Пица пан тава (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Техника



Порака


Luci -> Пица пан тава (23.10.2012 10:11:52)

Пица пан е електрична тава со тефлонска површина која освен што служи за подготовка на пици се користи и за динстање, пржење месо или пак припремање на здрава храна на пареа. Дали имате ваква тава и што се приготвувате во неа [img]http://www.okokchina.com/Files/uppic17/electric%20pizza%20pan869.jpg[/img]




Luci -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 10:15:36)

Јас ја користам многу оваа тава. Пред некој ден пржев во неа компири со рузмарин и тоа беа до сега највкусните компири што сум ги пробала. Сум пржела и месо, риба, зеленчук, одлична е. Брзо се спрема храната и што е најважно се става само 2-3 капки зејтин во неа, топло Ви ја препорачувам на сите




Felly RR -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 10:25:03)

И јас имам ваклва тава, ама па баш за пица никогаш не сум ја употребила.[sm=smiley36.gif] Обично во неа правам месо и компири. Ама не ја користам многу.




Luci -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 10:28:10)

И јас за пица сеуште не сум ја употребила ама ќе биде и тоа. А нели месото има поубав вкус кога е пржено во оваа тава отколку во обична?




Cipi Ripi -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 10:43:16)

И јас имам иста ваква тава, за се ја бива,само не за пица. Тестото доле го гори, а одозгора не ја прави убаво, останува жива, бидејќи има грејач само доле.
Кај мене во пица панот редовно палачинки се вртат.[sm=smiley1.gif]




Pepelaska * -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 16:37:49)

Имам и јас, поклон од свадба, ама не ми еуште употребена.Многу се фалат дека била многу добра за палачинки,
имам слушнато дека и пиперки се печеле убаво, ај да ја пробам па ке кажам[sm=smiley36.gif]




Џесика -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 19:05:27)

Дајте бе кај ја има оваа тава, од Топ-Шоп е или од друго место, јас се заинтересирав за вакво нешто. давајте инфо од каде може да се набави.




Maria -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 19:23:58)

И јас ја имам тавава поклон уште од свадбата,пред 6 години,немам ја употребено никогаш.[sm=zmeden.gif]




Annet -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 19:27:35)

sekade ja ima duri i na plasticarskata ulica,se pece meso,riba,palacinki,jas bi ja nosela i na odmor ,sekade stvarno e top,ima i plitki i dlaboki




Maria -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 19:35:43)

Значи треба да се проба.Доста стоеше на таван,од утре стартува во употреба.[sm=smiley1.gif]




Annet -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 19:58:35)

ama super e i za na terasa doma da ne ni omirisuva,za se e be zeni hehehehhe duri i za mazi hahaha




Cipi Ripi -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 21:29:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

ama super e i za na terasa doma da ne ni omirisuva,za se e be zeni hehehehhe duri i za mazi hahaha

Баш така е Анет [sm=smiley1.gif]
Џесика срцка ги има на пластичарите по 700 денари се(отприлика)




Natuska85 -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 22:31:08)

Јас имам ваква добиено на поклон ама никогаш употребено,немав идеа за што да ја користам мислев дека само за пица е[sm=smiley13.gif].Ај поконкретно некој да ми објасни што и како готви во неа..Зејтин исто се става или...Капакот затворен,отворен...




Fiao -> RE: Пица пан тава (23.10.2012 23:04:09)

Jas ja imam bas ovaa na slikava [sm=smiley1.gif]> Luci a zosto przis vo nea? Pa taa e idealna za pecenje. I ako ne ste probale, probajte na nea riba i pecurki da prigotvite, nema poubavo! [sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 0:51:04)

Е вакви тави имав 6или 7.Една на мајка ми и дадов,една на свекрва ми,една поклон за нов стан ја дадов и уште имам низ дома.Сите ги добив за свадбата.Ја користам за печење пиперки и за ништо друго




Snowhite RR -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 8:23:44)

Леле јас па некој да ме праша кој ми е најгрд поклон од свадбата веднаш ќе кажев пица панот. Ја пробав за пица, долу изгоре, а горе жива, за палачинки исто не ја биваше и сега така стои, ај ќе и дадам уште една шанса да пробам нешто мевце да испечам, ако уште овој пат ме разочара дирек в канта ќе оди. Ај и за мене повеќе инфо на кој начин готвите во неа?




Luci -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 8:26:55)

Како печеш во неа? Мислиш на пржење со ставен капак? Ако е така, тогаш и јас печам[sm=smiley1.gif] Идеална е стварно за се, а и печурки имам подготвувано во неа мф мф мф
Се става многу малку зејтин бидејќи месото или зеленчукот што ќе го ставите си испушта од својот сок. Пробајте нема да зажалите сигурно[sm=smiley1.gif]




Tanjicka -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 8:43:40)

mene ovaa mi e vtora po red, prvata super ne sluzese 4 godini,a ma rikna grejacot, pa za 8mart si poracav edna od majka mi i si ja dobiv, super e za meso przenje , samo so malce 2-3 kapki zejtin, nadvor mi stoi na terasa vnatre ne mi se umirisuva, ne przis vo mnogu zejtin kako na sporet i ne prskas naokolu, za riba e isto top, eve bas vcera mm pravese za rucek skusa vo pica panot i site 4 doma se iznajadovme, jas ustvari riba ne jadev voopsto, dur ne pocna mm da pravi na pica panot, inaku mm ja koristi 99 % , znaci kako negova da e :)




kikicka -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 9:16:43)

Јас имам две , една е неотпакувана и кој сака нека каже ке му ги продадам , оти мене не ми се наоѓаат баш.




kikicka -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 9:19:59)

Ме интересира како ги чистите??? Дека неможе баш со вода да се измие.




Luci -> RE: Пица пан тава (24.10.2012 9:46:06)

Со сунѓерче и со виледа од внатре, под чешма никако




Snowhite RR -> RE: Пица пан тава (8.2.2013 11:05:56)

После неколку неуспешни обиди, мм реши да ја проба и тоа за омлет од јајца, ги изматка, малку сиренце внатре и тураш и како палачинка сето се прави за мерак, а и јас после тоа почнав да ја користам, за месо пилешко со неколку капки масло убаво се испече. Е сега пробав еднаш компири, ама не ми се направија баш, ај кажете ми како правите компири, ги сечете на потанко, ги превртувате или ги оставате сами да се готват. Прашањево можеби е смешно, ама ете по ваша препорака сакам да ја научам како се готви и в лето на тераса ќе си готвам




Felly RR -> RE: Пица пан тава (9.2.2013 14:07:31)

Јас ги сечам на средни (не многу дебели )кругови, и ги превртувам. Ама ставам и малку вода.




Snowhite RR -> RE: Пица пан тава (14.2.2013 16:19:40)

И јас ги пресеков на танки кругови, ама не турив вода,ај нареден пат така ќе пробам




twin girls -> RE: Пица пан тава (15.2.2013 19:09:26)

[img]https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/181308_228083013973251_1673181169_n.jpg[/img]


амички, јас го имам ова и многу, многу е попрактично од пица пан тавата, кој, искрено, не ја имам видено како изгледа. Ова пече и горе и долу, тефлон се и двете плочи и длабоко е 3-3,5 цм.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>