Природен пораѓај по царски рез (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Snowhite RR -> Природен пораѓај по царски рез (19.11.2012 19:24:49)

Извесно време ме интересира оваа тема, а и денешнава статија ме инспирира да ја отворам
Имено јас сум царски рез со првото и знам дека после еден царски слендиот повторно ќе биде царски.
Поради тоа јас некако не се плашам за пораѓај овој пат зашто мислам дека кога ќе влезам во 9ти ќе си закажам царски без да чекам болки.
Но од друга страна сакам да искусам како е природно, иако мислев дека тоа не е возможно, иако колешкава од работа првото го родила со царски, а второто природно, сега со статијава малку ме подзамисли, па сакам да слушнам и други искуства, т.е. дали има и друга на форумов која имала природен пораѓај после царски рез и како поминала




Mia malecka -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 0:00:07)

Истото и јас денес се подзамислив со статијава и баш попладнево бев на редовна контрола и разговарав со мојот гинеколог за тоа. Тој вака ми објасни: доколку се породам околу терминот 5 дена пред - после, ќе мора повторно царски рез, зошто очекува бебето да биде големо и постои извесен ризик при вагинално породување. Но ако е дури и 2 недели порано при спонтано добивање болки и доколку е помало во тежина (сите деца различно нели се раѓаат) ќе се обидеме природно. Рече се зависи од моментот. Здравје само па ќе видиме, да дотуркаме до крајот прво [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 11:06:37)

И јас сум царски, а мноооогу сакав природно, но не можев. Ми беше карлично извртено бебето до последен момент. Па ептен ме заинтересира статијата. Таму пишува дека доколку причината за првиот царски не е пречка во втората бременост, може да дојде до природно породување. Ама тука е и мојот висок притисок и шансите повторно да имам прееклампсија, па со тоа мислам дека ми се намалуваат шансите за природно породување. Ќе видиме кога ќе дојде до тоа, сега син ми има 2,5 години, а до следната бременост планирам да поминат уште најмалку 3 години. Има време до тогаш, ама ептееееееееен сакам природно породување.




Maria -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 12:28:13)

Snowhite и јас знам за ваков случај една моја комшивка првото го роди царски,а второто природно.Децата и се разлика 5 години.Па кога бев влезена во 9ти месец со Андреј сакав да си закажам царски,зошто многу ми беше страв..[sm=smiley13.gif],па таа ми рече: Слушај сум искусила и така и така,по природен пат е далеку поубаво во секој поглед,па ти како сакаш.[sm=zmeden.gif]Така ме предомисли и си родив пак по природен пат и си поминав многу полесно од првиот пат.[sm=smiley36.gif]




Cipi Ripi -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 13:18:06)

Може доколку е се во ред со родилката и плодот. На мм прва братучетка се породи со првото царски со второто природно. За првото беше во државна и како што самата знае да каже - ме исекоа, за второто беше во Систина и ја породија природно, без никакви компликации.




oliva -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 18:27:30)

i jas sum carski so prvoto dete,no sega sum isplasena da ne me stavat prirodno da rodam,jas sakam carski,samo me cudi toa sto vikate da vi zakazat,pa kako odat tie raboti so zakazuvanje,jas koga se porodiv so prvoto,imase edna zena koja se poroduvase prirodno,a prviot i bil carski,zenata ne sakase ,bese so eden bubreg ama na klinika taka ja teraa,pa jas zatoa sega se plasam,nikoj ne mi garantira kako ke se porodam




zelba -> RE: Природен пораѓај по царски рез (20.11.2012 23:48:08)

дали има и друга на форумов која имала природен пораѓај после царски рез и како поминала


da [sm=smiley1.gif]

posle carski se porodiv prirodno i ako se e vo red so majkata i bebeto obicno odi prirodno ma da jas i na carski si pominav super brzo zakrepnav ne bese nisto strasno taka da mene mi bese se edno
prvo si zamisluvav ke ispukam celata i to na sivenata rana od arski [sm=smiley36.gif] ama ne se bese super

ic ne se sekiraj se ke bide vo red




KALA84 -> RE: Природен пораѓај по царски рез (21.11.2012 21:51:52)

И јас сум царски, а мноооогу сакав природно, но не можев. Ми беше карлично извртено бебето до последен момент. Па ептен ме заинтересира статијата. Таму пишува дека доколку причината за првиот царски не е пречка во втората бременост, може да дојде до природно породување. Ама тука е и мојот висок притисок и шансите повторно да имам прееклампсија, па со тоа мислам дека ми се намалуваат шансите за природно породување. Ќе видиме кога ќе дојде до тоа, сега син ми има 2,5 години, а до следната бременост планирам да поминат уште најмалку 3 години. Има време до тогаш, ама ептееееееееен сакам природно породување.

AnnaMolly, znam deka ne e tema na razgovor, ama ke te molam ako sakas da mi objasnis za preeklampsijata, bidejki veke si go iskusila toa. Jas posle sesti mesec dobiv otoci vo nozete, a veke pri krajot na bremenosta otekov uste poveke vo nozete, racete i liceto. Vo tekot na bremenosta se popraviv 16 kilogrami, od koi 7 naglo gi kaciv posledniot mesec. Pritisokot vo celata bremenost mi bese 70/110, a na posledniot pregled koga bev mi izmerija 90/130. Proteinite vo urina mi bea na granica. Mojot ginekolog ne mi kaza nisto okolu toa, najverojatno za da ne me isplasi, bidejki jas insistirav na prirodno poragane, mislam deka vidov nesigurnost i strav kaj nego, zatoa sigusno sakase sto pobrzo da me porodi i taka zavrskiv so carski, za sto mnogu mi bese krivo. Za vtoro sakam da se porodam prirodno, no ne sum sigurna dali toa sto mi se sluci vo prvata bremesnost bese blaga preeklamsija i mi e strav da ne mi se povtori pak.




AnnaMolly RR -> RE: Природен пораѓај по царски рез (22.11.2012 8:18:25)

Кала, ќе ти објаснам се за прееклампсијата во порака.




Martins mom -> RE: Природен пораѓај по царски рез (22.11.2012 10:09:17)

Свекрва ми го родила мм со царски и по нецели три години ја родила сестра му природно,без никакви проблеми...пред 30години.




Фиданче -> RE: Природен пораѓај по царски рез (22.11.2012 15:16:18)

Dve moi drugarki prvite deca im se carski a vtorite prirodno, treba epten da ima prichina vo Gak ili Chair za da te porodat carski, mnogu visok pritisok, mnogu tesna karlica, a ako si krupna pak moze da te teraat prirodno, da probaat :) ili diopter mnogu golem. Ednata drugarka plachela , gi molela za carski ama lesno se otvorila bez bolki i ja porodile bez problem prirodno i prezadovolna e :) Znachi ima mnogu sluchai !!! So lesno !!!




Bilence2 -> RE: Природен пораѓај по царски рез (22.11.2012 22:17:46)

Prvoto mi bese so carski rodeno bidejki bese postaveno pedalicno- so nodzinjata nadolu ili turski sed. Vtoroto brse odlicno postaveno, merkite pokazuvaa okolu 3 kg no doktorot mi rece a sto da.rizikuvame ajde odma so carski da.zavrsime.rabota. jas panicno sakav da go rodam vtoroto prirodno, no ne se sluci. 6 godini bea pominati od prviot carski. Se se sluci na.klinika. edinstveno se plasev od epiziotomija i so toa me ubedi dr da odam na carski povtorno.:)
I ako treba pak da biram megu epiziotomija i carski- carski ke izberam. Pa veke sum isecena tamu na stomakot:)




Maca25 -> RE: Природен пораѓај по царски рез (22.11.2012 22:48:58)

И јас сум породена со царски, но ако имам уште едно дете пак би се породила со царски. Ем не смеам, поради тироидната, ем ми е некако врежано во глава дека со царски е подобро. Не знам, може до тогаш ќе го сменам мислењето, а и ќе слушнам ваши искуства и коментари [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Природен пораѓај по царски рез (23.11.2012 19:00:17)

Мислам дека нема врска тироидната жлезда и колешкава оваа истава што ја спомнав дека првото и е царски, а второто природно има тироидна, баш ќе ја прашам за ова.

Моите причини за царски беа следните:
-надминат термин 10 дена
-паѓаа тоновите на бебето
-не се отворав дури ни со инекции за провокација, а болки имав
Овие ако не се повторат овој пат мислам дека не се пречка за природен пораѓај
Е сега уште и:
- правена сум операција од колкот уште како мало бебе на 1 година
- тесна карлица
Овие две мислам дека беа пресудни, иако и гинекологот каде што одев на прегледи и тој што требаше да ме породи ми рекоа дека операцијата нема врска зашто немам никакви последици, дека сега сум здрава и таа операција е правена одамна, а за тесна карлица не ми спомнаа воопшто, кога ги прашав за операцијата ми рекоа дека слободно може да се породам природно. Ама докторот кој требаше да ме породи не беше на смена и другите се испаничија баш заради последниве две причини и ме породија царски. Затоа и сега мислам заради тие причини ќе ме породат повторно царски, плус и тоа што не се доволно спремни во нашата болница да во случај да тргне нешто наопаку да преминат на царски мислам дека нема да дозволат кај мене природно, а баш сакам.
Е сега во краен случај ако не може ќе барам со спинална, ако се спремни и за тоа, зашто болницава ни е катастрофа[sm=smiley13.gif]




Simona_k -> RE: Природен пораѓај по царски рез (26.11.2012 16:53:53)

Jas sum so carski so prvoto poradi toa sto bese poprecno postaveno i imav viskok pritisok se razocarav koga mi kazaa carski a psihicki se podgotvuvav za prirodno celi 9 meseci i na kraj operacija???????da morase!!!Sega sum pak bremena i ke insistiram da bide prirodno bez epiduralna...apcinja i neznam ti sto...Pa so gospod napred....




Lidina -> RE: Природен пораѓај по царски рез (11.12.2012 14:14:08)

Snowhite, не барај во Прилеп царски со спинална мислам никој не се нафаќа зошто не се доволно спремни. Освен ако немаш договорено со некој доктор посебно.
Ако можеш оди во Битола, подобро е со спинална, барем си будна цело време и веднаш ќе си го видиш бебето.
Со лесно




Snowhite RR -> RE: Природен пораѓај по царски рез (11.12.2012 19:18:02)

Да одам во Битола, а тројца доктори од Битола идат во нашава болница, сред зима ми е терминот не дека е многу далеку Битола, ама сепак, после за еден извод ќе треба таму да се оди. За спинална сепак мислам не е до гинеколозите, туку до анестиолозите, тие ако се нафатат.
Јас ја прашав мојата матична докторка, ми рече дека ако сум со првото царски, не мора да значи дека и со второто, тоа ќе зависи од големината на плодот, од поставеноста, ама сега рече уште е рано, па на следниот преглед, на крајов од овој месец ќе ме прати со упат кај некој од докторите кои се за пораѓање, па ќе видиме што ќе кажат.




Maca25 -> RE: Природен пораѓај по царски рез (12.12.2012 21:00:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Мислам дека нема врска тироидната жлезда и колешкава оваа истава што ја спомнав дека првото и е царски, а второто природно има тироидна, баш ќе ја прашам за ова.



Јас баш мислам дека не се препорачува природен пораѓај и давање голем напон кај жени кои имаат проблеми со тироидната. Барем мене докторот што ме пораѓаше ми кажа дека не сака да ризикува, затоа што не може да ми гарантира дека после пораѓајот се ќе биде ок со мене. Јас не би ризикувала.
Јас ако раѓам здравје уште едно дете пак планирам со царски да се породам.




kapina -> RE: Природен пораѓај по царски рез (12.12.2012 21:28:09)

stvarno i jas sakam da prasam vo vrsko so toa dali tie sto imaatproblem so tiroidna zlezda moraat da se poroduvaat so carski rez prasuvam za edna bliska osoba sto treba da se porode skoro veke i se blize terminot za raganje




Slagjana -> RE: Природен пораѓај по царски рез (13.12.2012 15:51:02)

Мислам дека не може општо да се кажи дека при проблем со тироидната жлезда ќе мора да следува царски рез. Има разлика во тоа дали се работи за хипо, или хипертиреоидизам. Во првиот случај ништо не менува начинот на породување и нема никаков ризик. Претпоставувам кај хипертиреоидизам поради симптомите кои се јавуваат (тахикардии, забрзан пулс и сл.) можно е да се препорачува царски рез, ама не сум компетентна да кажам точно. Јас се породив со царски рез, ама не заради хипотиреоидизмот кој го имам, туку заради тоа што терминот помина, снема плодова вода, а јас ни се отворав, ниту пак имав контракции. Чекавме до последно со докторот, ама мораше царски. За второ (ако се одлучам некогаш) се надевам на природно породување, само што ми рекоа дека шансите се помали од 10% заради тоа што сум немала тонус на матката и пак нема да имам контракции.




Simona_k -> RE: Природен пораѓај по царски рез (17.12.2012 19:06:09)

Jas sum so carsKi so prvoto bebence i pominav mnogu lesno za vreme na bremenosta samiot carski i potoa...
Sega koga gledav kolku poveke secenje ima vo carskiot za razlika od prirodniot poragaj se zamisliv ozbilno bidejki cekam vtoro bebe...Bi sakala prirodno ama bev na 4 d i ova bebence e naprecno postaveno takva mi bila matkata ako ne se svrti naskoro pak ima saansi da e carski a strav mi e ista rana da se otvara po vtor pat mozebi ke sakam i treto!!!NEZNAM STO KE BIDE ME FAKA PANIKA USTE SEGA KAZETE NEKOJ SOVET




Maca25 -> RE: Природен пораѓај по царски рез (17.12.2012 19:54:05)

simona во неколку теми прочитав дека си пишала дека бебето ти боло напречно поставено. тоа е карлично или? зошто јас за напречно поставено немам слушнато до сега, па би сакала да слушнам што е.




Simona_k -> RE: Природен пораѓај по царски рез (17.12.2012 22:27:19)

BEBETO MI E HORIZONTALNO NAMESTENO.I JAS NEZNAM KAKO...NE MI E JASNO,AMA TAKA GLEDAM TAKA MI KAZUVAAT... VO PETOKOT BEV NA 3D I OD DESNA STRANA MU BESE GLAVCETO,LEGNATO NALEVO DO NODZINJATA.
KOGA SE PORAGAV SO CARSKI SO PRVOTO BEBUSKO OSEKAV KAKO GO VLECAT DA GO NAMESTAT PA GO VADEA...AKO IMA NEKOJ VAKVO ISKUSTVO NEKA NAPISE EVE I TI MACA AKO TE INTERESIRA NESTO POVEKE MOZES DA SI GO PRASAS MATICNIOT GINEKOLOG UBAVO NEKA TI OBJASNI SIGURNO ZNAE POVEKE OD MENE POZZ




mosa -> RE: Природен пораѓај по царски рез (17.12.2012 22:48:54)

I jas so prvoto se porodiv so carski rez,so celosna anestezija,i definitivno koga bi se poragalla pak bi go napravila istiot izbor.Kaj mene carskiot rez bese izvrsen porafdi nekolku precki:imam tesna karlica,a plodot bese krupen,imav nadminat termin od 7 dena,mi stavija provacija,no ne se otvoriv,[sm=duda.gif] celo vreme bese svrten so glavata nadole,no posle nesto se predomisli,pa si se zavrte karlicno...............
Se na se jas povrorno bi se porodila so carski,so celosna anestezija




feeling -> RE: Природен пораѓај по царски рез (30.1.2013 8:24:39)

здраво на сите .јас сум нова во форумот па сакав и јас да споделам мои искуства во врска со пораѓајот.пред 4 години го родив првиот син , природен пораѓај во ремедика.да ви кажам право си викав што зе зафркнав вака да трпам болки иако утредента станав одма на нозе, си шетав по ходници, и се друго правев слободно....пред 6 месеци го родив вториот син со царски рез.детето беше карлично така да немаше шански да се ризикува.три дена не можев да станам од кревет што имав болки во стомакот.6 месеци поминаа јас сеуште имам проблеми со раната.на секоје дигање дете,или промена на време јас букфално сум со аналгин за болки.....што ми е целта  и десет деца да имам сите природно би ги родила(освен во невозможен случај). подобро еден ден ке трпиш болки отколку  цел живот ,а плус тоа со природен пораѓај се чуствуваш како вистинска мајка.....сепак тоа е мое искуство и мое мислење .поздрав до сите.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>