Џесика -> RE: Бигамија (1.1.2013 18:04:46)
|
Капина, те молам да ги смириш страстите, никој не е тука да чита навреди, жената не ти упадна во куќа и не те чепна, таа си го раскажа својот живот, своите верувања и никој нема право тоа да го осуди, можеш да го прифатиш или не, за мене исто така е чудно, но ме интересира и не осудувам, сакам да дознаам многу и за другите религии освен нашата, можам да дебатирам, не и да се сложам со тоа, но нема никогаш да и речам „вие не сте нормални“ тоа за нив е нормално, за нас е друго нешто... што сега муслиманка да ти рече и да те осуди што јадеш свинско месо, твојата вера тоа го оправдува, но во исламот тоа е грев... патем во групен секс Уму Ајна не спомна никаде дека практикуваат групен секс, туку дека и покрај тоа што мажот има друга жена, не се споиле... [sm=smiley1.gif] Бидете смирени, мене ова ме интересира, сакам да дознаам повеќе, не мора да го прифатам како разумно, но ве молам без навреди...
|
|
|
|