RE: Живот како "принцеза"!? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Maca25 -> RE: Живот како "принцеза"!? (12.1.2013 12:06:37)

вчера татко ми направи да се почувствувам како негова принцеза - ми беше роденден и тој дојде на работа и ми донесе мала торта, само за мене, со ружички на неа. Бев пресреќна, од самиот гест, отишол, нарачал и ми ја донесе на работа - за убаво да ми започнел денот. Вечерта со уште едно изненадување од него - ми купил нов телефон затоа што ме слушнал како се жалам дека стариот ми е канта. Му рекол на продавачот во мобиларата: Јас сум среќен, само кога и ќерка ми е среќна.
Е јас сум неговата принцеза да ви кажам.




Bethany -> RE: Живот како "принцеза"!? (12.1.2013 12:15:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

вчера татко ми направи да се почувствувам како негова принцеза - ми беше роденден и тој дојде на работа и ми донесе мала торта, само за мене, со ружички на неа. Бев пресреќна, од самиот гест, отишол, нарачал и ми ја донесе на работа - за убаво да ми започнел денот. Вечерта со уште едно изненадување од него - ми купил нов телефон затоа што ме слушнал како се жалам дека стариот ми е канта. Му рекол на продавачот во мобиларата: Јас сум среќен, само кога и ќерка ми е среќна.
Е јас сум неговата принцеза да ви кажам.

Е Маца, баш ме разнежи [sm=9nebesa.gif] Браво за татко ти! Се подсетив на мојот, секој негов подарок и убав гест ми значеше премногу, баш правеше да се чувствувам како принцеза.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]