Pepelaska * -> Скопје или внатрешноста на Македонија?! (14.10.2012 16:01:24)
|
Инспирирана сум од темата Сити Мол , со оглед на тоа што скоро се се гради во нашиот главен град, се се случува таму, а ако не се лажам и бројката на жители достига скоро 1 милион што е половина Македонија. Напнат живот, гужви, стресни работни места, и.т.н .Ти требаат два саата да дојдеш дома од работа. Од друга страна места за шетање, журки, концерти, скоро целиот културен живот се одвива таму. Мал град, мирен живот, без многу гужви но и тука има стресни работни места.Можеш пешки да си појдеш на работа за поласат. Но, сивило, без никакви случувања, монотонија и досада. Од мојот град можеби половината од младите а и повеќе заминаа среќата да си ја бараат во Скопје,значи тука работа нема а таму има. Знам дека не има од цела Македонија. Па кажете го вашето мислење.
|
|
|
|