зафатени родители (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


big_mama817 -> зафатени родители (7.10.2009 13:50:49)

Дали сметате дека сте премногу зафатени со својте обврски и имате многу малку време да им посветите на своите најмили?Како реагират тие на вашата зафатеност во овој свет на брзо живењее и борба за подобра егзистенција?
Јас сум го забележала син ми дека кога ќе се прибереме дома околу 17,30 дека му недостигаме многу и понекогаш му се случува да каже да седам дома со него значи и тој да не оди во градинка на што му објаснувам дека морам да одам на работа да земам плата и да му купам она што тој сака.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




ripce -> RE: зафатени родители (10.10.2009 0:25:28)

од раѓање до пред 1 недела буквално бев 24 часа со мојот син, ама сега морав да тргнам редовно на факултет, па го оставам татко ми или мм да го почуваат 2-3 часа додека сум отсутна. Неколку пати се случи да не сака да им го испие млекото или да јаде, а кога јас ќе се вратам и ќе земам да му давам јаде лакомо. И кога ќе ме виде почнува да плаче и дури почна да вика мама во плачот




Mihaela 2010 -> RE: зафатени родители (29.11.2013 9:10:40)

ne sum koj znae kolku zafatena,bidejki osven obvrskite na rabota i standardnoto rabotno vreme,posle toa nemam nekoi obvrski,pa sum posle rabota doma...no sepak i mestenjeto da rucas,da izmies sadovi,da zgotvis nesto za naredniot den si zema od vremeto,taka da namesto da sum so nea,jas vremeto go minuvam vo kujna...no zatoa mm e tuka da nadoknadi da si poigra,da i procita kniga,i slicno
e sega bidejki e na postdiplomski,skoro sekoj den doaga od predavanja vo 20 casot,nie sme si samicki,ama go nadopolnuvam jas toa vreme,ili izleguvame nadvor na kratko,ili vikame nekoj da ni dojde na gosti pa so drugarce da si poigra i taka,ama zatoa nadoknaduvame vikendi




mommy_angels RR -> RE: зафатени родители (29.11.2013 12:11:12)

Е баш пред некој ден се критикувавме сами со мм како сме презафатени со работа и обврски и малку време минуваме со детето. А кога сум попладне на работа ја гледам само наутро кога ја спремам за градинка [sm=smiley13.gif] и многу ми недостига. ЗАтоа се трудиме секој момент да си играме заедно дома или да излеземе да шеткаме.
Тоа е што е,да се работи мора,ама затоа дружењето со ќерка ми ми е на прво место.Готвење,перење,чистење никогаш немаат крај,па затоа ги оставам за откако ќе си заспие А. Што стигнам де,што не,здравје,секогаш има утре




vezilka RR -> RE: зафатени родители (29.11.2013 13:20:03)

Абе не сме и ние од оние презафатените, ама и ова време што го имаме за со детето реално е малку. Се прибираме накај 17 часот, некогаш и повеќе. Па некогаш ни се случуваат службени патувања и отсуство од дома по неколку денови. Но најмногу мислам дека има влијание за времето поминато со детето, барем зборам за квалитетно време, нашата исцрпеност. Понекогаш од што сум преморена немам сила да му читам книга на детето, па со шепкање ја читам. Дефинитивно на детево му треба повеќе време со нас.




Страница: [1]