one2play -> RE: Антиспермални антитела (ASA) (6.2.2013 1:13:58)
|
Да Гина, неделава што измина и оваа ги правиме сите можни испитувања за да спречиме уште еден спонтан абортус. Го бараме причинителот и се разбира да го санираме проблемот пред да настапи уште една бременост. Бевме траснфузиологија каде што испитуваме хомостаза, AFA, LA, PC, PS, AT III, ( основни тестови на хомостаза, крвна слика, антитромбин 3, протеин Ц, протеин С, лупус антикоагулант, АФА ). Примероци за анализа земаат секој ден од 8-12:00 и попладне од 15:00, потребен ти е син картон и упат од матичен гинеколог, чини 1290,00 денари, а резултатите се готови за недела дена. Потоа не пратија да испираме TORCH кој заедно со брисеви не чинеше 900,00 ден. со упат и син картон на клиниката за микробиологија. И се разбира АСА-та. Кон крајов на неделава чекаме резултати и оптимистички сме расположени дека се ќе биде во ред. ВАЖНО : за сите овие испитување не е потребно да бидеш гладна и можеш во било кое време да ги направиш. Поздрав
|
|
|
|