Pepelaska * -> Скијање (4.11.2012 17:12:23)
|
Пред нас е зима.Верувам дека ќе има и снег.Имаме толку преубави места за скијање, како Пелистер, Кожуф, Крушево, Маврово и слично.Го сакате ли скијањето? Мислите ли дека е добар спорт ? Според мене милион пати е подобро децата да ги носиме на скијање отколку да седиме во затворени и зачадени простории. Еве некои информации кои ги најдов во врска со скијањето. Децата можат да научат да скијаат кога ќе научат добро да одат, околу 3 години.Правилно скијање се учи околу 7 8 години. Доколку детето не сака , немојте со сила да го терате на тоа. Треба да биде добро облечено, детско ски- одело од материјал отпорен на ветар и влага, шал, топли чорапи. Никогаш да не купувате поголем број бидејќи може да го отежне скијањето и детето да се повреди. Многу мали деца не се носат на планина зашто сеуште не може да се прилагодат на промена на притисокот. Добро би било ски центарот да има програма за деца.Децата тоа го сакаат само ако им е забавно.Многу методи содржат малку објаснување и многу копирање на движењето.
|
|
|
|