Тања РР -> RE: Мацина трева(очајница) (8.1.2010 22:16:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka јас почнав да го пијам од пред некој ден..се надевам дека е тој, чичкото што го продаваше на пазар на пакувањето си напишал маче трева па јас си викам си го превел ..мацина трава=маче трева..вика за хормони бил..иначе јас по сликите не можам да утврдам дали е тој..никаков бел цвет нема.. Везилка маче трева не е чајот што го бараш. Маче трева е народно име на Valeriana officinalis, надземниот дел од таа билка се користи како благ седатив. Нема никаква штета што си пиела од него но не се работи за мацина трева. Ќе може ли некој да го напише латинското име на очајницата. Искрено, јас за оваа трева немав чуено пред да прочитам на форумов но она што овде го прочитав ме збуни. Од првата страна стекнав впечаток дека зборувате за Lepidium meyenii, американците ова растение го викаат маца. Истражував малку и дојдов до сознанија дека грутките од растението докажано го намалуваат стресот и на тој начин ја подобруваат плодноста особено кај мажите. Раст. е распространето во Перу и Боливија па ми беше малку чудно што го има на Бит Пазар. После неколку постови разбрав дека станува збор за Маrrubium vulgare. Е оваа расте кај нас, сигурно го имате и сретнато. Се собираат надземните делови (херба). Некој прашуваше дали Marubium vulgare i Marrubium herba e исто. Да, Маррубиум херба се вика чајот што се добива од М.vulgare. E сега. Жалам што ќе ве разочарам но поволното дејство врз плодноста на ова раст. не му е докажана. Докажано е дека го намалува шеќерот во крвта, холестеролот, ја смирува кашлицата и ја намалува болката. Сепак народната примена е мнооооогу поширока па една од примените е и за регулација на менструалните циклуси. Оваа примена донекаде „држи вода“ затоа што хербата содржи супстанци слични на женските хормони. Прочитав во постовите дека меѓу кломифен и очајница некои од вас бираат очајница што не сум сигурна дека е најдобар избор. Сепак не велам дека не треба да се обидете со чајот. Ви посакувам многу среќа и се надевам дека наскоро ќе слушнеме добри вести.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|