|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пушење
9.12.2009 12:32:51   
profesorica
user posted image user posted image user posted image е така треба!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Пушење
30.12.2009 9:58:54   
pacuvce
Пушењето ќе биде казниво и на Нова Година

Инспектори на новогодишната прослава ќе ги санкционираат угостителските објекти. Ќе се делат казни по полноќ доколку се пуши во кафулињата, рестораните, дискотеките.
Од први јануари стапува на сила законот за забрана за пушење. Со измените во овој закон покрај тоа што беше и се уште е забрането пушењето во затворените делови, сега се забранува и во летните тераси на угостителските објекти. Предвидени се ригорозни казни за правните лица од 2.500 до 4.000 евра, а за граѓаните од 150 до 300 евра.
„Не е исклучена можноста дека и од први јануари веднаш ќе бидат на терен. Сепак акциите остануваат во тајност“, изјави Сашо Јакимовски, директор на пазарна инспекција.
На денешната средба помеѓу министрите за економија и здравство, беше формирано координативно тело кое ќе го имплементира законот. Османи најави дека целта на законот е да се намали бројот на пушачи во земјава која е втора во Европа по бројот на граѓани кои пушат.
„Во Македонија речиси половината од граѓаните се пушачи. Се испушуваат 11.000 тони цигари, што значи по глава на жител 5,5 килограми цигари годишно“, вели Бујар Османи, министер за здравство.
Граѓаните со поделени ставови околу новиот закон.
„Па и треба да се забрани. Има луѓе ги гушат. Ќе излезеш надвор вака и ќе си пушиш“.
„Јас го поддржувам потполно законот“.
„Не е реално. Некој стварно не може без цигара“, велат анкетираните граѓани.
Македонија го воведува законот кога во повеќето европски земји неуспешно беше имплементиран. Србија денеска се откажа од воведување на забраната, а во Хрватска законот за забрана за пушење за само пет месеци доживеа крах.
Кај нас кафеанџиите и пушачите веќе реагира и побараа одложување на законот, одговорот го добија од инспекцијата - примената почнува на точно полноќ кога часовникот ќе ја означи новата година.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Jas velam user posted image user posted image user posted image  za ova bidejki sum nepusac...Ama ne znam kako ke go prifatat toa pusacite???Bas me interesiraat nivnite komentari!!!

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Пушење
30.12.2009 10:14:16   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image i jас сум за ова

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Пушење
30.12.2009 10:17:03   
arh_diz
Jas neveruvam deka zakonot ke izdrzi dolgo. No go podrzuvam zakonot taka treba

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Пушење
30.12.2009 10:20:31   
Mila na mama
Јас ептен го поддржувам законот. Мразам да јадам и некој од соседната маса да ми чади.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Пушење
30.12.2009 10:27:46   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Јас ептен го поддржувам законот. Мразам да јадам и некој од соседната маса да ми чади.


потпишувам милион пати!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Пушење
30.12.2009 10:31:41   
biljana16
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Јас ептен го поддржувам законот. Мразам да јадам и некој од соседната маса да ми чади.

А сега во бременоста мора да избегнувам да одам во кафичи и ресторани затоа што многу ми смета чадот.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Пушење
30.12.2009 10:37:53   
Еца
Дефинитивно сум ЗА да успее законотuser posted image Дури мм вика од јануари ќе ги оставам цигарите, а и не одам веќе во кафаниuser posted image а јас се церекам и викам што убаво со еден удар две мувиuser posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 30.12.2009 10:38:21 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Пушење
30.12.2009 12:38:36   
tati
toj sto si pusi pak ke cadi kaj ke stigne, nie sme si takov narod, inat nevidenuser posted image
eve edna slucka od pred nekoj den:pred zgrada komunalni inspektori se raspravaat naveliko so sredovecen covek(mi bese sram da idam do kaj niv da vidam za sto stanuva zbor)samo jasno slusnav kako covekot drsko im vika:PISI BRATE, NEMOZES DA NAPISES TOLKAVA KAZNA KOLKU STO JAS MOZAM DA PLATAM user posted image

taka da, zakonite tesko idat vo nasava drzavicka, samite nie ne gi izvrsuvame
inaku sum ZA zabrana na pusenje

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Пушење
30.12.2009 12:58:07   
Bogdancanka
еве јас сум пушач али кај јадам не пушам,а ако одам на кафе во некое кафуле пушам, а за законот тешко дека ќе се оствари

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот tati)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Пушење
5.1.2010 9:05:13   
profesorica
Забраната за пушење во одредени локали низ земјава не се почитува во што можеа да се уверат лично и репортерите на Макфакс. И покрај тоа што инспекторите викендов спроведоа контроли на локалите досега не е изречена ниту една казна.  

Во чајџилниците во скопски Чаир цигари се палат какo воопшто да не е стапен во сила законот, а келнерите не ги предупредуваат гостите дека пушењето е забрането.

При вечерната шема на 1 и 2 јануари во Скопје во кафулињата "Чао" и "Сегафредо" и покрај предупредувањата од персоналот и обезбедувањето можеа да се затекнат гости што пушат во тоалетите.

Кафулињата во скопско Дебар Маало го почитуваат законот, а на масите неможат да се затекнат ниту пепелници. И во кафитеријата "Фонтана" во трговскиот центар Мавровка, каде најголемиот дел од гостите се студенти законот се почитува неодложно. Угостителите од Мавровка се жалат на намален промет и протестираат против воведувањето на законот.

Во т.ц. Бисер и Три Бисери во Аеродром гостите излегуваат надвор од локалите за да запалат цигара. Репортерот на Макфакс јави дека при разговорот со сопствениците сите се пожалиле на пад во прометот.
Забраната за пушење не се почитува ниту во чајџилниците во Куманово. При обидот да дознаеме дали го почитуваат законот сопствениците веднаш забрануваа било каков разговор на таа тема. Во една чајџилница и еден ресторан на репортерот на Макфакс не му беше дозволено да фотографира.

Од друга страна во едно од култните кумановски кафулиња “Кенди” кое работи веќе 20-ина години, велат дека строго се почитува законот но се соочуваат со голем пад во прометот, а бројот на гостите се намалил за 30 отсто.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Пушење
5.1.2010 9:13:11   
jovanka
Bravo za zakonot i negovata primena barem do sega 100% uspesna.Samo da ne bide sekoe cudo tri dena pa pu-pu ne vaziuser posted image .

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Пушење
5.1.2010 9:18:23   
Еца
Да одлична работаuser posted image Баш пред некој ден мм со двајца другари се договараат да одат на скара и се враќа вечерта измрзнат, се тресе, му викам што ти е, а тој: -епа си купивме скара и бевме кај едниот другар во куќата што ја прави таму седевме, нели не може да се пушиuser posted image ако ако, да видиш дали нема да се научат на ред. Туку тати, тој имал, има и некој друг, ама трет нема верувај. Затоа што поголеми казни толку посовесни грагани. Поинаку како што и самата кажа со инат- народ не може.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Пушење
5.1.2010 9:22:41   
profesorica
мислам дека некои пушачи се толку страсни што ништо неможе да ги натера да не пушат.ризикуваат...

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Пушење
5.1.2010 9:28:48   
ananikol
Jas bev pusac 21 cela godina-bez prestan.Se opeirav i od krajnici i tretiot den propusiv....user posted image .Strasen pusac a so toa i kafedzija,epten znaev i po 20 kafinja da ispijam vo tekot a denot.Utroto mi pocnuvase ne so dorucek ami so polna solja za mleko kafe i 3-4 cigari,na krajot pocnav i po dve kutii..
Se do lani,dekembri..sinceto pocna da mi pokazuva na you tube uzasni raboti..i da me moli;mamicke zarem i jas da ostanam bez majka...i sega mi se place dur pisuvam.Za radi  nego resiv da probam prv pat vo zivotot da gi ostavam cigarite i mm bese podrska..so parite za cigari da si kupuvam so sakam.5 evra kutijata x 30 dena=150 evra.Na pusac ne mu se bitni parite...
Probav i uspeav,eve veke 1 godina i 1 mesec ne pusam user posted image
Sin mi se oseka gord radi svojata misija...user posted image

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Пушење
5.1.2010 9:33:07   
mis.
Давам голема подршка на законот и се надевам ќе профункционира нема да биде како што кажа некој погоре секое чудо за 3 дена.Во суштина не знам и зошто се произведува тој тутун но не е важно битно е дека ќе дишам чист воздух.
Ме интересира дали некој од вас би пријавил лице кое пуши цигара во иста просторија со вас,ужасно ви смета а ви е доста близок?

Ананикол user posted image user posted image user posted image секоја чест мислам дека сите го можат тоа само треба цврста воља.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Пушење
13.1.2010 16:25:29   
April
Трпе влегува дома и уште невлезен пали цигара. Од таму Трпана се дере: - Уште ли бе пушиш, гаси тоа отровот! А Трпе и враќа: - Ако ти смета, оди си во кафич! user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Пушење
13.1.2010 16:26:24   
April
Едно големо БРАВО за новиот закон user posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Пушење
14.1.2010 0:01:50   
nutelizza
Ја па таман ич не се сложувам со новиот закон user posted image Не дека многу ке ме погоди зашто не сум страствен пушач или шетам често ама многу ми е задоволство кога ке излезам со своите пријатлки да испијам кафе и испушам по една-две цигара

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Пушење
14.1.2010 0:25:23   
nadica
i jas ја поддржувам забраната за пушење бидејќи бев пушач половина живот но мислам дека сепак треба да има локали каде што се пуши како кафе барови дискотеки... а да не се пуши во ресторани

но ова е само мое мислење

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Пушење
20.1.2010 21:54:09   
Еца
колку за информација, законот попушта, па пратениците ќе го менуваат законот.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Пушење
20.1.2010 21:58:06   
mother 29
tolku dosta mue ...cel mesec skoro..auu mnogu da ne mue!!!!!!user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Пушење
20.1.2010 22:00:44   
April
глупости

само да не попуштат и внатре да се пуши user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Пушење
21.1.2010 8:12:15   
profesorica
аууу вчера бевме на слава и ние мислевме ќе се пуши ама се воздржуваа луѓево дали дека со мало дете.ама па и славеничката има бебе и откако сме си отишле само што сме станале 20 цигари во исто време запалиле.свекор ми и свекрва ми викаат леле пушница кога се направи абе не се гледавме од чадuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image БЉААААК  и станале одма си отишле.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Пушење
2.5.2010 22:16:58   
Bogdancanka
Гените се виновни за пушењето?!
Пушачите кои не се во состојба да го намалат бројот на дневно испушените цигари или потполно да ги остават цигарите, за ова може да ги обвинат своите гените, велат британските и исландските научници.
Истражувачите од University of North Carolina, нивните колеги од Oxford University и од исландската компанија deCODE идентификувале три генетски мутации кои доведуваат до зголемување на бројот на дневно испушени цигари.

Истовремено, откриени се уште неколку гени кои имаат клучно влијание врз напорите за откажување од цигари.
Резултатите од студијата, во која учествувале 140.000 испитаници се објавени во магазинот „Nature Genetics“.

Новооткриените мутации се сместени во делот од ДНК-та каде се наоѓаат гените поврзани со зависност од никотин и зголемениот ризик за заболување од рак на белите дробови.


што мислите за ова user posted image можеби и кај мене има некој ген што сум зависник од пушењеuser posted image или добар изговор гените се криви не јасuser posted image user posted image user posted image



_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?