vezilka RR -> Ролање (13.12.2012 16:05:33)
|
Велат дека дете, на ролерки може да се застане уште на 3 години, но тогаш мора да се придржува, за да ги научи движењата. Сериозното ролање може да почне од 5 или 6 години, а брзината се развива на 9 - 10 години. Родителите, освен ако и самите ролаат, обично се противници на ролерките, од страв дека ролањето секогаш води до некоја повреда. Ролањето е корисно? Прво, кај детето се развива координацијата на движењата. Второ, мускулите на грбот постојано се развиваат при возењето и движењата со рацете. Трето, кај девојчињата рамномерно се обликуваат мускулите и на рацете и на нозете. После една до две недели вежбање ќе забележите изненадувачки физички промени кај вас. Ќе бидете послаби, вашите мускули ќе бидат потонирани и посилни. Какви ролерки се потребни? Секако, на прво место е квалитетот на ролерките. Рабовите на патиките мора да имаат сунѓер или да се меки над зглобот. Кога се возат ролерки, задолжително е носење на чорапи доколена, без оглед колку е надвор топло!!! Постојат ролерки во еден број, но и такви чија големина се подесува. Таквите детето може да ги користи неколку години. Доколку детето е поголемко и ногата не му расте така брзо, тогаш најдобри се оние во еден број. Ролерите секогаш треба да се за 1-2 броја поголеми од чевлите. Димензиите на тркалцата се приспособени на големината на ролерите. Ролерите за најмладите треба да се цврсти, а тркалцата треба лесно да се вртат. Додека рола, детето треба да биде лесно облечено, без џемпери. Лесни тренерки се најдобар избор, а ако е времето потопло може да се носат и блузички со куси ракави (девојчињата не треба да носат фустанчиња или здолништа). На колената и лактите се ставаат штитници, а на рацете специјални заштитни ракавици. Кацигата е задолжителна. Каде да се возат ролерите? Доколку детето вози по специјални патеки, треба да знае дека се вози од десната страна. Доколку вози низ парк или низ населбата каде што живеете, треба да вози по бетон и не треба да јаде или да пие ништо додека вози. Со ролерите не треба да се симнува по скали, а посебно треба да одбегнува она што на децата често им текнува: на ролери, да се држи за велосипедот на другарчето додека тоа вози. Исто така, никако не се советува возење по нагорнини или надолнини.
|
|
|
|