Боцко -> Татичко присутен на породувањето (3.5.2009 19:49:37)
|
До сите сопрузи: За мене тоа беше едно огромно искуство, исполнетост со измешани емоции од најразличен вид. Накратко, тоа чувство не би го менувал за ништо во животот. Момнтот кога за прв пат ќе го допреш малечкото никогаш не се заборава. Понатаму, кога сопругот ќе види низ што се поминува жената при тој чин, се исполнува со една посебна почит кон неа. Едноставно, прекрасно! Сите тие приказни дека божем не можеле да издржат се чиста глупост. Таму во таа просторија се двете суштетства кои ги сакаш најмногу на свет и тоа е се што ти треба. Нема ништо што не е за гледање, се само чиста природа што си го прави своето. Сепак, кондициони подготовки треба да има :-) (малку почесто гледање CSI, NCIS, House и слично хаха) Ние отсекогаш знаевме дека ќе бидам таму така што и таа се потпираше на мене и си требавме, така што и внатре им се најдов на персоналот. Тоа ниту еден сопруг според мене не би требало да го пропушти! Ако некој сопруг се сомнева дека сум машко, после постов, може да провери :-))
|
|
|
|