Целта ги оправдува средствата? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Ikana -> Целта ги оправдува средствата? (17.10.2012 19:11:08)

Дали би направиле се за да го добиете тоа што го посакувате? Дали би им останале верни на своите принципи и морални вредности доколку нешто ви е вон дофатот, или би се служеле со секакви средства да го добиете?
Сметате ли дека тоа е правилно и дека има логика во оваа изјава?
Колку далеку би оделе за да го добиете тоа што го сакате?




Bethany -> RE: Целта ги оправдува средствата? (17.10.2012 22:19:21)

За мене целта НИКАКО не ги оправдува средствата. Ништо не е толку вредно да погазам своето јас, да погазам самата себе како човек и другите исто така - оти обично тие средства се повредени чувства, животи на други луѓе.
Верувам во правда и знам и видов дека на тие што не бираат средства да дојдат до цел, животот само за трен може да им изгледа таков каков сакат. Обично доаѓа пропаст, пре или покасно.




Bilence2 -> RE: Целта ги оправдува средствата? (17.10.2012 22:31:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Дали би направиле се за да го добиете тоа што го посакувате? Дали би им останале верни на своите принципи и морални вредности доколку нешто ви е вон дофатот, или би се служеле со секакви средства да го добиете?
Сметате ли дека тоа е правилно и дека има логика во оваа изјава?
Колку далеку би оделе за да го добиете тоа што го сакате?

Vaka kako sto ste go definirale poimot/frazata, ne bi gi pogazila moralnite vrednosti, covecnosta i etikata. No jas sum ekonomist i i te kako na poleto na ekonomijata, posebno na biznisot e pravilo br 1. Da ne bidam pogreshno svatena, na profesionalno pole vo oblasta na materijalniot svet DA, no vo korelacija so luge bliski, nebliski, poznati ,nepoznati, prijateli,neprijateli...NE.




Pepelaska * -> RE: Целта ги оправдува средствата? (18.10.2012 9:15:31)

Ќе искористам сега една реченица на Тоше([sm=smiley19.gif]).
Никогаш не би преминувал преку туѓи лешеви за да дојдам до некоја цел.





sandriana RR -> RE: Целта ги оправдува средствата? (18.10.2012 9:40:42)

За мене оваа девиза МОЖЕБИ би важела за некоја " Недај Боже" ситуација - да се спаси живот на некој мн.близок на пр. - хипотетички велам (темава баш во моментов ме натера подлабоко да ја размислам). Се држам до девизата -никогаш не вели никогаш-, зошто не знаеме што се наидува во животов. Инаку, за лична корист и задоволство не би си дозволила екстремни ситуации на темава.




niki -> RE: Целта ги оправдува средствата? (18.10.2012 10:55:50)

zavisi koja mi e celta
jas imam edna cel vo zivotot, koja ja smetam za najvazna, na prvo mesto nad site prioriteti, da si go izrasnam deteto vo srekna licnost, za toa smetam deka megudrugoto e potrebno i da si go socuvam brakot, i jas i mm da bideme srekni roditeli, zadovolni od nasite zivoti
za ovaa cel sum spremna i lesevi da gazam figurativno neli, nemam namera da ubijam nekogo[sm=smiley36.gif], ama sekoj koj bi mi zastanal na patot ne bi si pominal ubavo
e sega sredstvata upotrebeni zavisat od napadot i od napagacot, bitno borec sum i za se sto mi e vazno spremna sum da se boram




Страница: [1]