|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 16:16:48   
Beatris
Не можеме да ги гледаме работите како црни и бели! Постојат и родители (сум била сведок на такви ситуации), кои ќерките ги воспитуват со правила од овој тип - Ќе се дружиш со тој и тој, одбрано друштво, ќе гледаш родителите да им се интелектуалци, и да немаат доволно средства на децата им се купуваат коли и скапа облека само за да се вклопат во таа средина, за утре задутре кога ќе дојде ред за мажење да се земе некој од богатите кругови. Децата растат со такви и слични совети и дејствуваат во таква насока.

Образовани се да, вложувано е во нив, завршиле и факултети. Ама целта е да се улови добар (читај богат) маж. Потоа работата и образованието се ставаат во втор план, истото тоа девојче се сели по салоните за убавина, ги троши парите на мажот, се обезбедува себе си а и родителите! Како гледате на ова? Спонзоруша или не? Баш ме интересира

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 16:25:30   
Bilence2
Imav edna drugarka koja ne birase pametni deckovci tuku bogati. Koga go najde najbogatiot sto i se pogodi se omazi za nego i osnobaa semejstvo. Imaat dve kerkicki i funkcioniraat ok. Ednostavno iako prvicnata zamisla i bese ne se zaljubuvam vo nikoj sto ima pomalku od bmv zavrsi so pa so sekogo mozam da se navikanm da ziveam. Toj ednostavno ja obozava, taa podocna se zaljubi vo nego imaat odlicen brak. Zasega... Taa imase edna ogromna prednost- bese zavodliva, ubava, zgodna, pametna, dobro vospitana, strogo izrasnata i odlicna ucenicka vo medicinsko. Site ovie aduti gi iskoristi za da se omazi bogato, i uspea vo toa. Sega e i majka i domakinka , raboti kako med.sestra i ne i e vazno kolkava i e platata bidejki soprugot nosi dovolno i poveke od toa. Znaci pocna kako sponzorusha no zavrsi poinaku a podobro odkolku site ocekuvaa.
Mislam deka i celta na sekoja.sponzorusa e bas ova sto i se sluci na drugarka mi- samo sto ne zavrsuvaat site taka.

< Поракaта ја уредил Bilence2 -- 12.10.2012 16:28:17 >


_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 16:31:29   
niki
site si go birame drustvoto, kako i zivotniot partner
no,se zavisi po koi kriteriumi
ako edinstvena cel e da se najde bogat maz cii pari ke se trosat togas e sponzorstvo
djabe fakultetski diplomi ako edinstvena preokupacija ti se saloni za ubavina




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 16:34:54   
Bilence2
Zaboraviv uste da kazam, deka e 14 godini postar od nea i bese vo proces na razvod vo toa vreme koga trgnaa. Iskreno ne znam zosto se razvel od prethodnata zena, no vo brak se veke 11 godini.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 16:35:31   
Ikana
Одговор на постот на Беатрис:

Не знам искрено. Имам примери во фамилија што така растат деца. Јас не излегов таква, можеби поради родителите, можеби по моја заслуга.
Пишав погоре во еден пост, во стилот на ако таква заврши факултет и сака да има некој со кој ќе може да функционира на исто умствено и социјално ниво дека тоа е друга приказна. Оттука би рекла дека за мене ова не е спонзоруша.

Одговор на постот на Биленце2:
Имала среќа и што се заљубила во дечкото....баш филмски па штоuser posted image

Напишав јас за кого сметам дека е спонзоруша, мислам сега само ќе цепидлачам, имаше и убави примери дадено од сите. Не знам што да речам, имало и ќе има....
Туку ние како ќе ги воспитуваме нашите деца...


(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Спонзоруши
12.10.2012 17:11:18   
Bilence2
Kako da gi vospituvame? Koga bi imala kerka sigurno ne bi i rekla da rastura brakovi, da se siti na tugata nesreka i da ima zelba nekomu da mu go zgorci zivoto, tuku eenostavno da go poslusa svojot instinkt, razum i so svoite kvaliteti da osvoi covek so kogo bi se budela sekoj den, bi bila srekna i ke deli so nego i dobro i loso. Ne bi spomnala tuka bogat/siromav, bidejki i megu bogatite ima dobri luge koi baraat isto taka sopatnik za cel zivot a i megu siromavite ima losi i razvratnici, pijanici, kurvari... Obrazovanieto isto taka ne igra uloga, bidejki diplomata ne te pravi nitu pameten nitu covecen. E sega megu definiciite pogore najmnogu zboruvavte za onie ekstrrmnite sponzorushi koi cedat se dodeka ima no ovde definicijata e deka.samata taa e losa licnost koja kako tajfun sobira se pred sebe i ostava se rusvaj zad sebe. Ovie treba da se strelaat spored mene:) ne daj boze da ti se najde nekoja vakva na patot, a najmalku bi sakala moe dete da e takov tip na sponzorusha. Ako celta i e saloni za ubavina - pa i ne e loso nikomu loso ne pravi, no ako celta i e da napravi loso nekomu i da se nasiti od tugata nesreka e toa e slucaj za osuda i sigurno bi gi vosoituvala moite deca da gradat a ne da rasturaat nesto sto drug izgradil, da zemaat od ona sto im se nudi, a ne od toa sto veke pripaga nekomu.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Спонзоруши
13.10.2012 1:02:13   
amateuress
два дена ве читам, никако да најдам време да се доискажам.

во голема мера се согласувам со икана, и јас не бев доволно јасна, верувам во правото на избор и има голем број на примери што го потврдуваат тоа. но, од друга страна живееме во земја во која (скоро) единствените статуи на жени во оваа еуфорија на редење статуи низ скопје, се ШМИЗЛИ!!! тоа испраќа јасна порака дека кај нас ако сакаш нештпо да постигнеш, треба да си убава, дотерана и глупава.
да не ве потсетувам дека во паркот жена борец, нема статуа на жена.

иако ни на запад не е многу подобро, сепак барем се посуптилни во таквите пораки, а освен тоа гледам веќе и позитивни тенденции, особено што после кризиве жените почнуваат многу економски да зајакнуваат затоа што се пофлексибилни, и со тоа нивниот глас и мислење добиваат повеќе значење.


а кај нас оваа сиромаштија води до чист невкус и кич на секое поле, па и на тоа.
тие што имале среќа да пораснат во подобри услови обично не се оддаваат на вакви методи на преживување, ама има и многу девојчиња што се растени во многу сиромашни патријархални семејства, воспитувани да трпат и да молчат, и често се жртви и на домашно насилство.

најлесен начин да избегаат од тоа им е да ги прифатат дадените норми поставени од тв и статуите по плоштад итн... иако сигурно тоа не е единствениот начин.

другата, дури и поопасна опција со која се соочуваат е да се омажат со некој од својата средина, да го перат, пеглаат, му готват, средуваат, занимаваат, да му ги гледаат децата, и притоа да немаат нешто многу право на свое мислење, да бидат омаловажувани на многу начини, и понекогаш да си добијат и ќотече. е за оваа категорија на жени кај нас нема збор како спонзоруша, а не да е бројна, мислам дека 60 посто од жените кај нас се такви. тоа се жени без никакво чувство за сопстевна вредност, што мажот го прифаќаат како глава на семејството и поважен од себе, што за да добојат нешто од средината се служат со 300 подли и понижувачки трикови припишани на типичната женска „итрина“. тоа се тие што ќе ти ја оправдаат секоја усрана постапка на сопругот со реченицата, знаеш, маж ко маж. е ако мене некој ме прашува тие се уште полоши од спонзорушите. и што е уште пострашно, општеството охрабрува точно такво однесување кај жената, без разлика дали е интелектуалка, образована итн... ако јас треба да бирам меѓу овие две работи, одма ставете ме меѓу спонзорушите, таму барем си важат пазарните односи - толку пари, толку музика!

а тоа за охрабрувањето, мислев дека треба да се охрабрат жените да се осмелат сами да заработуваат - јас лично работам од 21 год и мислам дека послатки пари од свои нема. да се охрабрат да ги развиваат своите способност и да видат дека тоа може да им донесе егзистенција - со интернетот сега веќе се станува полесно. и исто би требало да знаат дека имаат права и дека има каде да се обратат ако им треба помош. па и некоја неуспешна или разочарана спонзоруша ако се обиде да направи нешто и ако е добра во тоа, да биде охрабрена без разлика на своето минато.

ете така, по 5 мин уште сто работи ќе ми текнат да пишам, ама доста гњавев.

п.с.
дајте невести да пиеме некое кафе, да си се изнаправиме муабет, да си олесниме, а не вака да пишуваме цели фермани по нетов :)



(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Спонзоруши
13.10.2012 17:12:13   
niki
treba da se ohrabrat i mazite da se naucat deka ljubov i sreka so pari ne se kupuvaat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Спонзоруши
13.10.2012 21:45:01   
Џесика
Мислам дека малку се измешаа поимите „спонзоруша“ и „материјалистка“ user posted image се претопија... спонзорушата само цица а не се мажи, макар тоа било стар, млад, грд, во брак или пред умирање... покасно ќе навлегувам во детали, немам време сега user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Спонзоруши
14.10.2012 8:43:50   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

treba da se ohrabrat i mazite da se naucat deka ljubov i sreka so pari ne se kupuvaat


i sex zaboraviv da napisam

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Мислам дека малку се измешаа поимите „спонзоруша“ и „материјалистка“ user posted image се претопија... спонзорушата само цица а не се мажи, макар тоа било стар, млад, грд, во брак или пред умирање... покасно ќе навлегувам во детали, немам време сега user posted image


auf, definitivno sum konzerva, ne znaev deka imalo olku vidovi i podvidovi na zeni
se mazela ne se mazela ako koristi materijalni dobra vo cie ostvaruvanje ne doprinela mene mi e isto


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Спонзоруши
25.11.2012 16:42:14   
Pepelaska *
Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат:
По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скут:
- Па кај си љубов моја, те нема да ми се јавиш, немаш дојдено кај мене една недела, кога ќе се видиме? Jави ми, те молам... станува и си оди...
Жената: - Која ти е оваа!?
Мажот мртов ладен одговара: - Швалерката.
Жената шокирана: - Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод!!!
А мажот : - ОК! Утре добиваш развод, но сфати го следново - кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи коли, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани... Жената замолчува.
После неколку минути во ресторанот влегува нивен познаник, но не со жена му, туку со згодна девојка.
Кога го видела ова, жената го прашува маж и: - Која му е онаа?
На тоа мажот одговара:- Неговата швалерка!
А жената:- НАШАТА Е ПОУБАВА!

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Спонзоруши
4.12.2012 10:27:13   
miana
Приказната за една спонзоруша

Млада Американка одлучува да си најде богат маж објавувајќи пост на онлајн бизнис форум. За многу кратко време добива одговор од генералниот финансиски директор на корпорацијата Џ.П. Морган, лично. Типот е брутално искрен!
Девојката:

„Ќе бидам искрена во сè што ќе напишам овде. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Сакам да се омажам за човек кој заработува најмалку 500.000 долари годишно. Можеби мислите дека сум алчна, но според мене заработката од милион долари годишно во Њујорк спаѓа во средна класа.

Моето барање е разумно, Дали на овој форум има некој со годишна плата од 500.000 долари, а да не е оженет? Ако има, за него имам едно прашање: Што треба да направам за да се омажам за тебе? Оние кои досега ги запознав заработуваа максимум 250.000 долари годишно и тоа изгледа е мојата горна граница. Ако некој сака да се пресели во резиденцијалниот кварт во западен Њујорк, 250.000 долари едноставно не му се доволни.

Затоа, овде понизно поставувам неколку прашања:
1. Каде најчесто се дружат богатите ергени? (наведете ми адреси на баровите во кои излегувате)
2. Која старосна година треба да ми биде таргет?
3. Зошто повеќето сопруги на богаташите имаат просечен изглед?
4. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга, а која само девојка?

Госпоѓица Прити”

Директорот на Џ.П. Морган:

„Го прочитав твојот пост со голем интерес. Постојат многу девојки со слични прашања како твоите. Дозволи ми да ти одговорам од професионален агол. Мојот годишен приход е поголем од 500.000 долари, што ги задоволува твоите потреби.

Од аспект на деловна личност, одлуката да се оженам со тебе би била лоша. Да ги оставиме деталите на страна и да се обидеме на тоа да гледаме како на размена на 'убавина' за 'пари'. Личноста А нуди убавина, додека личноста Б таа убавина ја плаќа со пари.

Меѓутоа, овде постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе исчезне, но моите пари нема, барем не од некоја сериозна причина. Факт е дека мојот приход може да расте од година во година, додека ти од година во година тешко дека ќе стануваш поубава.

Затоа, од економска гледна точка, јас инвестирам во имотот, а ти го амортизираш. Ако твојата сопственост е само убавината, таа за 10 години нема да вреди ништо. Со речникот на Вол Стрит, секоја трговија има почетна точка, а состанокот со тебе е 'точка на почетокот на трговија'.

Ако падне трговската вредност на нешто, ние тоа ќе го продадеме бидејќи не е добра идеја да се чува долгорочно нешто што пропаѓа. Можеби ова ќе ти звучи грубо, но заради пропаѓањето на твојата убавина, бизнисмен би те продал или би те дал под 'закуп'.

И пази девојко, оној кој заработува 500.000 долари годишно не е будала. Можеби ќе излезе со тебе, но нема да те земе за жена. Би те советувал да се откажеш од својата потрага по богат маж. Инаку, и самата можеш да станеш успешна и да заработуваш 500.000 долари годишно. Поголеми ти се шансите за тоа, отколку да се омажиш за богата будала!"

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Спонзоруши
4.12.2012 10:41:48   
niki
user posted image bas ubavo i rekol, koncizno i direktno, duri i premnogu ljubezno


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Спонзоруши
4.12.2012 23:16:12   
Bilence2
Tipov na broker mi lici:) ne se naivni tie...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Спонзоруши
13.3.2013 6:40:16   
arh_diz
Mora sekakvi da ne imauser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 115
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?