RE: Дали верувате во натприродни појави? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто

Порака

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:12:54)

Бидејќи ние самите имаме слободна волја, а со тоа и избор. Ако некој умре од рак, сигурно пушел или живеел нездраво или бил подложен на нездрава околина, се заразил итн...што би значело дека сам е одговорен за својата ситуација. Но што е со несреќите, со земјотресите?

Не ги мешајте поимите на човекова волја и натприродна сила.

Конкретно за Маца случајот јас мислам дека имала огромна среќа и огромна волја за живот.

Уште помалку можеме да забраниме на некој да верува во натрприродна моќ, Господ или нешто трето. Молитвата е начин на кој самите се поттикнуваме нешто да направиме во врска со својот живот. Не за џабе рекле помогни си сам па ќе ти помогне и Господ. Ја црпиме силата од тие верувања, се одржуваат човековите морали како и самата човечност.
Јас лично не верувам во човекот и неговата свест, од проста причина што човекот не е совршен па се да знае.
А да не зборуваме дека ние инстинктивно сме програмирани да се здружуваме во групи за да преживееме, оттаму и општеството. Човекот не ја створил галаксијата ниту пак универзумот, па да го сметаме за семоќен. Некогаш работите се надвор од наша контрола и тоа е тоа. Не може секогаш да ја имате контролата врз својот живот во свои раце, типичен пример е тој на Маца.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:33:23)

jas ne zabranuvam nekoj da veruva, no ete nekoi veruvanja ne mi se jasni
ne e isto da pusis i dobies rak so dete koe ne ni znae sto e pusenje pa pak dobiva rak
kade e vo vtoriov slucaj natprirodnata sila
ili vo slucajot na maca, zosto natprirodnata sila ne ja spasila pred da i se sluci nesrekata tuku i teknalo da ja spasuva potoa? ete ova bas bi sakala da go znam, da mi go objasni nekoj koj veruva
ako veruvam vo covekovata svest ne veruvam deka covekot e semoken nitu sovrsen, bas naprotiv
no veruvam deka svesen covek za svoite greski moze da stane podobar covek
i isto veruvam deka sekogas a ne nekogas rabotite se von nasa kontrola
nie kako edinki mozeme da odbereme namesto so kola na rabota da pojdeme pes
a nekoj drug na pesacki premin moze da odbere da ne stisne na kocnica i da ne pregazi
mene tuka mi e kriv covekot koj napravil takov izbor a ne zamisleni losi sili

Џесика -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:33:40)

Во последно време почнав да се интересирам за тоа колку човекот може-не може и колку е свесен за тоа... муабетот ќе отиде до масоните [sm=smiley36.gif] човекот не е семоќен ама голем процент од способностите ни се неоткриени, неискористени. Муабетот ми е конкретно за астрална проекција. Човекот е способен за многу повеќе, и се предвидува дека после оваа година, човештвото ќе достигне повисоко ниво на ментални способности. Се повеќе народов се интересира и се ангажира да дознае, да се обиде, да успее, почнуваат со медитации, завршуваат со астрални проекции... некако ми е измешано и мене, ми се коси тезата- „библија-наука“ и ко во бунило сум... верувам во Бог, иако научнициве се обидуваат да ги побијат досегашните библиски легенди... Верувам многу во натприродните појави, соновите настрана, кажуваат многу, меѓутоа тоа е потсвест, не е ништо натприродно...

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:40:20)

Не се разбравме убаво. Форум е, нормално е[sm=smiley1.gif]
Убав пример даде, дете кое заболува од рак. Е тука кој е одговорен?

Искрено верувам во некоја секвенца, во некој тек на настаните. Во некоја природна селекција, во некоја шема. Мислам каков избор имаме? Да веруваме во хаосот или во некој ред (било каков?). Во тој случај разговараме за многу поинакви работи од натприродни сили. Разговараме за општество и за поредок.

Џесика -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:41:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

jas ne zabranuvam nekoj da veruva, no ete nekoi veruvanja ne mi se jasni
ne e isto da pusis i dobies rak so dete koe ne ni znae sto e pusenje pa pak dobiva rak
kade e vo vtoriov slucaj natprirodnata sila
ili vo slucajot na maca, zosto natprirodnata sila ne ja spasila pred da i se sluci nesrekata tuku i teknalo da ja spasuva potoa? ete ova bas bi sakala da go znam, da mi go objasni nekoj koj veruva
ako veruvam vo covekovata svest ne veruvam deka covekot e semoken nitu sovrsen, bas naprotiv
no veruvam deka svesen covek za svoite greski moze da stane podobar covek
i isto veruvam deka sekogas a ne nekogas rabotite se von nasa kontrola
nie kako edinki mozeme da odbereme namesto so kola na rabota da pojdeme pes
a nekoj drug na pesacki premin moze da odbere da ne stisne na kocnica i da ne pregazi
mene tuka mi e kriv covekot koj napravil takov izbor a ne zamisleni losi sili

Ники, во случакот на Маца, ете објаснување од некој кој верува вака би објаснил, требало да идат, се предомислиле, не отишле ова би му дошло како „лекција“... Сличен случај се случи со мајка ми, на ден Велигден, пред да отиде во црква си миеше коса... отидовме во црква и во таа невидена гужва, на мајка ми и се запали косата! Оттогаш рекла и пресекла, на празник не мие глава... не дека не може да се најде научно објаснување, ама ете верник така ги гледа работите...

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 16:46:59)

Е па ајде ќе ви раскажам сега скоро и за мојата случка...
На Велигден бевме во црква Св. Ѓорѓија. Истиот викенд јас останав бремена, а престанавме да се пазиме одамна со надеж дека ќе направиме бебе, ама не сакаше да се фати. Единствена црква во која влегов додека бев бремена беше истата, и тоа немав пари во мене да оставам на неговата икона, па барав железни по кола и најдов неколку денарчиња и ги оставив. Кога дојде време за породување, добив болки дента, но ме породија 5 дена покасно, погодувате на кој празник? Св. Ѓорѓија.
И ај сега?

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:19:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Не се разбравме убаво. Форум е, нормално е[sm=smiley1.gif]
Убав пример даде, дете кое заболува од рак. Е тука кој е одговорен?

Искрено верувам во некоја секвенца, во некој тек на настаните. Во некоја природна селекција, во некоја шема. Мислам каков избор имаме? Да веруваме во хаосот или во некој ред (било каков?). Во тој случај разговараме за многу поинакви работи од натприродни сили. Разговараме за општество и за поредок.

pa jas toa isto tebe te prasav, ti veruvas vo dobri sili koi spasuvaat, a za losite raboti koj e tvojot odgovor?
jas ne veruvam vo dobri sili, kako sto ne veruvam ni vo losi sili
vo haos ne veruvam isto taka
i veruvam vo red, no vo red koj sami si go postavuvame, bidejki samo so nasiot izbor mozeme da bideme srekni ili ako veke pogresno sme izbrale da se popravime i izbereme poinaku sami bidejki sekoj od nas sebesi najdobro se poznava
biblijata e nametnat red i mnogu se somenevam deka e red nametnat od boga, lugeto tuka imaat zamesano prsti
hristijanstvoto kako i mnogu drugi religii se propovedaat veke 2 iljadi godini, dali covekot e poblizu do boga, dali e stanat podobar, dali ima nauceno od svoite greski, dali se ima priblizeno do sovrsenstvoto?
zosto tie natprirodni sili nikako da ne navedat na praviot pat ili imame i nie samite tuka udel pa se opirame uspesno?

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:23:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

jas ne zabranuvam nekoj da veruva, no ete nekoi veruvanja ne mi se jasni
ne e isto da pusis i dobies rak so dete koe ne ni znae sto e pusenje pa pak dobiva rak
kade e vo vtoriov slucaj natprirodnata sila
ili vo slucajot na maca, zosto natprirodnata sila ne ja spasila pred da i se sluci nesrekata tuku i teknalo da ja spasuva potoa? ete ova bas bi sakala da go znam, da mi go objasni nekoj koj veruva
ako veruvam vo covekovata svest ne veruvam deka covekot e semoken nitu sovrsen, bas naprotiv
no veruvam deka svesen covek za svoite greski moze da stane podobar covek
i isto veruvam deka sekogas a ne nekogas rabotite se von nasa kontrola
nie kako edinki mozeme da odbereme namesto so kola na rabota da pojdeme pes
a nekoj drug na pesacki premin moze da odbere da ne stisne na kocnica i da ne pregazi
mene tuka mi e kriv covekot koj napravil takov izbor a ne zamisleni losi sili

Ники, во случакот на Маца, ете објаснување од некој кој верува вака би објаснил, требало да идат, се предомислиле, не отишле ова би му дошло како „лекција“... Сличен случај се случи со мајка ми, на ден Велигден, пред да отиде во црква си миеше коса... отидовме во црква и во таа невидена гужва, на мајка ми и се запали косата! Оттогаш рекла и пресекла, на празник не мие глава... не дека не може да се најде научно објаснување, ама ете верник така ги гледа работите...

znam jas deka e taka, no koga gi slusam i citam vernicite najcesto gledam deka se koncentriraat na ona posle a go zanemaruvaat ova pred i tuka ne mi e jasna bas nivnata vera

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:23:44)

Ти кажав Ники за лошите работи, случајност, грешка или природна селекција.
Најмалку што можам да тврдам е дека Црквата е Бог. Значи Црквата и Бог врска немаат. Во самата Библија пишува дека Господ е секаде околу нас. Или некои мислат дека само во Црква се наоѓа, седи и не чека нас да дојдеме?!

Бараш од мене одговор на прашање кое ни целото човештво не може да си го одговори.
Лично за себе можам да ти кажам дека верувам во Господ, а зошто и како тоа е моја приватна работа исто како што јас не те прашувам зошто не веруваш.

Не е точно дека секој се познава најдобро себе. Некои луѓе не знаат ни што сакаат па камоли да се познаваат себе. Спознавањето на себеси е долг процес на интроспекција и анализа на своите избори= медитација.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:33:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Многу сакам да знам дали верувате во паранормални појави како духови, вонземјани, астрални проекции, задгробен живот и што се постои во тој домен? Сметате дека тоа се измислици или легенди, или верувате дека навистина има нешто кое не сме способни да го разбереме, но ете се случува?
Ви се случило ли Вам нешто натприродно или сте слушнале за некоја случка од други луѓе?
Слободно напишете ги вашите ставови и мислења.

Ikana temava e tvoja i prasanjava tvoi
jas odgovaram i spremna da objasnuvam, ti zosto ne si?
ili celta bese da pisuvaat samo onie koi veruvaat? vo toj slucaj treba da se povlecam
ti odlucuvas pa kazi nemam problem

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:42:27)

Воопшто не сакав таков впечаток да ти оставам Ники, извини.

И јас се обидувам да објаснам најдобро што можам зошто верувам (значи не верувам во духови, вампири и слично, а најмалку во бајачки и глупости) во Господ.
Верувам бидејќи ми дава сила и надеж дека постои некоја добра сила, која не обединува сите без разлика на религијата и ни дава моќ да промениме нешто, да бидеме подобри луѓе и да функционираме на повисоко ниво. Ако убаво седнете да размислите за религијата (било која), тогаш ќе видите дека нејзината цел е да обедини и да вдахне надеж во оние кои се борат секој ден со лошото на светов. Мене лично ме просветлува и ми дава поттик да бидам добра личност и да донесувам правилни одлуки. Ми дава надеж дека не сме сами и некој не чува. Ми дава моќ да ги прифатам работите кои не можам да ги сменам и да ги сакам луѓето со нивните доблести и маани.
Уште еднаш извини, ни на крај памет не ми беше да не дискутираме, затоа сме тука, да учиме едни од други.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:48:59)

ma ok, nema problem, nema potreba da se izvinuvas[sm=smiley31.gif]
kako sto kaza prethodno forum e ova ne pomaga bas vo dobra i uspesna komunikacija sekogas
izvini sto te naterav vo kos[sm=rozica.gif]

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 17:57:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Ти кажав Ники за лошите работи, случајност, грешка или природна селекција.

so ova se soglasuvam

Најмалку што можам да тврдам е дека Црквата е Бог. Значи Црквата и Бог врска немаат. Во самата Библија пишува дека Господ е секаде околу нас. Или некои мислат дека само во Црква се наоѓа, седи и не чека нас да дојдеме?!

ne znam, jas imam vpecatok deka nekoi vernici bas ova go mislat vo crkva i molitva, i koga ne im e uslisana udri po bog

Бараш од мене одговор на прашање кое ни целото човештво не може да си го одговори.
Лично за себе можам да ти кажам дека верувам во Господ, а зошто и како тоа е моја приватна работа исто како што јас не те прашувам зошто не веруваш.

ova go apsolviravme

Не е точно дека секој се познава најдобро себе. Некои луѓе не знаат ни што сакаат па камоли да се познаваат себе. Спознавањето на себеси е долг процес на интроспекција и анализа на своите избори= медитација.

so ova potpolno se soglasuvam, ne tvrdam deka site se poznavaat sebe si tuku veruvam deka koga sekoj bi vlozil vreme i volja da se zapoznae prvo sebe si bi pravel podobri izbori i bi imal podobri nameri i bi deluval podobro

izvini vaka sto ti replicirav najlesno mi bese

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 18:17:24)

Нема гајле, и јас некогаш не се разбирам кога ќе се навратам на некој пост[sm=smiley36.gif]

За Црквата, значи за мене претставува најголем земјопоседник на светот. Точно дека е Господова куќа, но реков Господ е секаде околу нас, па би можеле и на обична карпа да седнеме да се помолиме.

Тоа дека некои верници удираат по Бога кога нема да им се услиша молитвата, се сложувам. Веројатно не го разбираат она дека Господ делува преку нас, тоа е всушност поентата, сами да се издигнеме на повисоко ниво со помош на нашата волја, односно она што не прави луѓе, различни од животните.
На светов има зло, има аномалии, нема црно без бело, нема ден без ноќ. На нас е оставено да процениме и да избереме во која насока ќе се движиме. Се плашам дека премногу луѓе обрнуваат внимание на материјалното, тоа е тоа што го движи денешниов свет, наврати се на темата спонзоруши.
Не велам дека оние кои не веруваат во Бога се лоши луѓе, никако! Едноставно сите имаме нешто што не движи. Верувам и во наука и по природа сум скептик, но верувам и во натприродна сила која ги создава чудата и доброто во денешницава. ДАлеку од тоа дека некој со магично стапче бира ти ќе преживееш, ти не. Тоа е циклус на животот. А животот е долг и мачен, па ни треба некоја цел и некој пример да следиме и да веруваме во нешто кога сме најосамени, бидејќи надежта последна умира.

ЕДИТ:
Знаеш дека имав многу тежок период кога се породив, и сум доживотно истрауматизирана од тоа, па оваа случка со црквата и Св. Ѓорѓија ми даде некако смисла, да не бидам лута и да бидам оптимист дека ете некој не чувал, и да бидам силна понатаму. Ми помогна за да застанам на нозе, без да се лутам или да се скршам поради тоа. Само продолжив понатаму.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 18:32:43)

pa dobro tuka nekade sme
so boga ili bez nego, ne pravi golema razlika
zatoa jas i davam poveke vrednost na svesta koja site ja imame, no ne ja koristime site, ne sakame, polesno e da bides nesvesen i da veruvas vo duhovi (dobri ili losi seedno)
ova go gledam bas vo taa zelba site da odat vo rajot i vo veruvanjeto deka ako napravat dobro ke odat, no koga ke napravat loso mizat, a ako nekoj drug im napravi loso odma go "prakaat" vo pekolot

kikicka -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (14.10.2012 20:51:48)

Ме интересира дали некој го гледал филмот Сенки? И што мислите за тоа?

Башка филмот си има слична содржина.

Јас искрено кога го гледав ,мнг ми се допадна.

miana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (15.10.2012 9:15:28)

Ооо колку случки имам да кажам јас...Но од каде да почнам ???

Тоа со укочување на телото ми се има случено еднаш додека бев сама дома,до мене на креветот како да лежеше некој до мене и оп одеднаш ме поклопи-нема мрдање ..Јас имав слушано за оваа појава од мајка на другарками и ми има кажано ако ми се случи вакво нешто да се обидам да мрдам со палците на нозете или да проговорам - ВОЛКОТ ( духовите се плашеле од волци ) Неможев да проговорам,но мрдав со палците - и престана гмечењето..

Кога почина на другарками мајка и (истава гореспомената) кога се вративме од погреб - Телевизорот беше уклучен на А1,омилената нејзина ТВ на која ги гледаше омилените серии ( шехерезада и сл)

Друго сведовштво кое најмногу ми дава надеж да верувам во задгорен живот е сведовштвото од бабами,која што барајки си лек за своите две керки (мои тетки ) била неколку пати кај покојната Баба Ванѓа од Бугарија.
Значи на тоа време за кај баба Ванѓа се плакало на државата,државата и ги зимала парите.Ја чувале полициски чувари за да не издаде случајно некоја државна тајна. Незнам колку сте запознаени со оваа бабичка - таа немала очи.Си играла често пати како дете да си оди пешки со затворени очи и еден ден ветер ја носел и кога ја спуштил таа немала веке очи и од тогаш почнала да гледа.
Бабами раскажува...Чекале ред,баба Ванжа иако без две очи,го метела дворот,фатила некола мува ја утепала,се прекрстила ,си го измила лицето и и м рекла - кој има платено нека чека ,а кој нема нека оди да плати..Самата жена ги повикувала по име ,бабами вика ние сите слушаме надвое.Дошла некоја жена ,таа ја повикала и и рекла - ( ке ви пишувам како баба што ми кажуваше )
Ти си дошла да га правиш мажатти да е курвар,ти си таква,махај ми се - ја избркала.
После викнала некоја женичка,женава и рекла - сакам да знам што да м однесам на мажот ми на гробот,има ли некоја желба? Ванжа и рекла- Не сака ништо,се си има,само да ги поздравиш комшиите и ги кажала по име.
Потоа го викнала дедоми по има и го прашала Лазе,ти до кај си со куката ? Дедоми и бабами запрепастени и кажале дека уште ја градат ( а им ја рушеле инспекции)
Им рекла -- имате тазе гроб..Дедоми рекол - немаме..Е имате еве братуцедти Кипро го гледам пред мене,ке одиш кај женаму и ке и кажеш да му однесе вода на гробот,жеден умрел.
И после ја испрашале за тетките,за колку деца ке имаат? Какви и сл...СЕ што им кажала е ТАКА...
Дедоми отишол кај снаата од братуцед и и кажале што рекла баба Ванѓа,а таа им раскажала дека сопругот пред да почине сакал да се напие лимонада ( жеден бил ) во слаткарнивжца,но му наишол трамвај,се качил и починал...
Аууу колку имам да пишувам за баба Ванѓа до бескрај.
Јас после овие муабети од мојата баба, верувам дека има задгробен живот.
Исто така и после земјотресот имало многу духови и тоа бабами ми кажа,дека тетками која била бебе - ја малтретирале и некоја жена доагала да ги протерува - со баење. И да Ви кажам уште нешто важно - Мојот наставник по географија ( во основно ) беше невиден АТЕИСТ.
Сега скоро дознав дека доживеал кома ,клиничка смрт,бањајки се паднал ,му се појавил св.Петар и со крстот го бодел во стомакот ,му викал - Да те земам,Да не те земам? Ај ке те оставам уште малку..И човекот преживеал... Е сега одете прашај те го дали не верува?
Мене ме закачаашше бидејки бев побожна а ете што доживеал...

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (15.10.2012 9:17:15)

Mislam deka ne sum go gledala toj film, aj malku podetalno opisi sto e poentata

vo princip obozavam takvi filmovi koi se bavat so prirodni fenomeni, okultistika, religija, veruvanja osnovani i neosnovani i sakam da citam na tie temi, sakam i da razgovaram no retko naogam sogovornici, no nisto dosega sto sum videla, cula, oset_ila, procitala ne me ubedilo da poveruvam
najcesto lugeto so koi sum razgovarala do sega i ne se bas sigurni vo svojata vera, veruvaat vo nesto i ne znaat zosto veruvaat, davaat nekoi objasnuvanja vo koi i samite se somnevaat, se e toa nekako na klimavi noze, dali deka dolgo ziveevme vo komunisticki zadoeno opstestvo pa verata ni ja istisnale ili vo nesto drugo e problemot neznam

miana veruvas vo bog ili vo baba vanga?

Mihaela 2010 -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (15.10.2012 9:45:16)

Veruvam vo Boga onolku kolku e potrebno,pocituvam praznici,ne peram ne cistam,osven koga nema da znam,pa znam da si kazam na glas Da mi prosti dedo Boze[sm=smiley1.gif]veruvam i vo toa deka postoi nekakva sila,nesto nadprirodno,i ne za dzabe takvite slucki proizleguvaat od nasite babi i dedovci,toa si go povrzuvam so faktoto sto porano nemalo struja,lugeto rano stanuvale rano legnuvale,pa moze i zatoa pocesto gi primetuvale tie raboti,za razlika od denesnovo vreme...i da se slucuvaat nekoi takvi raboti ostanuvaat po nezabelezlivi...neznam toa e moe mislenje...
Inaku pred mn godini ,brat mi sonuvase son,kako se nasol na nekola livada,poljana i dosle nekoi decki sakale da go iztepaat,i taka on probal da bega,i odednas se pojavila nekoja zena,zamotana vo samija,i on otisol kaj nea,taa mu rekla ne se plasi,so mene si....otide vo crkva i mu rekle deka e toa sv.Petka i deka mu e zastitnicka..istiot den koga posol vo crkva koga vlegol vika se stapisav,istata zena pred mene ,vika isto oblecena ...ete i doma majka mi na toj den krsi lepce,se sobirame na rucek,se vencavme u taa crkva a i decava tamo gi krstivme...
Sega brzo dur ziveea brat mi u Skopje,snaa mi vika site legnale,a taa zadremala u dnevna a vratat bila zatvorena,i odednas vika slusam kako nekoj mi doaga pred vrata,se priblizuva vika kako da saka da naslusne nesto..i uporno vika stoi,lele vika nadvor mrtva tisina jas slusam kako da se suska nekoj pozadi vrata...epten se isplasila,i ne mrdnala od krevet...taka zaspala,utredenta ja prasuvala majka mi i drugive dali nekoj stanal nokjta i dali dosol pred vrata,nikoj site spiele...taka da veruvam deka ima nesto...

vezilka RR -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (15.10.2012 14:56:33)

Ехааа, и те како верувам во паранормални појави дефинирани како парапсихолошки активности односно, “паранормални активности” кои се состојат од екстрасензорна перцепција, ментални супер моќи. Што ќе рече станува збор за психокинеза, телепатија, претчувство, јасновидство, реинкарнација, прогонување, астрални проекции и сл. Сето ова ми е верно оти знам дека човекот уствари користи многу мал процент од целата мозочна маса, и секое пробиваење на овојпроцент, значиактивности кои ни се непознати и веднаш им додаваме „пара“. Иначе јас сите овие работи не го поврзувам ниту со една религија, или било каков религиозен момент оти сум атеист.

А што се однесува до вонземјаните, и нив не ги сврстувам во паранормани појави, туку во нормални. Мислам дека е „нон сенс“ да мислиме дека во цееееелиот универзум сме сами, и дека нема понапредни од нас кои во секој момент можат да не посетат.

Иначе јас лично не сум доживеала ниту една паранормална активност, ниту пак сум сртенала вонземјанин, барем не знам дека сум сретнала [sm=jezicek.gif], а многу сакам..ете тоа ми една неостварена желба.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (15.10.2012 17:54:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

i moeto veruvanje e blisko na tvoeto, site pojavi si gi objasnuvam taka deka se proizvod na nasiot um (ne vo smisol na fotomorgana ili nesto zamisleno tuku bas kako poaktivno rabotenje na mozokot, i podobra vrska pomegu svesnoto i nesvesnoto) i se toa mi e sosema normalno, nisto nadprirodno ne gledam, samo razlicni luge koi razlicno cuvstvuvaat, koi imaat razlicen prag na tolerancija, razlicna senzorna percepcija

i za vonzemjani isto mislam, prosto mi e neverojatno vo univerzumot da sme edinstveni

imam oset_eno telepatska vrska so mm, imam istenceno predcuvstvo koga e kerka mi vo prasanje, i gi cuvstvuvam lugeto okolu sebe obicno od prva znam cija energija mi odgovara a cija ke mi bide opteretuvanje ova poslednovo otsekogas sum go cuvstvuvala retko mi se slucuvalo da zgresam ne se smetam sebe si nesto nadnormalno mislam deka site luge go mozat ova i mnogu poveke samo ne se svesni

vsusnost smetam deka ne sme nauceni da go koristime aktivno mozokot, tuku niz obrazovanie i zivot go zatupavuvame od strav bi rekla

lilicka -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (16.10.2012 0:21:43)

Пред неколку години само што се земавме со мм и ајде ќе спиеме кај него дома нели веридба одам јас кај него дрн дрн....сами јас и он во куќа од 300м2.......се у реду се спремаме да си легнеме и само што изгаснавме светло и легнавме пошто куќава е на 2 спрата ние бевме на долниот и почна горе да ни тропа нешто онака како да одат луѓе со чевли а целиот спрат горе е празен нема нисто освен ламинат и прозори.....и такви двајцата упрапании...мм вика ако да се качиме да видиме божеее....мислам ќе умрев од страв не го пуштив да се качи,си седевме така додека да се раздени и сме заспале некако....цели 5 дена седевме и не се издржуваше ептен морничаво неописливо јас ја викам куќата на стравот и си дојдовме во ск!
Ај тоа туку после неколку дена мм ми кажува дека од кога починале неговите он никогаш не спиел без музика или без тв-секогаш имало нешто низ куката!Е ми одеше да го убијамм ми скрати 20години од живот од страв што претрвпев!!
Само 2 пати имам спиено таму,2 пат беше се враќавме од Маврово и ни се распиа колата и моравме таму да преспиеме со еден пријатели ама ние ништо не им кажавме и истото се повтори баш кога легнавме и пријателиве ни се извадија од памет и маживе силни ајде ќе се качиме горе се качија ништо немаше празно......лелел ми се крева коса што го пишувам ова!
Бррррр.....
Згора на тоа па и јатрва ми кога ми кажа дека она цели 5 години додека живееле тука во Мк нема спиено ко човек вика со тв сум спиела само што ќе се стемни ме фаќа некој страв!!
Се надевам ќе заспијам ноќва после ова што ви го пишав [sm=smiley29.gif][sm=smiley29.gif]

Ikana -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (16.10.2012 7:44:33)

Во Маврово и селата околни, бидејќи е шума, има мали животинки кои се викаат пухови, како верверички, и се протнуваат каде што поминуваат жиците и така влегуваат во куќата, колку и да е нова тие ќе најдат начин да влезат. Сто пати ми се случило ова дури сум ги видела и како влегуваат. Решение е на жиците кои водат кон куќата да се стави капак поголем од пластична канта за боја.

niki -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (16.10.2012 8:28:42)

lilicka na vase mesto bi stavila stapica za gluvci, posebno ako e stara kukata

Barbicki2 -> RE: Дали верувате во натприродни појави? (16.10.2012 9:02:51)

Jas vo gospod veruvam mnogu,uste od mala imam ikoni kupuvav od crkva,crtav ikoni,postam za veligden,i ovie natprirodni sili mi se nemaat mene sluceno,ama mnogu sakam da citam i slusam za niv. Samo nesto mi se sluci skoro,sonuvav edna crkva pred 3 god neznam tocno,i ja pamtam kako pred mene da bila,koga za sv. Petka otidovme do manastirot sv. Petka koga vlegov se stapisav,istata crkva,manastir,se isto,raspored,ikoni,se se bukvalno,mornici mi pominaja,samo jas vo sonot i eden pop sonuvav nasmean

Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>