|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Чување на децата
25.9.2014 9:34:54   
Mihaela 2010
Znaci jas prasav preku agencija kolku se plaka dadilka po saat i mi rekoa 100-130 den cas, zavisi od obvrskite.


Epten se slozuvam so ova..i mislam deka e realna cenava...zamisli za 3 casa da se dade 500 den,a ti pritreba nekolku pati vo mesecot??...sto znam mene voopsto cenite koi gi nabivaat ovie dadilki -nestrucni od iznos od 120000 den i povekje se nenormalni..
Mene mi dojdoa dve zeni koi za 3 h mi baraa 100 evra...ednata ajde ke kazam bese vospitacka vo gradinka,ama drugata bese zenicka postara,koja pojma nema od deca i mi vika aaa ne dete e obvrska,sa dete e obvrska ama bidi i ti realna vo cenata
poslednava zena sto ja najdov koga ja cuvase 9h i plakjav 7000 den,i si bese super zadovolna

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Чување на децата
25.9.2014 12:26:01   
Bethany
Да немам толку да дадам, нема ни да давам. Прашав само за ориентација.
Не би ишла преку агенцијата, ама девојче го знам, знам дека и требат пари и ако јас и дадам со цело срце, сакам на неа да и дадам. Можеби ете се зависи од ситуација до ситуација, ама во конкретниов случај не ми е да прорачунавам до денар. Како што кажав, немав искуство, па прашувам за мислења, ама веќе знам што ќе правам. Фала за споделени мислења. :)


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Чување на децата
1.10.2014 17:26:46   
Disney
Здраво, дали некоја мамичка има потреба од бебиситерка за чување деца (носење/ земање од градинка (училиште), подучување и пишување домашни работи и сл.) или помош околу домаќинство (кујна, готвење, чистење, одржување) во Охрид или Струга? Ако имате потреба или познавате некој кој има, ве молам пишете ми. Поздрав, секое добро...user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Disney -- 1.10.2014 17:29:56 >

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Чување на децата
25.10.2014 21:10:49   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Леле и мене истото ме мачи цело време и јас ќе треба да се вратам на работа кога малата ќе ми има 7-8 месеци, и најголем проблем ми е кој да ја чува, не дека нема туку од типот да не има лутење и караници зашто овој а не оној. Моментално живееме со свекорот и свекрвата, ама нив да им ја оставам да ја чуваат нема шанси, а кај моите да ја оставам ќе речат зашто таму да ја носиш секое сабајле кога ние сме дома по цел ден. За во градинка ми е мала не ми се дава и за тоа ќе биде истата приказна и сега сум во небрано не знам што да правамuser posted image . А свекрвата луѓе поима нема за малата ни што сака ни што не сака кога сме дома си спие по цел ден и ја зима нејзе кога ќе и текне без разлика дали и дошло време за спиење или не на малата, свекорот ми е плашлив едвај во раце ја зима а не нешто повеќе, ама од инат ќе се бунат ако ја носам кај моите. Плус ќе треба да ја малтретирам секое сабајле пошто ми живеат поблиску до работното место ама подалеку од кај што живееме ние user posted image . И решение со маж ми не знаеме што да правиме ни навака ни натака. Па некој совет ако имала некоја со слична ситуација и како се справила.


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Кога и да помислам на враќање на работа коса ми се крева...бебушите ќе имаат една година но сепак мене не ми е оди...свекрва ми работи така да незнам како ќе правиме а платата моја е неопходна...искрено се надевам дека за овој период нешто ќе излези па здравје боже...



ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

tincule, nema sto da se sekiras koga e takva situacijata so svekor ti i svekrvati,ti si taa koja odlucuva za svoeto dete i ti si taa koja znae najdobro kade da bide deteto..ako starite se takvi neazurni,nema ni sto da se lutat,ako si ti po sigurna kaj tvoite normalno deka tamo ke si go nosis deteto,jas taka bi postapila i kraj..ater na ovoj ater na onoj posle nas ni e...mater so izvinjeje..



ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Of belja, Tincule. velish- svekrvata ne ja biva? Pa kako porasnal mazot ti dovolno golem za dete da napravi? user posted image
Sega nastrana- cuvanje dete e naporna rabota. Neka go cuvaat i dvete babi, po dogovor koja koga, a na prolet, ili najdocna od septemvri- nosi go vo gradinka za da ne si slusas potoa so godini muabeti kako ti cuvale dete.


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Of belja, Tincule. velish- svekrvata ne ja biva? Pa kako porasnal mazot ti dovolno golem za dete da napravi? user posted image
Sega nastrana- cuvanje dete e naporna rabota. Neka go cuvaat i dvete babi, po dogovor koja koga, a na prolet, ili najdocna od septemvri- nosi go vo gradinka za da ne si slusas potoa so godini muabeti kako ti cuvale dete.

Еее ама тогаш била здрава, права а сега паметот и е отиден а она си мисли дека е здрава,шегата ти ја разбирам и жал ми е што е таква, ама здрав човек не прави ненормални работи, во никој случај неможат двете баби да ја чуваат. Убаво вика михаелла атер на сите матер на тебе user posted image user posted image user posted image Ај да си се нашалам на муката малце.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Disney)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Чување на децата
17.11.2014 15:22:59   
Melanija RR
Незнам дали сум на вистинска тема
Какво ви е искуството кога родителите одан на работа во смени,а дете во градинка?Имате флексибилни предпоставени,мора едниот сепак да работи само прва смена, што кога е болно па неоди во градинка?

Имено требаше да работам во смени ,365 ден во година ,но во однос на смени тие правеле распоре и замолив дали може кога неделно се правам да се усогласа со мм?Неможело иако не ме ни прашаа зошто барам така .еве 2 недела М ми е дома,како да работам ,а секој втор ден никој не би сакал да се менува.
Имате ли вака проблем,како наоѓате чаре?Или нема user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Чување на децата
29.12.2015 16:40:33   
lolla RR
Женски, ако може помош ако знае некоја. Сега сум на неплатено до 1 март ирешивме од март до кај октомври ноември да го чува Л жена. Се договоривме с агенција, не чекаат интервјуа и избор, кој се надевам ке го имаме. Е сега, решивме дома да ставиме и камери на 2-3 места од пусти страв дека ке е дома сама некоја со него и ме интересира дали сум обврзана да и кажам на дадилката?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Чување на децата
29.12.2015 18:26:16   
Hopeful RR
И да не си обврзана, кажи и, да си знае однапред, а не постфестумски да се чудиш, скраја било... Подобро кажи, пази да не се навреди, да не го сфати тоа лично, и ќе си го има тоа предвид како момент плус да внимава што и како прави. Сепак, под лошо чување дете јас подразбирам многу работи, не само физичко насилство за кое зборевме пред некое време. Замисли цел ден да ти гледа серии, бебето најадено напиено, ама не го игра, не го гушка... Ајде па сподели искуства со агенции, се надевам ќе најдете некоја добра негувателка.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 29.12.2015 18:30:47 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Чување на децата
29.12.2015 18:34:45   
lolla RR
И јас си мислам да и кажам од аспект дека ке и нарушам приватност но во мој дом. Еден месец ке сме заедно дома, па се надевам ке се уигра а и клучно е бебево да ја засака така да кажам. Мада си поплачувам дека ке треба да го оставам на некоја но мора да се вратиме и во реалниот сет, парите не растат на дрво. Да имав можност ке бев со него дома до 2 год ко во Шведска око немаше да ми трепне.

Ух а како да го соопштам тоа а без да ја навредам?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Чување на децата
29.12.2015 18:52:14   
lukajana RR
Lola зошто мислиш дека ке и ја нарушиш приватноста ?
90% од фирмите имаат камера во секој ќош и на никого не му е чудно ниту пак се осеќа навреден.
За тебе тоа е дом но за таа жена пред се е работно место.
Ич не се замарај кажи и дека имате камери само да си знае

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Чување на децата
22.1.2016 11:56:07   
lolla RR
Жени, следна недела сме на интервју со дадилки. Ве молам за помош што прашања да им поставам? Во глава ми иде само како им се заканувам дека ако не постапуваат како ке кажам дека ке ги ...... Шала на страна, само имам листа на обврски во глава, ашто би ги прашала????

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Чување на децата
22.1.2016 12:05:14   
Hopeful RR
Лола, чувај палка за безбол во позадина додека оди интервјуто, да им е јасно што ги чека ако не се ок user posted image

Се зезам, јасно. Еве неколку прашања, чисто како ориентир:

- дали имате искуство со чување бебиња (добро, ова јасно)
- кој е вашиот метод за смирување расплакано бебе
- како би го успале бебето
- дали знаете некои игри за бебиња на оваа возраст
- дали знаете детски песнички
- дали имате основни познавања од прва помош

Ако ми текне уште нешто, ќе ти пишам. Може делува наивно, ама подобро да си прашаш се, отколку да се нервираш после... Си имаш ти твои методи на одгледување и воспитување и битно е да ги почитува. На пример, јас не сакам да се држат во раце, посебно не да се успиваат во раце, и би ме нервирало кога дадилката би го правела тоа...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Чување на децата
22.1.2016 14:37:31   
lolla RR
Одлични прашања и ти благодарам, ете ни на овие не ми текнуваше. Уште сум во шок дека наскоро ке треба да го оставам во раце на други. Ке пишам се надевм добро искуство.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Чување на децата
22.1.2016 14:41:38   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Жени, следна недела сме на интервју со дадилки. Ве молам за помош што прашања да им поставам? Во глава ми иде само како им се заканувам дека ако не постапуваат како ке кажам дека ке ги ...... Шала на страна, само имам листа на обврски во глава, ашто би ги прашала????


И едно камерче инсталирање во стан обавезно......


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Чување на децата
22.1.2016 16:44:06   
Neurotoxin RR
Евентуално и препораки од родители.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Чување на децата
22.1.2016 18:27:09   
Bea
Lolla, види на нет има листи на многу корисни прашања за интервју.
Моја препорака е да поставуваш т.н отворени прашања, односно прашања на кои не може да се одговори со да или не. Избегнувај прашања со "дали" , гледај некако да ги преформулираш да дадилката зборува, а ти да слушаш.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Чување на децата
24.1.2016 14:24:29   
lolla RR
Жени еве што извадив...

Име и презиме, возраст

Колку долго се грижите за деца (свои, дадилка) и од која до која возраст?
Која возраст на дете ви е омилена а која најтешка за грижа?
Дали имате познавања во грижа при повреда на дете, прва помош, вештачко дишење, пад, итнн? Какво?
Последно искуство и каква ви беше рутината со тоа семејство?
Дали би помагале и во некои домакински работи настрана од бебето?
Дали има нешто кое не би го работеле?
Дали имате здравствени потешкотии при кои не би можеле да кревате тешко?
Дали се занимавате со некоја спортска или уметничка активност?
Дали знаете детски песнички?
Предложете активности за бебе од 12+ месеци? Како ке се одвива денот?
Зошто сакате да бидете дадилка и кој дел од работата ви е најтежок?
Дали преферирате кога денот е исполнет со повеќе или помалку активности?
Што мислите што е подобро за бебето од прашањето погоре?
Во што како дадилка сметате дека најмногу сте им помогнале на родителите?
Како ги смирувате децата кои се нервозни заради разделбата со родител?
Дали пушите? Дали би направиле брис пред почеток на работа?
Дали досега сте имале некое непријатно искуство како дадилка?
Ваши погледи кон воспитување на дете? Која улога ја игра дадилката?
Ве молам за пример во кој сте соочиле при воспитување и како сте го решиле?
Дали досега сте имале бебе кое постојано плаче или е постојано непослушно?
Како сте реагирале? Кои методи ги применувате да смирите бебе?
Како ги успивате?
Дали сте флексибилна личност која би се прилагодила на повеќе барања?
Да ви раскажам за потребите на Л. Медицински....
Хранење на бебето, каде како.... Колку е доволно Што ако одбива?
Хигиена? Сметате ли дека премногу е контраефективно за бебето?
Дали сте подготвени да се водите по правила кои ке ви ги наложиме?
Има ли некое правило од претходно искуство кое било особено добро или лошо за бебето?
Дали сте имале искуство во тргнување на пелени на рана возраст?
Еден контакт за потврда на искуство?


(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Чување на децата
26.1.2016 17:49:49   
lolla RR
Пишував, пишував и отиде постот. Бевме на интервју денес со три кандидатки, останува уште една жена па да одлучиме. Тешка одлука е....

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Чување на децата
26.1.2016 22:06:32   
Hopeful RR
Lolla RR, прашањава машала user posted image Ама добро, супер темелно и аналитично, да си знаете на што сте.

Инаку, како ти се гледаат досега? Би имала доверба?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Чување на децата
27.1.2016 8:02:39   
Bea
Мене ми се ок прашањата. Многу се, ама па укажуваат на сериозен пристап од страна на родителите во насока на чување на детето, а од друга страна и негователката да знае дека нема да може туку-така да си го поминува времето. Нега на дете не е само најади го и легни го да спие.
И фино напиша некој, камера задолжително, само мислам дека мора да биде информирана и бебиситерката.
Ајде Лола, среќно, се ќе биде во ред! Сигурно ти е претешко, ама сфати го како дел од растењето на твоето маже.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Чување на децата
27.1.2016 11:52:35   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla RR

Пишував, пишував и отиде постот. Бевме на интервју денес со три кандидатки, останува уште една жена па да одлучиме. Тешка одлука е....

Лола зошто не си го носите детето во градинка и да си седите мирно дедека сте на работа. Какво време дојде јас никому не можам да му верувам.И во градинкиве се сомневам но тука како за сите така и за моите. Според мене мислам дека никогаш не би оставила деца на некоја жена да ми ги чува. Алал да ви е на храброста јас е плашам.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Чување на децата
27.1.2016 16:34:41   
lolla RR
АнеЛав, заради стравот одиме преку агенција, и ке имаме видео надзор. Мајка ми работи во градинка, и по препорака на тие во јасли би почекале до кај 18 месеци, значи дадилкава би била за макс 8 месеци.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Чување на децата
15.2.2016 16:03:47   
Bea
Lolla, што направивте, се одлучивте за жена? Почна да доаѓа?

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 222
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 8 [9]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?