Костени (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Pepelaska * -> Костени (30.10.2012 16:41:15)

Костенот е драгоцено овошје со двојна обвивка што го штити од пропаѓање, а тој го штити човековото здравје. Има голема калорична и енергетска вредност и се препорачува како додаток во детската исхрана, кај повозрасните лица и за сите што се изложени на поголем физички и интелектуален напор. Комбинацијата од калциум и фосфор ги зајакнува забите и коските, а питомиот костен е добар за нервниот систем.

Варениот костен има многу минерални состојки, додека печениот костен има поголема енергетска вредност, белковини, како и двојно повеќе јаглехидрати. Дивиот костен, односно неговиот плод и кората наоѓаат широка примена во алтернативната медицина. Тој се користи за лечење ревматизам, се применува како диуретик, за намалување отоци и разни воспаленија. Особено е застапен и во составот на многу козметички препарати за нега на косата и лицето, поради неговиот смирувачки ефект врз организмот.

„Костенот треба да се користи при лекување анемија, физичка и интелектуална истоштеност, но одличен е и за лицата кои имаат проблеми со проширени вени и хемороиди“, велат нутриционистите.

Научно е докажано дека овој плод има антисептично и антианемично дејство. Спаѓа во групата овошја со висока енергетска вредност.
Може да се јаде, печен, варен, пржен, подготвен како пире, но може да се користи и како брашно за слатки. Треба да се користи само кога целосно е зрел, добро варен или печен. Нутриционистите препорачуваат костенот да не го јадете во комбинација со друга храна, пред се поради фактот што ова овошје потешко се вари во желудникот.

Лекарите ги советуваат дијабетичарите да го избегнуваат костенот.

Извор:идивиди и мноого.мк

[img]http://images.idividi.com.mk/images/kosteni6.jpg[/img]




Pepelaska * -> RE: Костени (30.10.2012 16:43:19)

Бидејќи е време на костени, варени, печени, мх , мх , какви и да се јас ги обожавам и можам да јадам по цело тенџере[sm=smiley36.gif].Како дете многу сум јадела а и сега кога имам време да сварам и купам.

Колку користите костени во вашата и исхраната на вашите деца?

Според мене а и по некои информации што ги најдов подобро е да му дадеш за ужина костени отколку некои грицки.
Лани јадеше МАртин кога имавме а годинава еднаш само сварив и не сакаше се надевам ке јаде следен пат




Mihaela 2010 -> RE: Костени (31.10.2012 9:02:10)

Mmmm kolku gi sakam,peceni,i toa kupeni od plostad i prosetka pa gric gric....da jademe ,jas gi obozavam,a lani pocnav i na M da i davam vareni i gi sakase si gi jadese....se nadevam deka i ovaa godina ke i se zasladat pa ke si kasne,da ne mi napravi slucajno kako tikvata,lani se tepase da izede ovaa godina i svariv pa ne ja ni proba[sm=smiley13.gif]




vezilka RR -> RE: Костени (31.10.2012 12:29:17)

Уф, костените се супер храна. ЈАс ги сакам печени, ама и варени не се лоши. Лани не ми дадов на НИкола оти некаде прочитав дека се за над две години. Годинава секако ќе му дадам..ако има убави костени, оти коштанџиите се жалеа дека нема убав род годинава. [sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Костени (31.10.2012 13:46:23)

Причини зошто да јадете костени



Овој есенски плод, чија миризба веќе со седмици се шири низ улиците, гарантира вистинска забава и уживање. Богат со витамин Ц и мал процент на масти и уште многу други причини зошто овој плод би требало да се најде на вашето мени...

1. Богат е со витамин Ц, карактеристика која го издвојува од останатите плодови - припадници на ова семејство овошја. Костенот имено, содржи помалку од 70 калории на 30 грама, што го прави намирница - идеална за слабеење.

2. Нетипичен го прават и фолатите со кои изобилува, поточно витаминот Б9, кој најчесто се наоѓа во лиснат зеленчук, а не во лушпестите плодови. Инаку корисен за еритропоеза и синтеза на ДНК.

3. Костенот е извор на влакна, кои помагаат во намалување на нивото на холестерол. За да ги задоволите дневните потреби, препорачливо е да внесувате 85 грама. Јадејќи костен, внесувате фосфор и магнезиум, кои се важни за метаболизмот кај коските, како и калиум кој го балансира нивото на натриум, пулсот и крвниот притисок.

4. Не содржи глутен - што го прави популарна намирница во безглутенската исхрана. По својот состав има најголем процент на скроб, што го прави сличен на пченката и компирот. Брашното од костен се користи при подготовка на колачи, сладолед, супа и сосови.

5. Дивиот костен не е за јадење, но има лековити својства. Чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис. Како состојка на козметичките креми се покажал ефикасен во борбата со проширени вени и целулит.




SkCura77 -> RE: Костени (3.11.2012 20:56:13)

Обожавам костени, варени, печени, а сум јадела и колач од брашно од костени, пита со костени и други овошја, а највкусно ми било телешко печено месо со костени и зеленчук, а бе да утепаш сите наоколу и да си изедеш све сам. [sm=smiley36.gif]
Ич не знам рецепти за јадењава, зашто сите сум ги пробала на гости, по некои слави, родендени и сл.
Ако знаете / имате некои рецепти за јадења со костени, обавезно пуштете во соодветна тема.
Син ми има 15 месеци, не знам дали смее да проба.




Maca25 -> RE: Костени (3.11.2012 21:11:24)

Сите тројца дома обожаваме костени. Кај нас кога се варат костени, се варат по 2 кг. - да има за сите.
Баш деновиве јас и Н. сами си шетаме навечер на Плоштад и секоја вечер си купуваме печени костени и тоа си вечераме.

Имам слушнато, не знам колку е вистина, дека костени треба да се јадат пред оброк, а не после оброк затоа што после оброк создавале киселини? Точно/неточно? Знае некој?




Barbicki2 -> RE: Костени (3.11.2012 22:04:39)

Maca mislam samiot kosten deka e tezok za zeludnik,pravi kiselini kako i da go jades. Jas obozavam peceni,uf epten sakam,baba mu na mm sekoja godina bere,i imame po 3 meseci za jadenje.




Pepelaska * -> RE: Костени (3.11.2012 23:19:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR


Имам слушнато, не знам колку е вистина, дека костени треба да се јадат пред оброк, а не после оброк затоа што после оброк создавале киселини? Точно/неточно? Знае некој?



Нутриционистите препорачуваат костенот да не го јадете во комбинација со друга храна, пред се поради фактот што ова овошје потешко се вари во желудникот.
И јас имам слушано за ова, а и општо за секое овошје да не се јаде после оброк, сабајле ке правам торта со костени , ако излезе убава имате рецепт[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Костени (12.11.2012 16:23:59)

Пробав да му дадам костени, не ми ги сака [sm=zmeden.gif] ДА не има некој примамлив рецењпт со костени да му ги приближам? Кажувајте..




AndreaS -> RE: Костени (12.11.2012 18:21:53)

Ако јаде млечна кашичка, можеш да ставиш малку внатре, или пак ако јаде блендирано овошје исто можеш да му смешаш.
Можеш да засладиш со мед, да нарендаш чоколадо одозгора и верувам ќе прифати.




Bethany -> RE: Костени (1.11.2013 21:58:33)

Ако поради нешто сакам есента, тоа ќе биде поради костени!
Значи ги обожавам, печени и варени!
Додуша дома само ги варам, не знам како би можела да изведем да ги испечам, ако знае некој нека пише [sm=smiley1.gif]

А на Ј ќе му биде жал еден ден бидејќи ќе разбере што е пропуштил [sm=smiley36.gif] .
Ниту да ги погледне, а камоли да проба, освен да му ставам во нешто како чоколино, друга идеја немам [sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Костени (2.11.2013 22:38:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Ако поради нешто сакам есента, тоа ќе биде поради костени!
Значи ги обожавам, печени и варени!
Додуша дома само ги варам, не знам како би можела да изведем да ги испечам, ако знае некој нека пише [sm=smiley1.gif]

А на Ј ќе му биде жал еден ден бидејќи ќе разбере што е пропуштил [sm=smiley36.gif] .
Ниту да ги погледне, а камоли да проба, освен да му ставам во нешто како чоколино, друга идеја немам [sm=zmeden.gif]


Па можеш да му ставиш во некое друго јадење да во чоколно или не знам ако јаде житарици со овошје можеш и во тоа. М смао ме прашува кога ќе купиме и ќе морам да купам добро ме потсети, инаку и јас ги сакам повеќе печени си ги печам на шпорет на дрва, а ако немаш мислам дека можеш и на електричен, малку ќе ги засечиш на краевите, зашто ако не се пресечени пукаат и скокаат од шпорет[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Костени (28.11.2013 12:45:48)

Pred nekoj den svariv kosteni...prekrasni bea ,ja ubiv od molenje edno bar da kasne da vidi sto propusta,i na kraj so sila pola kasna i napravi faca deka i se povrakja i go plukna[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]
sledniot pat nema da ja teram,pred nea ke si jadam pa moze ke izrazi zelba da proba




vezilka RR -> RE: Костени (29.11.2013 13:54:16)

Ние годинава напредуваме со костените. Ги печеме, и така каснува по неколку. Не многу, ама каснува.




Страница: [1]