Dalas -> Мамичке,јас сум ШАМПИОН! (26.10.2012 0:23:19)
|
Здраво напатени мамички. Многу тага низ овие теми,многу солзи паднати на вашите компјутери дури ја споделувавте вашата приказна или читавте туѓа налик вашата. И јас спаѓам тука и јас минав многу. Да направиме нешто различно овај пат и да си ги поздравиме нашите шампиони. Многу мајки кои сеуште ги чекаат нивните најмили од болница ќе соберат сила читајќи не нас. Еве почнувам.... Мајка сум на предвремено родено бебе,во 32 недела,килажа 1400 гр.месец и пол во инкубатор! Сега е веќе дете,има две годинки и четири месеци....Проодевме на годината,во ништо не се разликуваме од врсниците...поточно се разликуваме,покажува повеќе итрина,отколку братучетка му која е родена на време. Зворува како празна воденица и е многу,многу своеглав. Тоа е моето злато,мојот шампион!
|
|
|
|