Јога сојуз на Македонија наградува! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Рингераини подароци



Порака


Julie1 -> Јога сојуз на Македонија наградува! (3.5.2009 13:39:26)

Сите знаеме дека правилното и умерено вежбање во тек на бременоста е особено важно за идните мамички и за бебенцето. Рингераја за сите идни мамички договори посебен попуст од 10 % за посетување на специјализирани јога вежби за бремени жени водени од специјализиран инструктор Анастазија Терзијева во Јога сојузот на Македонија. Доволно е само на овој форум да напишете дека сакате да ги посетувате овие часови. А првата идна мамичка која ќе пројави заинтересираност добива дури 50% во тек на сите месеци од нејзината бременост. Ајде мамички направете нешто убаво и позитивно за вас и вашето бебенце.




Mammy -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:08:50)

Do sega imam slusnato nekolku pozitivni iskustva okolu joga vo bremenosta - odnosno joga za bremeni zeni. Posebno toa deka posle poroduvanje, bebinjata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] bile posmireni [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Do sega ne sum vezbala joga - pa se nadevam deka ne e docna da pocnam sega.
Inaku bremena sum vo 25 nedela.

Moze li poveke info okolu toa? Koga e narednata sredba?





Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:14:52)

Mammy, понеделник и среда се часовите. Можеш од среда да почнеш и да бидеш првата мамичка од Рингераја, која ќе ја добие можноста да добие 50% попуст во тек на целата бременост.




Mammy -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:18:24)

Mesto?
Vreme?
Obleka?

Doagam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]..




Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:26:48)

Mammy еве сега добиваш детален одговор од Јога инструкторот Анастазија Терзијева.

Рингераја ти посакува убави моменти со Јога вежбите и очекуваме твои позитивни искуства што поскоро да споделиш со нас.




Анче -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:32:41)

Здраво mammy
местото т.е. центарот за јога е во тафталиџе2, ул. женевска 43, можеш да ја одвориш веп страната yoga.org.mk  има мапа
време од 17и30 почнува часот биди таму 15 минути порано, секој понеделник и среда
облека комотна, хеланки тренерки, она што веќе го имаш, и можеби еден пешкир за главата лицето
се надевам дека ќе се видиме




Mammy -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 11:37:00)

Vi blagodaram mnogu..
Definitivno utre ke dojdam..
Da, bas i bev na web stranata i najdov dosta informacii..

Pozdrav i se gledame..




Анче -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 12:01:19)

ако имаш проблем да не најдеш можеш да ми зврцнеш на телефон за да те пречекам за да не луташ. телефонот го има на нашата сраница




kati -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 12:10:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Анче

Здраво mammy
местото т.е. центарот за јога е во тафталиџе2, ул. женевска 43, можеш да ја одвориш веп страната yoga.org.mk  има мапа
време од 17и30 почнува часот биди таму 15 минути порано, секој понеделник и среда
облека комотна, хеланки тренерки, она што веќе го имаш, и можеби еден пешкир за главата лицето
се надевам дека ќе се видиме


анче баш од вчера поминував од таму го видов знакот па се помислив да видам што и како е пошто ми е блиску јас сум тафталиџе 1 ама реков ај следниот пат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
дали имате јога часови само за бремени жени пошто јас сеуште не сум и кога има термини и како се цените за месечно вежбање одпоодамна сакав да одам на јога ама никако да се решам не ми се иде сама а другаркиве сите се поише за фитнес никој не сака на јога[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Анче -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 12:32:51)

здраво kati
во центарот за инегрална јога освен специјализираните курсеви за бремени има и курсеви за релаксација и редовните курсеви за почетници и средни и напредни практиканти. следниот курс за почетници би бил негде последната недела во мај, но пријавуванјето е бар недела дена порано, затоа отворај ја станицата на сојузот за да видиш навреме кога ќе ги има информациите за новите курсеви.
тоа што другарките не сакаат да одат на јога, не е никаков проблем во твојата желба и нејзиното остварување, затоа што за на јога не ни треба друштво зашто часот по јога е времето кое си го посветуваме само на себеси, и во тие моменти не е ништо поважно од тоа.




Еца -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 14:23:24)

Одсекогаш сакав да одам на Јога,но никако да ми се исполни желбата,а претпоставувам дека добивката е огромна,само тоа е...секоја чест на тие што одат на јога[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Анче -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 14:28:55)

Елена желбите мораш сама да си ги исполнуваш, а добивките од јогата нема да бидат само твои туку ќе ги чувствуваат и сите во семејството.
Се надевам дека ги прочита текстовите што се објавени на сајтов за јогата. 




Еца -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (5.5.2009 14:41:12)

Да Анче,ги прочитав,јас имам читано и поодамна за делотворноста на јогата и колку е добро да се посетува и применува во животот,но верувај некогаш,навистина не можеш против некои работи...но ке дојде денот,ќе ја оставарм оваа желба да посетувам јога,тоа си го знам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Mammy -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (7.5.2009 11:32:46)

Моето прво јога искуство[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]..
Како за прв час вчера мене многу ми се допадна.
Очекувам позитивните ефекти тек да следат..
Ги охрабрувам сите идни мајки да си посветат барем еден час - два пати неделно за себе и за своето бебе..
Толку е едноставно, а корисно.




Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (7.5.2009 11:35:57)

Леле Мамму баш убаво. Скоро ќе поминеме и да ве посетиме со советувања од специјалист по гиникологија и акушерство во некој од редовните термини. Мамму на Рингераја зборувај ни за убавото искуство во Јога сојузот а на часовите по Јога зборувај и за убавото дружење на Рингераја [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (7.5.2009 11:51:03)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Браво за мамму и нејзиното бебенце кое толку рано ќе ги почувствува убавините од јогата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (22.9.2009 12:56:15)

Часовите за бремени жени во просториите на Јога сојуз на Македонија, после паузата во летниот период повторно функционираат. Секој понеделник и секоја среда од 17:20 часот бремените жени може да ги посетуваат овие часови под директна инструкција на Анастазија Терзијева http://www.ringeraja.mk/mojata-prikazna_355.html.

Како наши драги партнери Јога Сојуз на Македонија овозможија дури 20% попуст за сите наши Рингерајки.

Искористете ја можноста пријавете се тука и веднаш ќе бидете поставени во списокот на трудници кои може да ја користат оваа поволност. Списокот ќе биде навремено доставен до Јога сојуз на Македонија, а вие само со кажување на вашиот ник во просториите на Јога сојуз ќе може да почнете да ги посетувате часовите.

Повеќе информации за локацијата и самите курсеви може да најдете на веб страна на јога сојуз на Македонија: http://www.yoga.org.mk/jk4.htm или да поставите прашање на нашиот форум а Анастазија (Анче) ќе ви даде одговор.  Цената без попуст е 8 часови - 1000 денари! Цената со попуст е 8 часови -800 денари.




Natuska85 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (21.10.2010 23:32:42)

Сакам да ве прашам кога е најпрепорачливо да се почне со јога?Јас сум 10та недела и веке сакам да почнам,меѓутоа предходно не сум одела на јога,дали и тоа има некакво влијание?




Анче -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (31.10.2010 22:24:32)

Со практикувањето на јога можете да започнете веднаш после 12 недела тогаш кога вие ќе посакате или ќе се почувствувате спремни.
Тоа што немате предходно практикувано јога воопшто не е никаква пречка,  мислам дека сте го одбрале вистинскиот момент за јогата.
Ви пожелувам да си ја исполните бременоста со убавини и верувајте ми јогата е една од тие нешта.




Natuska85 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (10.11.2010 16:16:38)

Се консултирав денес со докторот и добив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image] од него за посета на јога часовите.Е сега да ве прашам како можам да си ќарам попуст[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]?Да ви пратам мои податоци во пп или....

Фала ви, па се гледаме




Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (10.11.2010 16:21:21)

Natuska85 испрати маил до Анче на anastazija_ti@yahoo.com и кажи дека си заинтересирана за часови, дека си од Рингераја и заинтересирана си за добивање на попуст.




Natuska85 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (21.11.2010 23:17:33)

Од утре почнувам со јога[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image], ако има некоја рр нека пише да се запознаеме и лично[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Julie1 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (22.11.2010 17:41:23)

Браво Натушка па да ни пишеш искуство.




Natuska85 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (23.11.2010 9:33:59)

Вчера го имавме првиот час и супер ми беше.Малку бев збунета пошто незнаев  како да ги правам правилно вежбите ама знам дека на нареден час ќе бидам целосно опуштена.На сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]   им го препорачувам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/metulj.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Јога сојуз на Македонија наградува! (9.12.2010 19:31:45)


Еве не како вежбаме.На сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] топло им ги препорачувам јога часовите.


[image]http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/hs576.ash2/149889_462770358806_75283438806_5822705_1898437_n.jpg[/image]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>