Cipi Ripi -> RE: Православни Vs. католички празници (8.11.2012 8:16:22)
|
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј - Митровден Ова е нашата куќна слава, ја празнуваме сите, баба ми и дедо ми на заслугот, мајка ми и татко ми на денот, а ете се случи да таму кај што се омажив ја слават само оваа слава отсекогаш. Јас многу се радувам на Митрвден бидејќи нели ќе се собереме сите, и ќе си ги видам сите роднини и пријатели. Јас ги сакам празниците, православните, католичките не ги славам ниту сум ги славела. Со мм никогаш не сме си купиле поклони за Валентајн. Ноќ на вештерките, тоа па ич нејќам да го коментирам. Омилени ми се празниците околу нова година, Св. Никола, Бадник, Божиќ, Св. Јован.
|
|
|
|