваме партнерите, меѓу другото и по тоа каков им е и социјалниот и финансискиот статус, и тоа еден вид на пазарење, ама тука нема ништо лошо.

а кога светот ќе стане таков што во пракса ќе промовира образование и толеранција и слобода на избор наместо силиконски гради, нокти, усни, гзови на сите страни, и кога машки разголени тела еднакво ќе се користат за рекламирање на производи од типот на автомобили, ќе нема спонзоруши. сега засега, тие се есенцијален продукт на капитализмот.


и за крај еве ви една софистицирана реклама за тоа како општеството ја гледа жената.

user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 6:54:56   
Ikana
Два три пати ти го прочитав постот и се сложувам со тебе 99%.
Сепак во твојот пост никаде не наидов на тоа право на избор, за кое јас зборувам.

Значи за да бидеш спозноруша треба да избереш таков начин на живот...не ми е јасно како можете да мислите дека ете тоа им е наметнато од рекламите и од турските серии па и од однесувањето на славните личности во регионот. Боже мој, не сме веќе комунистичка земја па да не можеш да пуштиш Си Ен Ен, или ББЦ, или Дискавери па да се заинтересираш за нешто друго освен за трачеви, турски серии и слично.
Светот промовира толеранција и образование секојдневно, само кој да фати да учи! На толку универзитети, на толку виши школи, на толку програми за мастер и докторски студии, па не ме Ј*бите!
Друга работа ео кога такво девојче ќе заврши мастер студии или докторат ќе напише па си бара еднаков на себе, со кој може да разговара и да функционира на исто умствено ниво.
Точно, секаде во светот се промовира тој изглед со силиконите, колку само девојки ставаат штом наполнат 18, па да не речам секоја втора на запад. Ама немој да ме убедувате дека немаат право на избор. Немојте да ме убедувате дека таа не може да уклучи сијаличка над главата и да рече, чекај јас заслужувам подобро. Ако била барем малку паметна, ќе знаела дека заслужува подобро и немало да биде во таква ситуација, туку ќе се тргнела и ќе почнела да живее нормален живот. За случајот со девојчето од Унгарија конкретно ова.

Да не се заведуваме сега дека тука важи мотото со кој си таков си, мислам тоа е веќе мит.

Секоја девојка што има две чисти во главата, какво сака нека е општеството ќе застане и ќе си рече, ова не е правилно. Не ме убедувајте повторно дека немаат избор.

За да бидеш феминистка не ти треба многу во главата....само треба да се почитуваш себе. Јас знам неколку моќни жени кои патем изгледаат како од небо симнати...

И како за крај, еве зарем ние не сме опколени со турбо фолк манија, зарем не живееме на исто место ко нив, зар не ги гледаме истите реклами...? А сепак не сме спонзоруши. Ве молам не го генерализирајте на сите жени тој поим, бидејќи не е нормално денес да си спонзоруша на толкава глобализација и толкав извор на информации ко што е интернетот. Тоа е девијантна појава, и ствар на избор.

И како еден портал кој е претежно за жени, мислам дека не треба да бидеме толерантни за оваа појава ниту да ги охрабруваме ни под разно, бидејќи тука се ништи сето тоа за кое и јас и ти зборуваме, сета таа работа со образование и толеранција. Се надевам искрено ако некое девојче ја прочита темава ќе фати книга, а не да стане спозноруша. Во никој случај не треба да ги толерираме и охрабруваме, бидејќи они се тие кои ни го рушат имиџот на нас другите жени кои трошеле пари не на силикони него на добар факултет и уште подобар мастер и докторат.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 11.10.2012 7:04:36 >

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 7:22:19   
Ikana
Само сакав да додадам (не можам да си ја уредам пораката user posted image ) дека да беше спонзорството нормална појава, и да го охрабрувавме и да најдевме разбирање....ни под разно немаше да водиме јас и ти и другите членки ваква мултилатерална дискусија.

Второ, само кај нас се живее под имресија дека животот е порно филм. Јас кога го запознав мојот сопруг, прво нешто што ми кажа е дали се нормални девојкиве како се облекуваат?! Сум живеела и патувала низ Европа, никаде не наидов на девојчиња што се облекуваат како тие кај нас - на Балканот. Верувајте, излегуваат во фармерки, блејзер и добра чизма навечер. Бидејќи на запад таквото облекување се смета за провокација, и гарант ќе завршите или силувани или опијанети во нечиј туѓ кревет.
Не е животот порнич, немојте да си ги извртувате перцепциите, само кај нас така мислат луѓето.


< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 11.10.2012 8:03:05 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 7:55:53   
Ikana
Пак јас да се доискажам, простете!

На запад исто има такви појави колку сакаш, за викенд и ќоро и сакато се пијанчи, лежат по сопствени повраќаници и така натаму. Ама ни тоа не е нормално! Еве да не бидам толку строга со нашите, на запад се уште поголеми д....

Ама спонзоруша е начин на живот бре. Перцепција, ментален склоп, однос и изглед.
Зошто па ние да бидеме тие кои ќе ги снабдуваат западњациве со пи*иња и ќе трпиме неморален однос?
Пошто искрено западњак кога ќе дојде тука, мисли дека е Бог лично и дека може што сака да прави и да те купи за 100 евра. Ние им го дозволуваме тоа. Сами сме си криви.

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 11.10.2012 8:01:04 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 9:59:18   
Calypso
Секој си има приоритети во животот, и нормално дека тоа е право на избор. Спонзорушите (и машки и женски) се намножија во нашава ни држава, можеби поради ситуацијава во која што сме - криза де (и никако да излеземе од неа). Според мене, тоа се луѓе кои не сакаат да се мачат во животот, едноставно, сакаат да си добијат сè без да си го испотат газот. Такви луѓе имало и ќе има, во било кое општество, во било која држава, било која нација, вера, итн.
Велите дека е право на избор - точно, секој одлучува како сака да си го живее животот. Ама од друга страна, кога се чудите зошто тоа го прават млади девојчиња, кај им биле родителите - зарем не ни помислувате дека има родители кои свесно ги учат своите деца да станат такви?! Под изговор дека тие се мачеле во животот, па не мора и нивните деца низ тоа да поминуваат - водени од тоа, многу мајки свесно ги тераат ќерките да бараат богат маж кој ќе им овозможи добар живот. Сведок сум на многу такви примери во мојата околина, и за жал, нивниот број рапидно расте. Ретки се оние родители кои ги воспитуваат децата дека она што го стекнале со сопствен труд е послатко и повеќе ќе го ценат, ама за жал, кај нас трудот и способноста не се ценат, се ценат врските и парите.
Мене в лице ми беше кажано дека сум спонзоруша. Наводно не сум сакала да работам, па мм сум го терала да оди во странство да работи за да можам јас да уживам како кралица user posted image И погодете кој ми го кажа тоаuser posted image

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Спонзоруши
11.10.2012 15:42:01   
niki
sponzorusa ne mora da bide ni mlada ni ubava, tie imaat eden kvalitet mrzlivi se, ne se nauceni da rabotat, sakaat se nekoj drug da im servira

najgolema sponzorusa sto sum ja zapoznala vo zivotov e svekrva mi, nea ja sponzorira novopeceniot bogatas, zet od pastorka i...
taa samo falbi nize ko biseri, ni nejzinite sinovi ne i se dostojni vo sporedba so zetov, samo zatoa sto stom ke se vidat na eden den vo nekolku meseci odma frla evra tipov, da im zatvori usta da ne go maltretiraat, a ovie ko boga da go videle
parite strasno go zaslepuvaat coveka, i za zal se moze da se kupi denes
a najstrasno e koga mirot si go sakas a nekoj te ubeduva deka ne go zasluzuvas i deka treba da go platis

i od mene najstroga osuda za ovaa nenormalna pojava
i da uste ednas, se od roditelite pocnuva, kako ke si go vospitas deteto takvo ke ti bide, kakvi vrednosti ke mu vsadis od malo tie ke gi ima, kakov primer ke bides takov model ke ti prifati i deteto


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?