Сонценце -> RE: Информодијагностика и природно забременување (12.2.2013 11:34:13)
|
Нова сум на форумов и, искрено, се зачленив само за да го споделам моето позитивно искуство со информодијагностиката, со надеж дека информациите ќе му помогнат и на некој друг. Накратко, приказната е оваа - се обидував да забременам од 2009 година, направив една инсеминација и три инвитра, а исходот беа два спонтани абортуси, и покрај тоа што имав многу и (како што кажуваа докторите) квалитетни ембриони. Проблемот кај мене беше висок пролактин, а кај сопругот слаба подвижност на сперматозоидите. Голготата ми заврши откако по препорака на пријатели со позитивно искуство отидов кај информодијагностичарот на Водњанска (колку што видов на форумов не спомнувате имиња и телефони, па ќе се придржувам до тоа), лани во втората половина на април. И јас и сопругот го направивме прегледот, скенирање со посебен софтвер и кај двајцата се покажа идентичен проблем - нелекувани урогенитални инфекции и нагласен недостиг на цинк. Некои од тие инфекции никогаш и не се покажале на брис, а сепак почувствував подобрување по третманот. За цинкот докторот ни објасни дека му е неопходен прво на срцето, а потоа на сите други органи, вклучувајќи ги и репродуктивните, па ако нема доволно за срцето, ќе нема ни за јајниците, ни за тестисите... Двајцата со сопругот испивме по една доза од терапијата што ни ја подготви, а по контролата имаше целосно подобрување кај сопругот и делумно кај мене. По пауза од пет дена, јас испив уште една доза. На следната контрола докторот рече дека сега се е во ред и оти нема причина да не останам бремена. Втората доза не ми ја наплати, бидејќи била продолжение на истата терапија, а не нова. Значи, целиот третман ми траеше помалку од еден месец, заедно со паузите. Веќе не добив - во јуни веќе бев бремена, а тоа е помалку од два месеци од првата посета на оваа информодијагностичка ординација. Пред десетина дена се роди моето сонценце, добив ќерка [sm=smiley1.gif] Знам за уште неколку пара што успешно добиле бебе по информодијагностички третман. Освен тоа, кај мене терапијата имаше и дополнителен ефект - ми се изгуби алергијата на полен уште додека јапиев терапијата. Чекам пролет да видам како ќе биде годинава. Точно е дека терапијата не е евтина, но е поевтина од инвитро и е природна. Од инвитрата и хормоните едвај си дојдов на себе по повеќе од година и пол од последното, а старата тежина не си ја вратив. Го препорачувам од срце. Поздрав [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|