amateuress -> RE: Спонзоруши (13.10.2012 1:02:13)
|
два дена ве читам, никако да најдам време да се доискажам. во голема мера се согласувам со икана, и јас не бев доволно јасна, верувам во правото на избор и има голем број на примери што го потврдуваат тоа. но, од друга страна живееме во земја во која (скоро) единствените статуи на жени во оваа еуфорија на редење статуи низ скопје, се ШМИЗЛИ!!! тоа испраќа јасна порака дека кај нас ако сакаш нештпо да постигнеш, треба да си убава, дотерана и глупава. да не ве потсетувам дека во паркот жена борец, нема статуа на жена. иако ни на запад не е многу подобро, сепак барем се посуптилни во таквите пораки, а освен тоа гледам веќе и позитивни тенденции, особено што после кризиве жените почнуваат многу економски да зајакнуваат затоа што се пофлексибилни, и со тоа нивниот глас и мислење добиваат повеќе значење. а кај нас оваа сиромаштија води до чист невкус и кич на секое поле, па и на тоа. тие што имале среќа да пораснат во подобри услови обично не се оддаваат на вакви методи на преживување, ама има и многу девојчиња што се растени во многу сиромашни патријархални семејства, воспитувани да трпат и да молчат, и често се жртви и на домашно насилство. најлесен начин да избегаат од тоа им е да ги прифатат дадените норми поставени од тв и статуите по плоштад итн... иако сигурно тоа не е единствениот начин. другата, дури и поопасна опција со која се соочуваат е да се омажат со некој од својата средина, да го перат, пеглаат, му готват, средуваат, занимаваат, да му ги гледаат децата, и притоа да немаат нешто многу право на свое мислење, да бидат омаловажувани на многу начини, и понекогаш да си добијат и ќотече. е за оваа категорија на жени кај нас нема збор како спонзоруша, а не да е бројна, мислам дека 60 посто од жените кај нас се такви. тоа се жени без никакво чувство за сопстевна вредност, што мажот го прифаќаат како глава на семејството и поважен од себе, што за да добојат нешто од средината се служат со 300 подли и понижувачки трикови припишани на типичната женска „итрина“. тоа се тие што ќе ти ја оправдаат секоја усрана постапка на сопругот со реченицата, знаеш, маж ко маж. е ако мене некој ме прашува тие се уште полоши од спонзорушите. и што е уште пострашно, општеството охрабрува точно такво однесување кај жената, без разлика дали е интелектуалка, образована итн... ако јас треба да бирам меѓу овие две работи, одма ставете ме меѓу спонзорушите, таму барем си важат пазарните односи - толку пари, толку музика! а тоа за охрабрувањето, мислев дека треба да се охрабрат жените да се осмелат сами да заработуваат - јас лично работам од 21 год и мислам дека послатки пари од свои нема. да се охрабрат да ги развиваат своите способност и да видат дека тоа може да им донесе егзистенција - со интернетот сега веќе се станува полесно. и исто би требало да знаат дека имаат права и дека има каде да се обратат ако им треба помош. па и некоја неуспешна или разочарана спонзоруша ако се обиде да направи нешто и ако е добра во тоа, да биде охрабрена без разлика на своето минато. ете така, по 5 мин уште сто работи ќе ми текнат да пишам, ама доста гњавев. п.с. дајте невести да пиеме некое кафе, да си се изнаправиме муабет, да си олесниме, а не вака да пишуваме цели фермани по нетов :)
|
|
|
|