pacuvce -> RE: Пушење (30.12.2009 9:58:54)
|
Пушењето ќе биде казниво и на Нова Година Инспектори на новогодишната прослава ќе ги санкционираат угостителските објекти. Ќе се делат казни по полноќ доколку се пуши во кафулињата, рестораните, дискотеките. Од први јануари стапува на сила законот за забрана за пушење. Со измените во овој закон покрај тоа што беше и се уште е забрането пушењето во затворените делови, сега се забранува и во летните тераси на угостителските објекти. Предвидени се ригорозни казни за правните лица од 2.500 до 4.000 евра, а за граѓаните од 150 до 300 евра. „Не е исклучена можноста дека и од први јануари веднаш ќе бидат на терен. Сепак акциите остануваат во тајност“, изјави Сашо Јакимовски, директор на пазарна инспекција. На денешната средба помеѓу министрите за економија и здравство, беше формирано координативно тело кое ќе го имплементира законот. Османи најави дека целта на законот е да се намали бројот на пушачи во земјава која е втора во Европа по бројот на граѓани кои пушат. „Во Македонија речиси половината од граѓаните се пушачи. Се испушуваат 11.000 тони цигари, што значи по глава на жител 5,5 килограми цигари годишно“, вели Бујар Османи, министер за здравство. Граѓаните со поделени ставови околу новиот закон. „Па и треба да се забрани. Има луѓе ги гушат. Ќе излезеш надвор вака и ќе си пушиш“. „Јас го поддржувам потполно законот“. „Не е реално. Некој стварно не може без цигара“, велат анкетираните граѓани. Македонија го воведува законот кога во повеќето европски земји неуспешно беше имплементиран. Србија денеска се откажа од воведување на забраната, а во Хрватска законот за забрана за пушење за само пет месеци доживеа крах. Кај нас кафеанџиите и пушачите веќе реагира и побараа одложување на законот, одговорот го добија од инспекцијата - примената почнува на точно полноќ кога часовникот ќе ја означи новата година. ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ Jas velam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] za ova bidejki sum nepusac...Ama ne znam kako ke go prifatat toa pusacite???Bas me interesiraat nivnite komentari!!!
|
|
|
|