mami -> RE: „Глумење оргазам“ (20.1.2010 9:09:19)
|
Значи не се само жените кои глумат оргазам, и мажите знаат да го направат тоа и еве како и зошто. Испуштаат звуци и го забрзуваат темпото, за да не се открие дека не се во состојба да одат до крај, а причините за ваквото однесување се мошне разбирливи. Крај на ерекцијата Мажот глуми оргазам кога ќе забележи дека не може да додржи до крај, а неговата партнерка сака уште. За да не се покаже како помал маж, тој ја врти ситуацијата во своја корист и се оправдува дека бил премногу возбуден и нештата се надвор од негова контрола. Премногу мастурбација Ова се случува кога мажот пред да има секс со својата партнерка, малку повеќе самиот се задоволувал. Кога има реален секс, се наоѓа во ситуација кога не е сигурен бидејќи ја нема својата рака за да му помогне. Затоа што се потрошил претходно сега не е во состојба да оди до крај, па затоа глуми. Не сака секс Кога вашиот партнер не е заинтересиран за секс, а гледа дека вие сте загреани решава да ви ја исполни желбата, но тоа значи дека ќе треба да го одглуми оргазмот. Бидејќи вие нема да станете и да го проверите кондомот, тој лесно ќе може да си ја реализира целта. Исцрпен е Секојдневните обврски целосно го исцрпеле, но неговата должност не смее да остане неисполнета. Затоа тој мошне вешто ќе реши да го одглуми оргазмот. Страв пред важниот момент Ако мажот почувствува дека премногу се очекува од него, може да се исплаши од неуспех. Некои мажи едноставно не се премногу искусни во сексот, а нивната партнерка очекува одличен љубовник, па затоа за да си ги скратат маките глумат задоволство. Досаден секс Понекогаш со текот на времето сексот станува неинвентивен и нединамичен. Затоа мажот чувствува дека односот со партнерката се сведува на рутина која што треба да биде завршена и не се внесува доволно.
|
|
|
|