Ikana -> RE: Коцкањето како брачен проблем (10.1.2013 19:38:08)
|
Среќен развод е името на темата, далеку од тоа дека е среќен, други ја крстиле темата, не јас[sm=smiley36.gif] Само што гледав едно видео, за тоа како постарите генерации се вклопуваат во денешниот модерен свет на социјални мрежи и контакт преку истите. И навистина ме замисли видеово. Ако жена на 70 години може на било кое друго место да почне нов живот, после смрт или развод од брачниот партнер, зошто во Македонија не може тоа да го направи млада девојка? Дали патиме од тој синдром на Трпе и Трпана, демек ќути трпи има и полошо, да бидеме заедно ради детето..итн... Детето ќе порасне, годините летаат, ќе си отиде од дома и ќе знае точно кои грешки да не ги направи ако мајката или таткото барем малку му всадиле мудрина и не го извлекле подебелиот крај. Од друга страна детето може да земе ист брачен партнер, кој прави проблеми и кој не сака да порасне, и ќе биде склоно кон емотивен мазохизам, само затоа што родителот му всадил преку својот пример, дека реално толку и заслужува. Размислете...децата не го следат советот туку примерот од родителот. [sm=smiley1.gif] Уредено за да додадам: Впрочем, брачни проблеми не се решаваат на форум туку во 4 очи.
|
|
|
|