RE: Незгодни прашања (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Згоди и незгоди



Порака


Felly RR -> RE: Незгодни прашања (28.1.2012 10:57:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Offff gi imalo mnogu no aj ova ke go izdvojam:
-mamo bebinjata doagjaat od stomaceto na majkite-vika sin mi
-bravo sine mamino pametno,bash taka bebinjata doagjaat od stomacite-vikam jas
-a mamo a neznam samo kako vleguvaat tamu vo stomakot -on prashuva
-odi obleci si gi pizamite sine-JAS!!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77

Син ми уште е бебе за да ме праша нешто, но кога го чував внукот го имаше она бескрајното А ЗОШТО? за се што ќе се случеше. Најчесто беше барање причина за нечие човечко однесување, зашто децата многу повеќе ги чувствуваат другите луѓе отколку ние возрасните. 





Snowhite RR -> RE: Незгодни прашања (30.1.2012 19:37:30)

Леле не ми се верува, уште сега детево почнува да ми поставува незгодни прашања, вчера ми ја трга блузата и ме прашува Мамо шо е ова? Па му кажував дека од тука бебиња цицаат млеко, дека и тој оттука пиеше млеко кога беше бебе, а тој ми вика Даа, пијав чај[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Исто пред некој ден влезе со мене во купатило и никако не сакаше да излезе, а мене многу ми се одеше во ВЦ и видов не видов пред него си завршив работа и кога се облекував и ме гледа долу дека немам куре и ме прашува Шо е ова?
Па како да му објаснам на 2 годишно дете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Simona_k -> RE: Незгодни прашања (5.1.2013 17:51:13)

хахахахах сите се добри леле срцки убави ме изнасмеавте...
Еве јас имам синче 2год и 4 месеци почна да прикажува некои гестови интересни на пример:
си игра со диносауруси,си ги крстил овој Тино,мама,тате...Нешто ги доближува мама и тате (саурусите)го прашувам што прават мама и тате?а на тоа ми вика се гушкаат и бацуваат[sm=zmeden.gif]
И уште еден пример секојдневен:бремена сум (влагам во 7ми)и веќе убаво ми се познава стомакот,цело време ми го бацува стомакот покажува како ќе го гушка бебето,а што е најинтересно кога ке се најаде му се надувува стомакот(зошто си е мешлаче) и доаѓа ние да му го бациме мешето зошто и он имал бебе...Секој ден му објаснувам дека неможе да има бебе,ама он е убеден дека има[sm=smiley36.gif] мал е ќе разбере...[sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Незгодни прашања (6.1.2013 0:37:41)

Н: мамо, ти си женско и ти ме роди мене како женско, така?
јас: да мама
Н.: епа сега речи му на тато да ми роди едно братче! он е машко и машките раѓаат братчиња!

Логиката на ќерка ми. И и објанив дека тато не може да роди бебе, и ме праша ЗОШТО?




Pepelaska * -> RE: Незгодни прашања (6.1.2013 12:33:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


Исто пред некој ден влезе со мене во купатило и никако не сакаше да излезе, а мене многу ми се одеше во ВЦ и видов не видов пред него си завршив работа и кога се облекував и ме гледа долу дека немам куре и ме прашува Шо е ова?
Па како да му објаснам на 2 годишно дете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Како на голем човек да објаснуваш [sm=smiley1.gif].И Мартин иде со мене некогаш во вц и ме прашува кај ти е курето.
А исто еднаш бевме на гости и таму го преслакаа девојчето негова врсничка и тој се нацрта таму[sm=smiley36.gif] за да праша кај и е курето на Ивана.[sm=smiley36.gif]Оттогаш му објаснувам дека машките како него како тато имаат куриња а мајките и девојчињата како Ивана немаат туку имаат друго нешто.Мислам дека е мал уште да разбере дека има машки и женски род и дека имаат различни тела но бидејќи црпката му фаќа повеќе отколку што мислам јас[sm=smiley36.gif] мора да му кажувам така како што е навистина.




marchi -> RE: Незгодни прашања (16.11.2013 1:27:31)

[sm=smiley36.gif] e bas ste me iznasmeale [sm=bravo.gif]




Snowhite RR -> RE: Незгодни прашања (16.11.2013 19:03:29)

Еднаш М ме праша Мамо што е ова? и ми покажува на тестисите. Леле не знаев стварно како да му кажам. Му кажав, ама му реков дека е срамота и дека пред други не треба да спомнува




lukajana RR -> RE: Незгодни прашања (16.3.2015 22:35:55)

Кога бев бремена Лука ме праша еден ден како бебето се нашло во стомакот,јас не знаев што да му кажам а за да не го мавтам му викам мајката и таткото кога многу се сакаат и кога ке се гушнат во стомакот на мајката се создава бебе.И тој стои ме гледа сериозен и ми вика што зборуваш ти ништо не разбираш јас ке си го прашам тато ова се машки муабети.Се смеев три дена .[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Незгодни прашања (20.10.2015 10:57:28)

Со Тина веќе сме во фаза кога ја интересираат разлики меѓу половите. Знае што е машко и каков полов орган има, и знае што е женско и женски полов орган.
Знае и од каде ги вадат бебињата - и кажав од дундето, а не прашала како доаѓаат во меше.
Многу и се интересни моментите со бакнување - ако види сцена на тв каде се бакнуваат во уста, па јас веќе извесно време се трудам да најдам соодветен начин како да и објаснам кога и кој се бакнува во уста.
За сега се убеди дека кога се мажат/женат, тогаш смеат да се бакнуваат на тој начин, и овој став до негде ми е ок, за да не си земе премногу слобода - во градинка се случува да ми каже дека се бакнале машко и женско во уста. Објаснувам дека така се пренесуваат бактерии и се разболува, но од друга страна ми е страв да не и створам па некоја фобија од бакнеж....и јас сум ептен збунка по ова прашање.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]