|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:33:30   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels

Вчера кога ја земав ќерка ми од градинка,воспитачката ми рече дека во четврток таа не била на работа,а другата ќе била сама со 13 деца па ако имало кој да ја чува дома да не сме ја носеле user posted image ..... мене некако ова не ми е во ред,ај ваше мислење ?????

Пред 2 недели во малите јасли на нашата градинка, една негователа беше сама со 20тина деца, од 13-16 часот. Тоа поради задолжителното користење на лански одмор.
Не спомнаа дека ќе биде добро да седиме по дома. дека не може да постигне. Ама самата си ги кажа реалните услови во кои работата, и дека не примаат нов кадар, а волонтерите и оние со договор на определено ги испуштиле .
Нивни проблем е како ќе се снајдат и ќе се организираат, но не смеат да мрчат-детето дома да седи, ако има кој да го чува, зашто секој си знае услови и можности за да го праќа во градинка.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:40:49   
AnnaMolly RR
Мене лани ова време исто вака со „финти“ сакаа да ме натераат да седи дома детето.
Греота е, нема многу воспитувачки да им посветат внимание. После ми викаа греота е нема многу деца, нема со кој да си игра. А гледам дека нон стоп доаѓаат деца од негова група.
Колку и да нема воспитувачки, сигурно нема гладен и жеден да остане.
Откако не им успеа ова ме форсираа брис да му направам (зашто нели има гоооооолеми шанси да има некоја бактерија без никаков симптом), па да имаат оправдување да не го примат. И кога им донесов негативен брис веќе се откажаа од убедување да не го носам.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:44:57   
mommy_angels RR
да можев јас да си седам дома и да си ја чувам до 2 1/2-3 години ,ќе беше така и немаше да ја влечкам во градинка од 12 месеци па да трчам 1 до 2 пати месечно по доктори.Од низа причини за кои претходно пишав некаде во друг пост,мора да се работи,а дали градинката има персонал или не,е само нивни проблем и нека си го решат тоа со општина или било кој друг што може да влијае таму .user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:48:16   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR



Нивни проблем е како ќе се снајдат и ќе се организираат, но не смеат да мрчат-детето дома да седи, ако има кој да го чува, зашто секој си знае услови и можности за да го праќа во градинка.


Ама пак од друга страна и наш проблем е бидејќи ние нашите деца ги носиме таму. Значи како и да свртиш, најголем проблем е малиот број на кадар во градинките. И каква си ја имаме државата, проблемите да не се решаваат од коренот, туку обратно, за да почне да се збори околку ова прашање, треба ние родителите да притискаме.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 11:58:00   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR



Нивни проблем е како ќе се снајдат и ќе се организираат, но не смеат да мрчат-детето дома да седи, ако има кој да го чува, зашто секој си знае услови и можности за да го праќа во градинка.


Ама пак од друга страна и наш проблем е бидејќи ние нашите деца ги носиме таму. Значи како и да свртиш, најголем проблем е малиот број на кадар во градинките. И каква си ја имаме државата, проблемите да не се решаваат од коренот, туку обратно, за да почне да се збори околку ова прашање, треба ние родителите да притискаме.


не да е наш проблемот.... еве од вчера се мислам дали навистина да ја однесам,оти една жена со 13 бебиња,треба трипати само да ги нахрани и пресоблече user posted image ,тоа ми изгледа физички невозможно...и навистина ај овие нашиве по цел ден што се фалат направивме ова,направивме она,нека се заангажираат малку за градинките,па може и ја некогаш ќе излезам да гласам

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 12:01:40   
sandriana RR
Треба да притискаме, ама слабо ни оди...Од ниво на градинка, на општина, град, па надаље.....Уште ја немаме таа свест доразвиено, за жал...

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 12:08:17   
Bonzitka
Nekolku pati kerkami doaga doma se zali ja ceska dudeto, gakuckite prljavi i i vikam pa dobro ne te brise ucitelkata? I mi vika pa mi rece deka nema toaletna.pa si nosime caski,vlazni maramici ako treba i toaltna bar neka kazat.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 12:16:40   
Mihaela 2010
E da na prasanjeto dali ja brisat i mojava mi go vika istoto nema hartija,a kaj odat vlaznite so im gi nosime mesecno?user posted image

(Одговор на членот Bonzitka)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 12:29:06   
mommy_angels RR
јас ги опоменав повеќе крема да и ставаат оти почна да се вцрвува,па ако им треба и почесто ќе им носам иве во последно време е ок,па ќе видиме , може зборувањето се исплати

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 12:41:22   
Beatris
Ова со бришењето го кажуваше и Џесика на времето, ама ептен не ми беше верно, како бе може да остават така дете и да не го избришат, стварно ми е сулудо, па и да нема ни марамче ни бутур ќе се снајде некако, а да не спомнувам што родителите носат на тони, срамота е, треба пред се да си човек без да навлагам во професионалната определба на тие што очигледно само на хартија се викаат негувателки и учителки

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 13:57:59   
Felly RR
Овој проблем се случува и кај нас - иако носиме и тоалетна хартија и влажни марамчиња од дома, кога децата мочкаат никој не ги бриши, единствено кога какаат ги бришат. Еднаш Матеа ми го кажа ова - јас и реков, па ако не те бриши учителката, ти земи си хартија, избриши се сама, на што таа ми рече дека стои некаде високо и не може да ја дофати user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 18:10:15   
masa
Ние носиме само влажни марамчиња,тоалетна хартија имаат големи бели котури,значи не е од оние сиви,црвени,пак е мека тоалетна хартија,но понекогаш ги гледам жолти гакињата,но и мене дома некогаш сама ми станува и не дочекува да ја избришам одма крева гаќиња,па се учиме и зборуваме,ваљда ќе запамтиме набрзо user posted image Во последно време два пати си иде и со црвено газе,но тоа е откако им ја зголемија групата и беа 26 деца,па воспитувачките неможат стварно да престасаат.Јас едниствено ја имам таа замерка за бројот на децата во групите,а денес како да видов и ново девојче.Ајде летово дел секако не идат,ама од есен кога секако има нови запишувања,незнам што планираат да прават.Незнам само кога е најпогоден момент дали сега летово или крај на авуст да одам да разговарав со службата да не ја направат групата 30 деца на 3 годишна возраст,стварно верувам дека неможат да престасаат воспитувачките сите да ги нараант пресоблечат избришат,а каде е воспитиот дел?Па неможат да ги надвикаат како прво.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 18:19:09   
Felly RR
Сега ме потсети - друго што ми смета оваа година е што нон стоп ги преместуваат децата во групите, два-три месеци и оп, во другата група. Од кога сме почнати само 3 дечиња ако се останати исти во групата со М, другите сите ги преместија, и се само нови....нови... и нови.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.6.2013 19:02:32   
Maca25
Тоа со небришењето колку ме нервира. Да, децата се може големи да мочкаат сами, ама неможе никој да ме убеди дека дете од 3-4 години може само убаво да се избрише. Затоа јас веќе 2,5 години мака мачам со црвенила кај ќерка ми, само поради тоа небришење после мочкање. И самата кажува дека не ја бришат, дека дури ни хартија не им даваат за во вц, дека ги прашувале дали ќе какаат или мочкаат, ако кака да им даде хартија, ако не нема хартија. За што носиме ние секој месец хартија?! За што носиме марамчиња, кога не ги користат?
И мене летово ме прашаа колку време ќе отсуствува Н. од градинка, кој период, и беа пак зачудени кога им реков дека ќе си оди цело време во градинка, освен во август кога ќе одиме на одмор. Као греота било детето, цело лето во градинка да го помине.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.6.2013 9:24:57   
AneLav RR
Оваа тема посебно ме интересира, до година здравје боже ќе ги пуштам децата во градинка, барем така планирам. ёу словите во Ск се заникаде, а можам да замислам овде какви се. Па ние дома им се тресеме толку ги бришеме ги бањаме сто пати на ден во лето па не е ни чудо што фаќаат инфекции во градинките. Не ги чуваат воопшто. Па зошто бре луѓе не се поведе сметка малку за тоа децава ни сеиднина, а кого да прашаш сите а тргнат во градинка нон стоп болни се аман не знбам што ќе се прави!! Од една страна дома да ги чувам што ќе им правам по цел ден таму имаат програма се социјализираат ама па затоа нон стоп се болни, дајте совет!!!

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.6.2013 10:02:52   
Slagjana
И кај нас во градинка децата не се секогаш избришани после мочкање. Носиме тоалетна хартија од дома, ама воспитувачката сама не може да постигне да ги избриши сите деца навреме. И дома често пати ќерка ми сама си станува од нокшир и ги крева гаќите пред да успеам да ја избришам. Значи не ги обвинувам воспитувачките за тоа, туку што се многу деца во една група. Моментално во групата од 3-4 години се 27 деца, а од септември ќе биле 35. Самите воспитувачки не тераат да се буниме ние родителите, оти тие не можеле ништо да сторат околу тоа. Освен од бројот на децата, не сум задоволна и од исхраната. Малку повеќе овошје и свеж зеленчук треба да има. Ама затоа пак дома го надокнадуваме тоа.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
15.8.2013 15:44:32   
Mihaela 2010
Се очекува до крајот на годината да се реализираат најавените промени во Законот за детска заштита, со кои воспитувачките и негувателките во градинките ќе мора да добијат лиценца за работа ако сакаат и во иднина да работат со деца. Ова е последната најава што ја добиле воспитувачите што работат во државните градинки од надлежните во Министерството за труд и социјална политика. Велат дека со измените ќе се воведе нова форма на згрижување, воспитание и образование на деца од претшколска возраст - центар за ран детски развој, следење на присутноста на децата и кадарот во градинките, како и ќе се воведе електронско досие за децата со информации за нивните активности и афинитети или евентуални проблеми.

- Во моментов немаме најави што конкретно ќе треба да исполни еден воспитувач за да ја добие потребната лиценца. Но очекуваме наскоро да се реализираат измените во законот - изјави Вита Јаковлевска, директорката на градинката „Пролет“ во скопската општина Карпош.

Марија Ангелова, директорката на градинката „Снежана“ во Чаир, пак, очекува до крајот на годината таа и нејзините колеги да се стекнат со соодветна лиценца за згрижување и воспитување на деца.
- Обуката на воспитувачите и негувателите и полагањето на тестовите ќе бидат пресудни за добивање лиценца за работа со деца - додава Ангелова.

Од ресорното министерство велат дека треба да подготват испити за воспитувачките и за негувателките, а ист таков испит е предвиден и за оние што ќе конкурираат за директорските места во градинките.
Поранешниот министер за труд и социјала, Спиро Ристовски, кој го најави овој проект пред една година, рече дека е неопходно стручниот кадар да се усогласи со новото време, односно, дека едно било да се воспитува и згрижува дете пред триесетина години, а сосема се други околностите сега.

Во електронското досие ќе биде содржан целиот индивидуален план за работа врз основа на потенцијалите на детето. Секој ден ќе се бележат достигнувањата и тешкотиите со кои се соочило детето, а родителите за тоа ќе бидат известени на крајот на работната недела.

Според податоците на министерството, во државата функционираат 54 детски градинки во 43 општини. Во нив се згрижуваат околу 26 илјади деца.

Во градинките има околу 3.750 вработени. Од нив, некои се вработени со договор на дело, со договор на определено, а дел се и на неопределено.
Go citam ova sega i mi izgleda na dosta dobra idea..
Pogotovo mi se dopadna delot kade sto sekoe dete ke ima svoe dosie,ke go sledat vo tekot na cela nedela i krajot na nedelata ke go izvestat roditelot kakvo bilo deteto preku celata nedela...
Da vidis da ne veruvas

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
16.8.2013 17:42:29   
Felly RR
Досие мислам дека имаат и сега, барем големите групи. Само работата е што не ги информираат родителите редовно, или да не речам воопшто не ги информираат.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.8.2013 10:21:31   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Досие мислам дека имаат и сега, барем големите групи. Само работата е што не ги информираат родителите редовно, или да не речам воопшто не ги информираат.user posted image

Jas za vakvo nesto pojma nemam dali imame vo gradinka,ama bidejki nikoj ne ne informiral znaci i deka ne ni vodat dosie..
Od septemvri neguvatelkata sto im bese ke im stane ucitelka,pa ke bide lele majko,se se ama deka ke gi nauci nesto tesko..uff seriozno pocnav da razmisluvam da ja zapisav vo nekoja privatna gradinka,belki tamo po asalni seuser posted image


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.8.2013 16:04:38   
masa
И мене ми се допаѓа постот на Mihaela и дајбоже побрзо да се реализира.Гледам дека никаде ги немаат евидентирано и волонтерите иако во нашиот клон имаше минатата година 3.Нив ги водат како негователки и маста им ја вадат со секакви вонредни активности и на крај со години чекаат да им се реши статусот за бедни 3000 ден плата,а се сите со факултет за разлика од бабите воспитувачки кои идат на работа ради реда и многу тешко ги прифаќаат промените.Секако дека не е исто пред 30 години и сега и сум за овие дополнителни испити и лиценци.Мора да се знае кој е способен за работа со деца!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.8.2013 16:15:40   
Mihaela 2010
Jas mnogu bev zadovolna od ucitelkata kaj kerka mi koja 2-3 godini bila volonter,i bidejki bez vrski taa sto bese neguvatelka ja stavaat ucitelka sega a na drugava i vikaat da bide na nejzino mesto -neguvatelka i da i dadat resenie,no ucitelkava ne prifatila,navodno ona ucela za ucitelka i najverojatno vekje ne se ni vrakja..izkreno mi e mnogu krivo bidejki vo nea se krstevme i veruvavme deka ke bide dobro za decava da im bide taa no za zal nisto ne ispadna ...
a za toa sto vikas deka postarive idat kolku da im pomine redot za toa si vo pravo,mm koga edno sabajle ja odnese kerka mi,iskaca vika edna postara i kao kako ste sto pravite i taa na toa mu rekla:eve go broime denovite na odmor da si ideme...muabetot kazuva se

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
4.9.2013 18:22:35   
Felly RR
Кај нас од оваа година, нема да се носат крпи за бришење раце, туку ќе си носиме хартиени кујнски бришачи. Вистина е дека родителите се изложуваат на поголем трошок, но мене стварно ми е попрактично. Инаку сите се бришат со една крпа, и поголема е шансата за ширење на вируси/бактерии, вака си велам почисто ќе биде.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
4.9.2013 23:53:50   
Bilence2
Da ne go citiram dilgiot post na Mihaela, sakam da kazam deka prvo treba da naucat na kompjuter da rabotat. Pred dve nedeli koga barav mesto vo nasata reonska gradinka, pobarav da mi dadat baranje za upis da popolnam, i taa mi vika nemame ispecateni primeroci a nemale ni pecatar odi (od K4) vo K2 da ti dadat baranje. E velam da ne odam do tamu moze li na e-mail da mi go pratite pa jas ke si go otpecatam. Mi odgovara ...aaaaa nemame nie toa. ??? Molam? Kako? Znaese li zenata voopsto sto e e-mail mi ostana dogma do den denesen.
Ne zboruvam za site ucitelki, ami pretezno za postarite. Pogolemiot sin imase ucitelka koja sama gi snimase pretstavite za decata i ja pravese sama i montazata na snimkite. I ne samo toa tuku i materijal za rabota se podgotvuvase na PC. Zenata na facebook objavuvase skoro sekoj den fotografii od decata vo gradinka (vo zatvorena grupa kade se samo roditelite na decata) i komunikacijata bese izvonredna na toj nacin.
Znaci bilo kakvi promeni treba prvo da go smenat mentalitetot na zenite koi rabotat so decata so principi kako od pred 30 godini, da go izbrisat toa nivnoto...e sega, otsega na stari godini li ke ucam...i da se prilagodat prvo oni na denesnicava, a posle da bidat del od voapituvacki i obrazoven proces.
Vo sekoj slucaj uslovite se skromni(barem za tie gradinki koi gi znam vo sk) no coveckite resursi se definitivno nezadovolitelni. Cest za isklucocite!!!

< Поракaта ја уредил Bilence2 -- 4.9.2013 23:58:20 >


_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.9.2013 9:26:31   
AnnaMolly RR
Според мене, условите во градинката на Филип се и повеќе од задоволителни. Сум пишувала стопати, ама еве ќе повторам.
-лани од темел е реновирана градинката, со нови прозори, врати, подови и мебел (шкафови, маси, столчиња)
-чисто е секогаш
-јадењето им е одлично, разновидно
-воспитувачките во неговата група се одлични, а тоа се гледа по Филип, ги учат, ги едуцираат, многу убаво ги анимираат

Честопати се организираат работилници со родители, учителките секогаш се расположени за разговор. Ние со родителите се менуваме еднаш месечно праќаме фотоапарат да ги сликаат во текот на денот децата и имаме милион слики, се гледа како убаво си играат и си учат децата, како си јадат на масички, како се мијат рачиња...

Јас сум презадоволна од неговата градинка.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.9.2013 11:32:38   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Кај филип последната сабота во месецот учителката останува до 18:00 и секој родител може да дојде и да влезе во занимална, да си разговара со неа.



Ова со приемниот ден е пракса во сите градинки, или? Јас не сум чула за кај нас, и никој не ми спомнал. А има логика, нели, сабајле на врата не може да се задржи да ти објаснува повеќе од 2 минутки, нели. Ајде кажувајте дали и кај вас има приемен ден?

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 5.9.2013 11:34:26 >

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?