Ikana -> RE: Мали нешта (26.12.2012 13:54:47)
|
Еве неколку совети за поисполнето секојдневие: Извор: црнобело.мк Митската потрага по среќата е нешто за кое редовно читаме и размислуваме, но ретко кој знае како навистина среќата би требала да изгледа. Ова се некои од клучните мали нешта во животот врз кои можете да имате влијание и да ги контролирате, а ќе ви помогнат да бидете позадоволни и посреќни. 1. Купете си домашно милениче. Нека биде тоа маче, куче, хрчак, риби, зајче...Истражувањата спроведени годинава покажаа дека сопствениците на домашни миленици имаа повеќе самопочитување од оние кои немаат. Истражувањето покажало и дека миленичињата на нашиот мозок делуваат слично како и нашите пријатели кога е во прашање потребата да се чувствуваме сакани и прифатени. 2. Несебично помагајте им на другите. Помагањето не е само убав гест, туку и една од најубавите работи кои можете да ги направите за сопствена среќа и задоволство. Имено, студијата спроведена во 2010 покажала дека правењето добри дела поттикнува создавање серотонин во нашето тело, кој е хормон на среќата. Оние кои волонтираат живеат 16 месеци подолго, а личностите склони кон алтруизам имаат и пониска стапка на разводи од просечната. 3. Овозможете си малку културно воздигнување. Мажите кои уживаат во уметноста, балетот и останатите културни активности, се чувствуваат посреќни и поздрави од оние кои не го прават ова. Исто така, физичката активност го продолжува животниот век кај мажите и до 7 години. Од друга страна, најсреќни се оние жени кои редовно следат спортски настани. 4. Бидете носталгични. Друштвените и полни со енергија – се најсреќни личности. Секако, поголемиот дел од нас едноставно не е роден да биде ѕвезда на секоја забава на која ќе се појави, но тоа не значи дека не можете да препишете по некој трик од оние кои се динамиката на друштвото. Научниците тврдат дека изворот на среќа е гледање на минатото низ розови очила, со многу идеализирање и носталгија. Заборавање на лошите и уживање во убавите спомени е клучна состојка за оптимизам. 5. Секс. Колку повеќе секс толку поедноставен живот. Нема депресија, нема нервоза, нема напнатост. Споделете ја љубовта и уживајте во сексот.
|
|
|
|