Bethany -> RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? (10.12.2014 22:50:42)
|
Смислив што да му подарам. Бидејќи тој самиот не изрази некоја посебна желба, а и се има од коли и превозни средства итн. ќе му купам уште една книга, видов има со Том и Џери, тој многу ги сака, зедов еден пакет со пластелини и форми за правење од џамбо, многу убаво спакувано во кутија. Исто видов во Џамбо и тоа во женски одел [sm=smiley36.gif] еден апарат како за правење еспресо кафе, со две шолји и кафе, и кога стиснеш на некои дугмиња демек звукови разни како прав апарат за кафе што дава и ми беше многу симпатично. Тој ионака ми демек вари чај, кафе, ми готви со тоа неговите чинии, или глуми доктор, неодамна му зедов прибор за доктори, па сигурна сум и ова ќе му се допадне. Се ќе запакувам посебно и плус пакетчето и ќе се радува. Тој на се се радува, ко дете :)))
|
|
|
|