Octavia -> RE: Иднина за два сина (9.10.2012 11:26:30)
|
Мене прво ми боде очи насловов на темава, демек два СИНА; а ако се син и ќерка само за синот треба да се мисли? [sm=zmeden.gif] Или две ќерки? Јас имам син и ќерка и никогаш не би помислила дека на синот треба да му обезбедам нешто, а ќерката да е туѓа грижа. Темава би требало да гласи Иднина за две деца, најсериозно (или Обезбедување иднина за две деца). Не знам колкави се децата, значи ако се мали, премногу е рано да им се решава судбината уште сега. Имам пример на човек кој заглавил да прави куќа од 300 квадрати, на 3 спрата, за него и за децата по еден спрат, а сега ниту едно не живее таму и плус куќата е во помал град каде што цените на куќите се ниски, па не му се исплати ни да ја продаде... И ако децата се помали, веројатно е попаметно парите што се имаат како кеш да се инвестираат за да се зголеми сумата, дали во банка дали во инвестиции и сл. важно да се искористи времето и да се зголеми сумата, а после, во далечна иднина, лесно е да се изгради спрат или да се купи станче, зависи какви ќе им бидат плановите.
|
|
|
|