Ikana -> RE: Жалби и поплаки за администраторите и модераторите! (4.1.2013 8:33:29)
|
Магичка, навистина ми е жал што си се почувствувала дека не можеш да си го искажеш мислењето, од страв дека ќе бидеш нападната од модератори или админ. Не знаев дека постои фобија од тој вид. Сите тука сме членови на РР. Сите некогаш сме ги прекршиле правилата и сме биле соодветно санкционирани. Но да не пишуваш на РР, од страв дека ќе те искара некој е многу малолетнички, зар не се согласуваш? Во секој случај, ќе ти одговорам на поплаката, со тоа што ќе те упатам да ги прочиташ правилата за користење. Модераторите и Админ не смеат да заземаат страни, туку будно да ја следат дискусијата и да им овозможат на членовите таа да се одвива на културно ниво. Уште еднаш ќе повторам, Мод и Админ не заземаат страни во расправија, како што фудбалскиот судија не може да даде гол за тимот, чија игра ја суди. Во иднина те молам не се плаши да пишуваш на РР, секое мислење ни е драгоцено. Се најдобро[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|