Ikana -> Климатски промени (3.11.2012 7:54:34)
|
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Kлима е повеќегодишен режим на времето во еден регион. Времето во еден регион може да се менува во пократки временски периоди но промените на климата се забележуваат само на долги периоди. Тоа е така бидејќи податоците за тоа каква е климата се собираат преку долгогодишни набљудувања и проучувања на сите метеоролошки елементи и појави. Кога режимот на времето ќе се промени тогаш станува збор за климатски промени. Климатските промени се предизвикани од глобалното затоплување, а тоа е постепеното затоплување на целата наша планета. Кога на Земјата е потопло, тогаш тоа резултира со промена на распоредот на дождовите, промена на нивото на морињата и силни влијанија врз дивите животни и луѓето. Кога научниците зборуваат за климатските промени, тие најчесто мислат на глобалното затоплување предизвикано од ефектот на стаклена градина. Стаклените ѕидови на градината ја пропуштаат топлината, но не дозволуваат таа да излезе. Како резултат на тоа, внатре станува многу топло и растенијата можат да растат дури и на места каде што најчесто е престудено за нив. Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера. Атмосферата која е делумно составена од воздухот кој ние го дишеме всушност е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример јаглерод диоксидот, имаат исти својства како стаклените панели на стаклената градина и не и дозволуваат на топлината да избега од планетата; затоа тие гасови ги нарекуваме стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвата и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакланички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина. Стакленичките гасови се природни и кога се во соодветен дел тие се од голема корист за Земјата. Тие ја подигнуваат темепературата на нашата планета и без нив би било престудено за да се преживее. Но кога ефектот на стаклена градина е премногу силен, тогаш температурите растат пребрзо и превисоко. Дури и најмалите промени на температурата може да имаат сериозно влијание врз животите на луѓето, животните и растенијата; неочекуваното покачување на темепературите придонесува и кон екстремни климатски феномени, како урагани, поплави, топлотни бранови, суши и бури, како и покачување на нивото на морињата и топење на ледниците. Ќе се променат почетокот и крајот на годишните времиња и тоа ќе има силно влијание врз Земјата. Еден од начините да се проучат климатските промени кои се случуваат е преку набљудувањето на миграцијата на птиците: тоа е идејата која стои зад проектот „Пролетта доаѓа!“ Заради климатските промени птиците порано се враќаат од зимските места на живеење и порано несат јајца. Тоа значи дека некои од нив може да имаат проблеми со наоѓање на храна, инсекти и овошје, бидејќи е можно тие сè уште да не се појавени. Тие исто така може да откријат дека нивните живеалишта кај нас повеќе не им одговараат затоа што станале премногу влажни, премногу суви или претопли, и тоа ќе натера да се преселат во нови области. Што можеш да направиш за да го намалиш нивото на стакленички гасови во атмосферата? Пробај го следново: - штеди струја дома и на училиште (исклучи го светлото кога излегуваш од собата, не ги оставај вклучени електронските апарати итн.); најголем дел од оваа струја се добива преку горењето на горива кои произведуваат стакленички гасови, - користи јавен превоз и велосипед наместо автомобил; кога согоруваат бензинот и дизелот во моторите произведуваат многу стакленички гасови, - посади дрвја, тие го апсорбираат јаглерод диоксидот од атмосферата, - одделувај го и рециклирај го отпадот, со тоа се намалува енергијата која е потребна да се прозиведат нови производи, - купувај производи кои ја штедат енергијата, - информирај ги и другите за климатските промени и за тоа како можат да помогнат во намалувањето на нивите ефекти. Извор: springalive.net
|
|
|
|