tereza -> RE: Верувате ли во судбина? (30.5.2010 22:30:17)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki И јас не верувам дека е нешто негде запишано, едноставно се што ни се случува е сплет на околности, некогаш можеме нешто да промениме, некогаш едноставно ќе задоцниме. Зборот судбина јас го употребувам само за она што веќе поминало и неможе веќе да се менува а иднината верувам е во мои раце. Е сега сигурно дека не си замислувам дека сум семоќна, постојат нешта кои едноставно неможеш да ги контролираш, за кои ќе нема објаснување, кои едноставно се случуваат наспроти нашата воља и нив ги прифаќам како дел од животот, не ги припишувам на накоја поголема сила. потпис за ова. Не верувам во судбина,до сега сто пати сум дошла до истото,дека работите(добри или лоши)што ни се случуваат,во најголема мера зависат од нас.Е сега нормално на она на што не можеме да влијаеме треба да го прифатиме како такво,не како судбина,туку како нешто што е неминовно да се случи
|
|
|
|