Calypso -> RE: Свадбени фотографии/снимки (8.2.2011 12:39:17)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica Колку фотографии имате извадено од вашата свадба? дали ви се наредени во некој голем албум? Кој ви ја правеше фото сесијата на вашата свадба? Колку пати сте ја погледнале снимката од вашата свадба? дали сте задоволни од фотографот/фото студиото кои ви ги вршеа овие услуги? Имаме извадено околу 200 фотографии (од регистрацијата и свадбата, бидејќи ги правевме во различни денови) и сметам дека се доволно (имаше уште многу, ама скапо беше сите да ги вадиме), наредени се во голем албум, па кога некој од гостите ќе изрази желба да гледа слики, им го давам албумот. Фото сесијата ни ја правеше студио Маестро, и немаме многу слики, за жал, затоа што многу малку време имавме пред да почне венчавката во црква. Но можеби и доволно се, со оглед на тоа што ни двајцата не љубиме многу, многу да се сликаме. Задоволна сум од сликите, не дека се нешто посебно уметнички или којзнае какви (многу се ретуширани додуша), ама споменот си го имаме. Ми е криво што не можам да си вадам слики од ЦД-то со сликите што ни го дадоа, затоа што секоја слика е обележана со знакот на студиото и не можам да го извадам, а и секако сликите се со помала резолуција, па ништо од квалитетот. Снимката ја гледаме понекогаш, но посебно со друштво бидејќи имаше доста интересни моменти на нашата свадба, и првпат кога ја гледавме целата снимка се смеевме и сфативме дека доста работи не паметиме (не од пијанство туку од целата фрка што се случуваше тој ден)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
|
|
|
|