Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


niki -> Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (22.11.2012 23:07:34)

Gi ima li voopsto denes, kako se primenuvaat, dali kako roditeli ste zadovolni od nivniot ucinok, imate li predlog sto bi mozelo da bide podobro resenie?

Ovaa godina kerka mi odi vo predskolsko isto kako i lani, po ist plan i programa, novina se polovina decinja vo grupata, koi se pomali od nea okolu godina dena, imame novi ucitelki/vospituvacki.
I ako lani taa imase da se prilagodi vo sredina cij jazik ne go zboruvase, godinava se soocuvame so drugi problemi
Veke so meseci otkako pocna ucebnata godina, namesto da mi kaze sto novo naucila, nie doma konstantno zboruvame za palavstinite i nemirlucite na odreden broj deca. Znaci na repertoar imavme zakacanja, udiranja, zakani, upotreba na bezobrazni zborovi, pcovki, masovno soblekuvanje na pantoloni sred ucilna vo moment koga ucitelkata ne gleda i nasilno soblekuvanje na pantalonite na onie koi ne sakaat da ucestvuvaat vo ovie igri... Sive ovie raboti gi pravat se edni isti deca i veke nekako doagam do zaklucok deka ucitelkite ednostavno ne mozat, ne znaat i ne se sposobni da se spravat so niv. Zaprepastuvacki mi e i faktot sto se raboti za mali deca 4-5 godini koi nikakvo ma ni elementarno pocituvanje nemaat kon ucilisteto kako ustanova, nitu kon ucitelkite a uste pomalku kon drugite soucenici i postojano se prasuvam sto ke se sluci za nekolku godini i kakvi togas informacii ke dobivam za slucuvanjata vo ucilisteto.
Disciplinski merki koi ovie ucitelki primenuvaat se stavanje na decata na stolce za razmisluvanje, kade deteto e onevozmozeno da ucestvuva vo aktivnostite so drugite deca, kazna da ne izleguvaat nadvor na pauza i razgovor so roditelot, praktikuvaat i nagraduvanje na krajot od denot na dobrite deca im davaat lizavcinja ili bonboni (ova mi e tek neprimerno, nezdravo i sekako ne gledam nikakva korist od toa ni za decata koi sorabotuvaat ni za ostanatite)
Na roditelski ucitelkite ne uveruvaa deka ovie merki davaat rezultati, no samo nekolku dena podocna, vcera pak momcinjata koi sedat do kerka mi ja zezale i i gi pokazuvale genitaliite, na sred ucilna...
a jas dobiv odgovor deka tie mozat da im kazat deka toa sto go pravat ne e ubavo, da gi stavat na stolce za razmisluvanje i ponatamu nisto poveke ne mozat da napravt[sm=zmeden.gif] a roditelite ke gi izvestat ako se sluci uste ednas vakov incident[sm=zmeden.gif]

Sto se slucuva kaj vasite deca na skolo/vo gradinka? Dobrodojdeni se i idei kako da se izleze na kraj so vakvite deca

Znam deka vospituvanjeto e vo najgolem del roditelska obvrska i ogledalo na roditelskoto zalaganje, no ovie deca za zal nemaat roditeli koi se kadarni da gi nasocuvaat pravilno




Џесика -> Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (22.11.2012 23:48:49)

Таман сакав да си легнам, Ники ме здрма право во срце и душа [sm=smiley36.gif] Ова секој ден го размислувам, го разговарам со колешките, барам совети, собирам туѓи искуства... Со таа возраст на деца би требало да има успех да се решат ситуациите со разговор, меѓутоа кај деца кои имаат елементарно воспитание... или барем чувство на срам... и за син ми многу пати сум размислувала, дали правам грешка како родител, дали го стегам многу или некогаш премногу го држам лабаво... контрола мора да се има... денес тоа ме поучија моите колешки, мора да се држат строго, оти тие мали манипулатори веднаш купуваат и злоупотребуваат... Ти се восхитувам Ники на начинот со кој ја воспитуваш својата ќерка, меѓутоа болно е кога ќе се најде во такво „трло“ на збеснати лошо воспитани деца...
Јас моментално работам со двегодишни деца, кај кои е неопходно да се воспостави ред, да се вградат темелите и е многу напорно, поготово кога немаш авторитет...
Тоа што немаат почит кон училиштето, градинката, се криви нивните родители, децата СЕ учат од родителите. Еднаш една поранешна колешка имаше речено во револт „родителите ја гледаат градинката како место во кое се надеваат дека ќе им ги ставиме децата во ред, откога ќе увидат дека ја утнале работата, па сега ние да им ги опраиме“... ми звучеше малку грубо, ама кога ми се случи пред некоја недела да донесат дете во група сосе четката за заби, под образложение дека „не можеле да му ја земат од рака“, се шокирав, му ја земав, ја кренав четката, детето малку закенка, меѓутоа се заигра и ја заборави... а тек кога ми донесоа дете облечено во пижами од дома... не сакала да ги соблече, па ни дадоа здиплени тренерки, ние да и ги облечеме... кога детето не чувствува авторитет дома, откај да знае дека го има???
А друг проблем е кога ни самите родители не се свесни дека тој начин на воспитување не е во ред... е него не можеш да го убедиш... кога родителот не си го скарал своето дете никогаш, и не му укажал на грешките, нема да дозволи ниту учителката да го скара, па ќе применуваат столчиња и лижавчиња...
Јас искрено се плашам од денешните деца, а повеќе од денешните родители... и како родител на дете, не знам во каква околина и со како воспитани деца ќе расте син ми.... забегав, има многу да се дискутира...




kikicka -> Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 0:46:15)

Ауу богами тешка тема е ова, на која и нема крај! Ние сме рано за ова, додуша ни во градинка не одиме, ама затоа кога се меша со деца , доста гледа како се однесуваат па после истото го прави дома. Мене тоа толку ме нервира, значи одредени палавштини и глупости кои други деца ги прават а нивните мајки само гледаат и се смеат, и не кажуваат ништо друго освен не така и толку, детето пак иста песна си тера и као она дига раце од него! Незнамшто да кажам, и мојата некогаш збеснува така и се трудам да ја водам кон правиот пат, само што некогаш како што кажа Џесика , мислам дека грешам или пак не, додека на други деца е подруго ! Незнам стварно, али Ники ако на тие деца родителите не се замараат , џабе е се изгледа, освен учителките да го променат својот метод со наградите ( бонбони и сл.) пошто , воопшто не, им пали како што кажуваш . Демек дома нема да добијат ако тие не им дадат награда!




amateuress -> Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 2:14:59)

во принцип е многу лошо да се наградува со храна, а особено со џанк фуд, зашто така се учат децата и понатаму во животот да се тешат или наградуваат себе си со прејадување.

темава е широка, а и моето дете се уште не оди во градинка, ама тенка е таа линија помеѓу премногу строго и премногу лабаво.
не знам сама што да речам, кај мене сите ситуации што се опасни се апсолутно забранети, и знае дека тоа не смее, ама за се друго се трудам да го воспитам со разговор и укажување.

не сакам детето да ми биде ни војниче што ќе прави се'' по команда „зашто така треба“ без да праша зошто, ни распашана команда и емотивен манипулатор со плачки и слични методи.

по градинки сум сретнала секаков тип на воспитувачки, и прекрасни кои успевале да создадат авторитет кај децата и да имаат прекрасни, сложни групи, до такви што шлапнувале по некоја „воспитна“ на попроблематичните деца без многу да имаат трепение да ги сослушаат и внимание да им посветат.

сепак, со групи од по 30 деца, и со неверојатно мали плати мислам дека воспитувачките кај нас се повеќе ставени во ситуација да избегнуваат опасни ситуации, отколку да можат да реално да се посветат и да работат со децата. тие што и покрај бројноста на групите успеваат да наметнат и едукативни и воспитни содржини се прави волшебнички [sm=bravo.gif]

ајде, се надеваме дека со политикава на борба против белата чума може ќе им текне на функционерите да вработат повеќе кадар во оваа професија и соодветно да го платат.




miana -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 9:57:07)

Интересна тема...
Мојата керка оди во градинка втора година по ред и е во голема група.. Јас пак се соочувам со една друга ситуација..Моето дете во градинка е бајче....Нема помирно дете од неа.Таа таму е мирна и постојано снима што се случува,НО кога ке дојде дома се претвара во нешто сосема друго...Таа дома е учителка,кара деца,мудрува,испрака и дочекува деца.Јас имам реконструкција на целиот ден поминат во градинка..Знам секое дете како се однесува а и како се однесуваат учителките. Знам дека немирните деца одат во кош.Досега не сум имала некоја ситуација од која што сум запрепастена..Лоши навики кои ги донесе од градинка се - бришење на нос со рака,лижење на рацете и мачкање по лице. Јас се обидувам да објаснам дека тоа е лошо,дека не е во ред.Има и деца кои што пцујат во градинка,но керками не ги повторува туку ја повторува учителката како им вика на децата - не!!! каков е тој срамотен збор.
Не сакам јас сега да кажам дека моето дете е супер,меѓутоа мислам дека е многу воспитана во врска со однесувањето.И моето дете знае да откачи нешто што го слушнала,меѓутоа веднаш реагирам на лош нечин за да свати дека не е во ред...Мислам дека општата култура најпрво доаѓа од домашното опкружување. Не велам дека моето дете не научи ништо во градинка,напротив..Знае да се изкаже литературно македоднски што ние немаме навика да им зборуваме на децата така. ( благогарам,не се грижи и сл) Ние ке и речеме - фала или пак не се секирај ,ке помине. Многу учат во градинка за однесувањето,меѓутоа мислам дека не сите деца го прифаќаат ова воспитување од градинката.Мене ми е многу мило кога ке видам дека моето дете научило нешто ново во градинка,дека знае убаво да се изрази. Мислам дека не се воспитувачките виновни за некултурното однесување на децата. Најважно е воспитувањето од дома. Какви мерки се превземаат освен седење во ќош - незнам,меѓутоа, мислам и дека повеќе од тоа учителките не можат и не смеат да прават со децата на таа возраст.Разговор со родител е соодветна мерка,но потоа се останува на родителот.




dostickage -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 9:57:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР


А друг проблем е кога ни самите родители не се свесни дека тој начин на воспитување не е во ред... е него не можеш да го убедиш... кога родителот не си го скарал своето дете никогаш, и не му укажал на грешките, нема да дозволи ниту учителката да го скара, па ќе применуваат столчиња и лижавчиња...
Јас искрено се плашам од денешните деца, а повеќе од денешните родители... и како родител на дете, не знам во каква околина и со како воспитани деца ќе расте син ми.... забегав, има многу да се дискутира...


Da si mi zdrava i ziva [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Ova e toa sto najmnogu me plasi,koga samite roditeli ne se svesni deka nesto ne e vo red.Tie se tie sto me plasat.
Deteto mu treba razgovor i avtoritet, ne strav i en stravopocit ama avtoritet si treba.
Mene iskreno toa zalazuvanje so losa hrana me asocira na dresura na kuce a ne na dete.
Deteto e individua i so nego treba da se razgovara, da se objasnuva...




Beatris -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 10:28:12)

Таквите родители само е асоцираат на оние кои подоцна кога децата ќе тргнат во училиште им викаат дека учителките не чинат, дека се вакви или онакви, ги правдаат дека се болни кога не се итд... Истите тие деца кога ќе потпораснат и ќе бегаат од часови секогаш ќе имаат оправдание од родителите. Па ај ве молам кажете како ќе се однесува тоа дете, дали за него наставникот ќе биде авторитет или мивка, затоа што тоа го слуша дома и има апсолутна поддршка од родителот. А таквото воспитување за жалк почнува уште од најмала возраст. Јас сум воспитувана во духот дека училиштето и наставниците се ЗАКОН, и кога не биле некогаш во право, веројатно моите преќутено го решавале тоа со нив, а мене ми било кажано дека заради тоа и тоа и поради такви околности наставникот така реагирал. Ако еднаш му се одврзат рацете на детето во таа насока, се знае до каде може да оди слободата. Кога ќе киднев од час со изговор дека сум била на забар [sm=smiley36.gif], мајка ми одеше во школо и викаше - НЕ БИЛА НА ЗАБАР, избегала. Па следен пат богсами добро размислував дали ќе направам такво нешто. Исто имам намера, а и од сега се трудам ќерка ми така да ја воспитувам. Жално е само што гледам дека се повеќе дечиња се распашана банда, не почитуаат никого и ништо, прават што сакаат, а за родителите се најдобри и не знам какви. Епа ми се повраќа од такви родители




Cipi Ripi -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 10:40:38)

Девојки, можеме да разглабаме на темава до утре сабајле, но од постот на ники јас гледам како да и треба помош. Искрено ники не знам како се чувствуваш, но јас да сум на твое место ќе мислам дека имам голем проблем. Некој бандид моето дете секојдневно да го тероризира со закачање и покажување гениталии не е мала работа. Јас би те советувала да им препорачаш на учителките да си ги викнат родителите на проблематичните деца и да им се укаже со повисок тон дека воспитувањето е од дома, а градинката е само огледало на домашното воспитување каде што се поминува дневен престој. Да си ги казнат децата како знаат за да им се укаже дека тоа не е убаво, доколку не, во градинката да се одобри поголемо казнување за да му дојде памет на тоа дете, инаку се знае што ќе стане утре од него. Мене воопшто не ме интересира како другите си ги воспитуваат децата, само немој молим те да ми стоиш на патот од моето дете да направам човек.




vezilka RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 11:16:40)

Методи на воспитување и дисциплина претпоставувам дека има, исто така претпоставувам дека учителките, барем во најголем дел, многу добро ги знаат, ама мене ме загрижува тоа колку во ваква општествена констелација тие се во состојба да ги употребуваат. Прво заради стравот на учителката да не остане без работа заради реакцијата на некој „влијателен“ родител. Второ, заради измешаните вредности во ова лудо време.

Јас ги одобрувам методите со казна и награда, ама тоа никако не смее да се прави со нешто што спаѓа во основни потреби како храна на пример. Наградите би требало да бидат „петка“ на раче на пример,, сликовниче, топче или слично.

Основната улога во воспитувањето на децата е улогата на родителите. И ако тие не соработуваат, тука учителките не можат многу да направат. Кога има таква група на деца кои прават бељи, единствено што учителката може и треба да направи е да го открие „водачот“ бидејќи обично тоа е едно, или најмногу две деца, а другите просто го следат, и потоа да се работи со него. Ама без соработката од родителите, тоа тешко би одело. Она што родителите можат да го направат во таква ситуација, тоа е да се пожалат на таквото однесување и на повисока инстанца од учителката, да побараат родителска средба и сами да му укажат на родителот за лошото однесување, и секако со своето дете да разговараат на ниво „ете, гледаш, така не треба..тоа е лошо“.




sandriana RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 12:04:21)

Болна тема...
Како што има некадарни родители, има и некадарни наставници/воспитувачи, бидејки не секогаш вистинските луѓе се на вистински работни места. Ако се забележи одредена девијантна појава, непримерно однесување и сл., тоа се соопшти на одговорниот наставник/воспитувач, и после разумно време нема позитивна реакција-промена, би требало да се реагира на следно ниво- педагог/психолог или директор. А и како што вели Везилка, да се реагира и кај родителот на проблематичното дете/деца.
Зошто, во конкретниот случај со Ники, непримерното одноесување на групата деца прераснува во малтретирање на останатите. Ајде, нејзината ќерка кажува, па Ники има можност да делува на нејзе, да и објаснува,а што со другите деца кои од X причини го немаат тој однос со родителите?




elenak -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 12:35:21)

Uf kolku sum alergicna na raspustenost. Takvite deca se ogledalo na roditelite i sto ponatamu da se ocekuva od niv?Bescuvstvitelnosta i nekulturata imaat malku podlaboki koreni, a drvoto ke porasne nad korenot,. Ne moze Cacko da ti bide kriv ako deteto ti e nevospitano,a najmalku ucitelkite i vospituvackite. Konkretno za problemot resenie spores mene e isklucuvanje na tie deca od grupata(ne veruvam deka se povekje od 1-2).Pa i na roditelite da im se kaze deka decata nema da im bidat primeni na nastava poradi tie i tie pricini.Pa neka se preispitaat i neka go resat problemot doma.




Ikana -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 12:42:33)

Хм... па јас не би ги исклучила од група, тоа се само деца сепак од некого го учат однесувањето, не им е тоа вродено.

Јас на пример би го терала тоа дете секој ден пред да почне „наставата„ да кажува пред сите други деца, дека е добро дете и дека денес ќе биде многу послушен и тоа да го научи како Оче наш.
Би ги седнала родителите и би им објаснила убаво дека детето од дома го учи однесувањето и дека треба да внимаваат повеќе на него.
Сепак, чисто се сомневам дека родителите на тие деца имаат време за нив, па оттаму и тоа незадоволство, бидејќи растат со дадилки или баби и дедовци па нема кој да ги стегне и да им биде авторитет.
Исто така родителите треба да не си подвикнуваат дома пред детето или ако мајката каже нешто таткото да не и противречи бидејќи така и го руши авторитетот дома пред детето.




Џесика -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 13:07:26)

Toa e problemot. roditelite zboruvaat se pred decata, zatoa denesnive se "so fakultet" kaj sum smeela jas da sedam so majka mi I prijatelkata dur muabetat.




AnnaMolly RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 13:32:12)

А Џес, ги учите ли некогаш децата на добри манири и однесување? На пример, дали седнувате и ги учите како се вика Фала, повели, како се вика Добро утро... Мислам на слични такви работи? Или се сведува денот на пеење песнички, играње, јадење, спиење и плачење? [sm=smiley36.gif] Баш ме интересира.




Beatris -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 13:46:35)

Во контекст на ова не знам само дали сте ја чуле фразата кога за некој ќе речат - МУ ФАЛАТ ПРВИТЕ 7 ГОДИНИ! (...домашно воспитување) Као, арен си е се, АМА... тоа му фали!

Страшно е што децата копираат се едни од други, уште полошо е што родител кој се труди и го воспитува своето дете доаѓа во ситуација да не знае како да постапи и е со врзани раце, како Ники во случајов. Јас искрено, би реагирала кај некои повисоки инстанци штом веќе учителките се глуви и не можат/сакаат да преземат нешто конкретно!




Snowhite RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (23.11.2012 19:44:36)

Јас се запрепастив лани имавме некоја акција од работа и одевме по сите училишта по училници кај деца од 1-4 одделение, не можев да поверувам дека ниту едно од децата не седеше на своето место, ниту едно не ја слушаше учителката. Па кај сме смееле ние да станиме на сред час од столче, додека има учител во училница. И сега не знам дали, често пати дискутираме дали е тоа до учителките или до домашното воспитување. Мислам дека и едните и другите се по малку заслужни за ова. Од дома многу му се попушта на децата, ги задоволуваме со се и сешто, од умор, од премногу напорни сати поминати на работа, а малку време поминато со детето често му попуштаме само да биде мирно, немаме време да му посветиме, да му укажеме на добри манири на однесување, од друга страна учителките не смеат да викаат и да маваат по децата, најчесто се млади и некако не знаат како да стекнат авторитет над учениците. Како и да е, мора да се превзема нешто и во домашното воспитување и во училишното. А ова што го спомна Ники дека соблекувале пантолони и ги покажувале гениталиите е страшно, мислам дека е траума и за другите деца, мора под хитно да се превземаат построги мерки




blue_blue -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (24.11.2012 9:35:14)

Случаи како овој што го опишала Ники секогаш имало и ќе има. Дали ваков или некој друг, не е битно, секогаш имало размазени деца, деца на кои родителите не им обрнуваат внимание, деца кои растат со баби, дадилки. Мој став е дека како единка не можеш да го смениш системот и општеството, ама како единка можеш свотето дете да го научиш како да функционира во каков и да е систем. И кај моите деца во градинка имало соблекување гаќи, пцуење, кажување погрдни зборови. И јас кога бев во основно школо имаше едно девојче со благи пречки во развојот кое одредени деца на одмор го тераа да ги соблекува гаќите и после сите се смееа. Ова никогаш не беше санкционирано од никого, ниту пак некој наставник/наставничка се потрруди да признае дека го забележале. Она што јас го правам во вакви ситуации им објаснувам на децата зошто и како тоа не е убаво - дека гениталиите се за во гаќи, дека не треба да бидат надвор и да се фаќаат со прљави раце и дека тие не треба да учествуваат во такви активности, а ако некое дете се обидува да ги натера да учествуваат тие само да одговорат - јас не сакам и не играм со деца кои се однесуваат како тебе и да си одат на другиот крај од занималната. Неколку пати ми имаат кажано дека едно дете го викаат мрсулко. Мене тоа страшно ме изиритира и им реков дека не смеат веќе да го викаат така, дека тој си има име и дека тоа што има мрсули не е ништо гадно или страшно. Им направив паралела, како би им било нив некој да ги вика постојано „црнозаби“ (имаат наслаги на забите кои освен со ултразвук со друго не се чистат“ и тогаш ме сфатија што зборувам. Пробаа да се вадат дека сите го викале мрсулко, јас пак настрого (за да сфатат дека не се зезам) им кажав дека они наместо да учат лоши работи од другите деца може да пробаат да ги научат другите деца на убави работи - на пример да им кажат зошто не е убаво да го викаат детето мрсулко. Bottom line, домашно воспитување се учи дома, не во школо. Ако некои деца не го научиле дома нема во школо сигурно да го научат што не значи дека моите деца не можат да „живеат“ во системот и пак да израснат во нормални личности. Не можам децата од се и од секакви неранимајковци да ги заштититам, ама можам да ги научам како сами да се заштитат. Кај учителки, директорки реагирам само кога апла учителката користи метод кој нема везе со животот, како на пример понижување на детето оти нејќело да спие. За мене нејќењето да спие не е лошо однесување, спиењето е физиолошка потреба и ако не ти се спие, не ти се спие, не може со сила да запсиеш. Е тоа што некоја негователка ја мрзи во работно време да седи во занимална и да ги пази децата, а наместо тоа сака сите како на дугме да заспијат за да може она да иде да пие кафе со колешките, и за да може тоа да го прави ги тероризира сите деца да заспијат и кога мојата ќерка не сака да спие она кога ќе станат сите деца ја казнува да лежи во кревет (не и дава да стане, иако сите деца се станати и се облекуваат) како мало бебе (со овие зборови) и поттикува со тоа сите деца да и се семат пошто е мало бебе, тоа за мене е несоодветен метод од наставничка и за тоа реагирам прво кај наставничката (па кога видов дека фајде нема пошо таа е исфрустрирна дека и била мала платата и за тие пари толку ќе работела) бев и кај директорката. Од кога и тоа не вроди со плод и реков на ќерка ми да ја игнорира таа негователка и да не зима многу здраво за готово што ќе и каже, но во време на спиење ни под разно да не помислува да ги буди другите деца и да станува...И, да свесно и кажав да не почитува авторитет, ама мислам дека друго чаре немаше - другото ќе имаше лоши последици по детето - ќе требаше да одобрам понижување како однесување, а тоа не можам.




niki -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (24.11.2012 10:41:09)

jas da vi se izvinam prvo sto me nema dva dena, kerka mi se nastina vo meguvreme pa se obiduvame so domasni lekovi da izbegneme odenje na lekar i sirupi, ke vidime dali ke uspeeme do ponedelnik

so se sto se pisale se slozuvam i za zal me razocaruva faktot sto problemot koj go ima vo nasava grupa ne e izoliran tuku siroko rasprostranet i masoven

roditelski biseri imame i nie ovde eden kup, eve eden cisto za ilustracija
bidejki predskolskoto nema kujna na decata hrana im nosime od doma podgotvena, ucitelkite samo ja podgrevaat, noramalno ima i takvi roditeli koi ne se kadarni ni rucek da im podgotvat na decata i da go donesat nautro tuku gi maltretiraat ucitelkite da im otvaraat vo 12:00 za nivnoto dete ja dobie svojata porcija i toa po zborovite na ucitelkite se slucuva redovno
e ona sto osobeno me iritira e taa denesna nametnata politicka korektnost, pa na site nebulozi od svetov se odgovara so ve molime, ako mozeme ova da go izbegnuvame, ako sakate, pa ajde da se potrudime site tra la la bum trt

mislam, brate sestro ako si zaboravila deka denes deteto vo 8 casa sto ke gi pomine vo skolo treba i da jade zemi si go deteto doma ic ne go ostavaj i utre donesi go zaedno so jadenje a ne so racete vo djebovi i polna usta opravduvanja izvinuvanja i molbi da dojdes podocna pak, da remetis red i rabota nekomu zaradi svoja glupost (da ne zboruvame deka za da sprzis jajce, svaris makaroni ili napravis tost ne ti treba neznam kakvo vreme vo situacii koga nesto objektivno ili ne te sprecilo vo spremanje na rucek pa na toj nacin mozes da se izvadis i deteto da go pomine denot, ama valjda treba i da se razmisluva ponekogas i da se ima oset i obzirnost) .....

e so vakvi roditeli i sistem kraj ne naogas i iskreno ni povisoki istanci ne ti pomagaat

no, da se vratam na ona sto pisuvav vo prviot post
od ona sto mi kazuva kerka mi a i od ona sto go gledam koga ja vodam i zemam od skolo, najproblematicnite deca se bratucedi a nivni sledbenici im se nekoi komsivcinja, znaci bukvalno godinava se ima sobrano banda, se druzat site i nadvor od uciliste i zatoa se uste poslobodni i jaki i gi maltretiraat site deca, sekoj den nova zrtva, sekoj den nova belja
ako jas sum reagirala denes moeto dete ke go premestat a problemot ke se prefrli na drugo dete koe ke se zali doma porano ili podocna, koga roditelot ke ragira ke bide premesteno i taka vo krug
a napasnicive sedat na stolce da razmislele, i ostaveni ednas 6storica od niv da razmisluvaat se stepale megu sebe i eden imase grebanica od celoto preku okoto i obrazot do bradata...
i imam zakluceno deka tie istite deca sovrseno znaat deka se toa sto go pravat e loso i neprifatlivo, no seedno go pravat sekogas koga ucitelkata ne gleda i so kaznata se pomiruvaat ja izdrzuvaat, mozebi ja naogaat i kako olesnitelna okolnost, namesto da ucestvuvaat vo nastavata, i stom ke bidat oslobodeni ajde juris vo novi pobedi
pretpostavuvam zaradi toa sto doma ako gi vidat ke gi istepaat a za se sto nema da gi vidat ne reagiraat, bukvalno od svoite deca si imaat napraveno mali kriminalcinja

jas kako roditel sum zgrozena i isplasena
moeto dete se nosi so site situacii, znae deka za da se odbrani mora da se obrati na ucitelkata, na nas doma da ni kazuva, so decata ima drugarski odnos, ne gi izbegnuva i ne se plasi od niv, no dovolno li e toa e toa ne znam....vo edna situacija znam deka trpela da ja udiraat i ne kazala na ucitelkata zatoa sto gi sozaluvala decata poradi toa sto nemalo da izlezat na pauza za kazna

i mnogu me nervira taa novina da za site ovie raboti na roditelski sostanoci ne se zboruva otvoreno i pred site roditeli, da se zasramat malku koga ke gi vidat iznenadenite pogledi od ostanatite roditeli, ne mora da se naveduvaat iminja da ne im ja povredime do tolku suetata ama so slucuvanjava ucitelkite bi trebalo site da ne zapoznavaat, a ne se zavitkano u sarena hartija tivko prekutno, samo vo 4 oci detali

sto ne doveduva do toa da kako grupa ne mozeme da reagirame, ne doveduva do toa da imame informacii dobieni od decata koi neretko zvucat kako naucna fantastika i ne doveduvaat da se prasuvame dali e vistina ili ukraseno so detskata bujna fantazija...




niki -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (24.11.2012 11:32:38)

posle postot na blue_blue da si dodadam uste nesto

ucitelkite ne gi gledam kako resenie za se, nitu gi gledam kako zakon i nesrusliv avtoritet, i kako takvi na deteto mu gi pretstavuvam, tie se samo luge gresni isto onolku kolku i siot ostanat svet vklucuvajki se i sebe si, no toa sekako ne znaci deka zasluzuvaat nepocituvanje
vprocem bidejki se tie postaveni vo ucilisteto da bidat odgovorni za moeto dete, toa treba da gi pocituva nivnite pravila bez ogled na toa kolku jas se soglasuvam ili ne so niv i imam ili ne poinakvo mislenje i toa od deteto ne go krijam, za site problemi dosega so maz mi otvoreno sme razgovarale pred deteto, ne cekam taa da zaspie pa nie na raat da gi iskritikuvame ucitelkite ni togas koga so nivnite metodi ne se soglasuvam, a na deteto i pokraj toa i ponatamu mu nemam dadeno poddrska da im go rusi avtoritetot i da ne gi pocituva osven vo situacii koga nekoj ja povreduva i ne saka da prestane
i ovde gi stavaat da spijat, no ne se ocekuva ako ne im se spie da zaspijat, ama sekako treba da bidat mirni, tivki i da ne stanuvaat
za stanuvanjeto jas i imam receno na kerka mi deka samo ako ima golema potreba (WC ili zaboravila da gi simne naocarite) moze da go napravi, no prvo da se izvini na ucitelkata i obavezno da objasni zosto morala da stane i otkako istoto ke go napravi da se vrati vo krevet
isto i imam receno deka site pravila koi gi imaat mora da gi pocituva no vo slucaj ako nekoj ja mlati prioritet e da se spasi od toa pa makar i da ne ispocituva nesto od tipot da ja prekine ucitelkata koja primopredava smena, bidejki ucilnata im e mala i bukvalno nema kaj da se trgnat od nekoj sto gi napaga
najgolem prekrsok na kerka mi na koj mi se pozalile ucitelkite e sto na pocetokot ne sakase da ucestvuva vo nekoi igri koi imaa za cel novite deca da gi naucat na red i pravila koi vazat vo skolo, nejzino obrazlozenie bese deka i se dosadni tie igri bidejki seto toa taa go znae, go pravi i go pocituva
na sto moja reakcija bese deka deteto mi ima mislenje i ima pravo da si go izrazi, sekako porazgovarav so nea okolu toa deka ako sorabotuva i samata ke pomogne decata sto neznaat pobrzo da naucat pa da prejdat na pointeresni temi
a od ucitelkite ocekuvam vakvite nejzini zamerki da se sposobni da gi resavaat sami i bez moja intervencija, sepak kolku im se interesni igrite i aktivnostite zavisi od niv a ne od deteto i od mene koja sum doma vo toa vreme i ako nesto ne drzi interes neka se obidat na drug nacin





Melanija RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (24.11.2012 21:28:44)

Тешка тема во сурово време.
Факт е дека во наше време се знаела почит кон воспитувач ,наставник, сосед ......Имало исклучоци но не со фрапантно недолично однесување.

Лесно е на родителите да се вадат дека градинката и школото треба да ги научат на се од животот но основната социјализација и спознавање на светото почнува и завршува дома.Факт е дека и во друго време се живее но и тоа не секогаш е изговор.
Јас би реагирала бурно но не на немирни деца туку кога се во прашања тепачки, пцовки, за соблекување и да не зборам.

Ники искрено јас би реагирала и би свикала родителска за такво вулгарно однесување.Не ја сакам формулацијате ,, дете е ,, па што дозволено е да прави сешто.
Со име и презиме да се преземат мерки кај психолог/социолог во школото за недолично однаесување и се брка од школо.Што ако се работи за мали деца.Недајбоже ако остане таквото однесување во свеста кај децата.
Ако си во можност направи драстичен чекор зошто знаеш се е сурово и неморално.




elenak -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (24.11.2012 23:07:59)

А дали можеби помислувате дека тие родители се горди на децата зошто прават такви работи. Многупати сум била сведок на ситуации кога детето ќе направи или каже глупост со која во очите на родителот станува ,,јунак,, или ,,фраерче на мама или тато,,. Па децава што се тама на муабетов очигледно не знаат за срам, а што е срамота да се прави треба некој да му каже. А како би му кажал некој што исто не знае што е срам? Детето се воспитува и дисциплинира дома не во градинка или школо, таму треба да се едуцира, да се социјализира а нормално и дека треба да се забавува, но не на таков начин.
Не знам Ники, ти можеби лично ги познаваш родителите и можеби не се такви, но јас ги окривувам единствено нив. И токму тие се оние што треба да го решат проблемот. Решението за вас не е бегање, зошто да ја преместуваат ќерка ти, зошто детето пак да се навикнува на нова средина, нови деца, нови наставнички заради еден-двајца невоспитани неранимајковци.




kremco -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (25.11.2012 0:03:29)

Licno ,mnogu me zasega temava,majka sum na detence 3god i 8 mes.Toj e loskoto vo gradinka,se tepa,ne slusa.
Inaku vo glavno sum zadovolna od vospituvackata i neguvatelkata,vistinski se grizat i im ukazuvaat na decata mnogu im zborat,gi ucat na se skoro.Se zapocna od neodamna,se zalat ne gi ferma,a znam mnoogu nemiren e inaku,so se zivo probavme i detevo ednostavno e takvo zivo,ne mozes sal da go tepas da bide mirno,ama kako mi e mene sama si znam ,sekojdnevno belji pravi i tuka ne mislam na rasturanje ili valkanje tuku unistuvanje na domot,bi mozela do utre da pusuvam kako,nepodnoslivi zvuci ispusta vo posledno vreme mnogu sum stroga ne popustam imam cuvstvo deka nema efekt.Vo gradinka e dosta podobar,ne luduva tolku,edinstveno ne e slepo poslusen,duri sega pocnal da se tepa,i go karavme ,mu zboruvame ama sto da Pravam vekje neznam,nikade ne mi se odi so nego,se sramam kako se odnesuva,bezobrazen,ne te ferma.[sm=smiley19.gif]




niki -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (25.11.2012 11:15:19)

Roditelski dve imavme do sega, poslednata pred edna nedela i kako sto rekov koga sme site zaedno generalno se zboruva na drugi temi, najcesto sto treba da isfinansirame nie roditelite koe e od sustinska vaznost za funkcioniranje na ucilisteto a ministerstvoto ne dava pari, potoa imase razgovor so sekoj roditel vo 4 oci za odnesuvanje na sekoe poedinecno dete, no toa sto se vo superlativ mi ja pofalija kerkata ne pomaga, na mojata reakcija za odnesuvanjeto na ostanatite deca dobiv samo odgovor deka imaat problemi koi gi resavaat poedinecno so sekoe dete i negovite roditeli..... pet dena potoa kerka mi imase cest odblizu da se zapoznae so intimnite delovi na nekoe momce za sto jas normalno doznav od nea a ucitelkata samo mi potvrdi deka e vistina, deka razgovarala so deteto no ne mozela da mu zabrani bidejki kolku im vikas ne tie ko za inaet prodolzuvaat i taka ....
i da, problemot lezi vo roditelite, ne obrnuvaat vnimanie, slusaat tie sto im zboruva ucitelkata no potoa doma pristapot so deteto im e najverojatno nasilen, so fizicko kaznuvanje i decata ednoastavno prodolzuvaat od bunt
decava da se isklucat mislam deka so zakon ne e dozvoleno, bidejki ovde se raboti za predskolci koi treba da se prilagodat za da bidat spremni za osnovno uciliste, glavna cel na predskolskoto e da naucat da sorabotuvaat, a ovie konkretnive se ucat od lani i uste osnovni raboti nemaat nauceno a za 20 dena zavrsuva polugodie
sto se odnesuva do psiholog, takvo nesto nema vo ucilisteto, doaga nekoj ednas vo nedelata i na site ni bea dodeleni informacii kade mozeme da si zakazeme sredba na svoja inicijativa i po svoja procenka i potreba, ne znam dali na problematicnite deca im bese voopsto sugerirana poseta, ne veruvam deka im bilo nalozeno od vospituvackite, mislam deka vo ovoj sistem tie nemaat takvi ingerencii

kremco jas od niedno dete ne ocekuvam postojano da bide mirno, ne e ni moeto, no ona sto mi e najvazno e da ne povreduva drugi ni fizicki ni verbalno i toa e nesto sto se uci, a se uci ne so postojano tepanje tuku so postojano zboruvanje deka toa ne e dobro, deka ne treba da se pravi, deka ne e ubavo, deka boli i deka kulturni deca ne povreduvaat drugi, so postojano zboruvanje kako e podobro i poubavo
sum imala i jas milion situacii koga moeto dete ke se zakara i ke se vlece za igracka ili za nesto drugo so drugo dete, vo takvi situacii nikogas ne sum gi ostavala "sami da resat" mene kosa mi se kreva koga nekoj me sovetuva pa ostaj ja sama da se izbori, jas ja ostavam sama da se izbori se dodeka toa izboruvanje e mirno i nenasilno vo onoj moment koga ke pocne tegnenje, vikanje i odi vo pravec nekoj nekogo da udri, sum prekinuvala, sum si go trgala deteto na strana dobivalo lekcija zosto ne tegneje i kako treba i sto ocekuvam i duri ne se soglasela deka vo igra ke se vrati ubavo da si igra nemala dozvola da im se pridruzi na decata pa makar se oderela od vristenje i placenje
rezultati ima i sega mi e mnogu mnogu krivo sto se naogaat tamu vo skolo nekoi loskovci cii roditeli ne si go odrabotele svojot del i tie gi maltretiraat site i ostanatite deca i ucitelkite i nemam sto da pravam, ne mozam da i pomognam

i moeto dete e zivo, ima energija, postojano e vo dvizenje, od nautro koga ke se razbudi do vecer do zaspivanje ne zastanuva, igra, pee, trca, skoka, zboruva kako vodenica, se smee, se luti, vika, znae da zbesne, tvrdoglava e, se inaeti, mudruva....
no ne udira, ne soblaka gaki pred drugi, ne pcue, ne vrega namerno nikogo i znae deka ako bilo sto od ova napravi nema da ja tepam ama ke bidam mnogu razocarana i povredena i ke se obvinuvam sebe si sto deteto mi stanalo takvo, kako sto znae deka ako udri nekoj moze i da i vrati, ako vrati toj nekoj moze da se zdruzi so drug i ona da bide sama protiv banda, ako navredi ke ja navredat ili nama da ja druzat, ako pravi gluposti ke i se smeat, ke ja ismevaat i ke ja smetaat za budaletinka.........




AnnaMolly RR -> RE: Методи на воспитување и дисциплинирање во школски и предшколски установи (25.11.2012 13:27:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

А дали можеби помислувате дека тие родители се горди на децата зошто прават такви работи. Многупати сум била сведок на ситуации кога детето ќе направи или каже глупост со која во очите на родителот станува ,,јунак,, или ,,фраерче на мама или тато,,. Па децава што се тама на муабетов очигледно не знаат за срам, а што е срамота да се прави треба некој да му каже. А како би му кажал некој што исто не знае што е срам? Детето се воспитува и дисциплинира дома не во градинка или школо, таму треба да се едуцира, да се социјализира а нормално и дека треба да се забавува, но не на таков начин.


Ова е точно! Јас сум била сведок на неколку ситуации каде таткото се гордее кога неговио син пцуе и кажува безобразни работи!!! Еднаш бев во ситуација кога моја комшика го учеше Филип да вика п...а ти материна зашто било машко и требало да пцуе. Кај таа жена немам стапнато НИКОГАШ после таа случка.
Детето многу разбира што е тоа п...а или некој друг безобразен збор, ама кога сите околу него го бодрат и го фалат за тоа, нормално дека ќе го користи.






Страница: [1]