Дали сте родители кои форсираат? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Pepelaska * -> Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 0:05:34)

Се сеќавам кога бев дете и во предучилишната и училишната настава дека имаше родители кои ги форсираа децата било на учење, било на дополнителни активности( учење странски јазик, свирење на инструмент , спорт и слично).
Верувам дека и сега ги има.
Родители кои уште од мали нозе му всадуваат на детето во мозокот дека мора да е на пример доктор или славен пијанист па детето се носи на приватни часови и слично не дека тоа го сака туку дека така мора.
Сите го знаеме Марко Чаласан детето кое има сертификати од Мајкрософт а мислам имаше 7 години.Според мене , на тоа дете му е скратено детството.Има време кога да учи.
Гледав и едно 5 годишно девојче како земало награди за свирење на клавир а родителите му биле професионални музичари.

Уште еден пример синот на еден колега тренираше карате.На негови 10 години стана балкански првак во натпревари за негова возраст.Детето имаше страшна желба и енергија за тоа а од родителите огромна поддршка.Сега има 13 години и веќе не тренира, едноставно му помина желбата.Татково е премногу горд на својот син но никогаш не би го форсирал пак да го прави тоа доколку не го сака тоа од срце.
Моите родители никогаш не ме форсирале да правам нешто кое не го сакам.
Дали мислите дека ако го терате детето со сила да прави нешто ќе успее?
Син ми има 2 години и уште сега гледам дека сам знае што му е интересно а што не.
Секогаш во животот ќе бидам тука да му помогнам и да му сугерирам нешто што би било добро но ако тој го прифати тоа а ако не не би му се мешала во одлуките.





AnnaMolly RR -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 9:35:15)

Никогаш не би го форсирала на нешто што не сака. Едноставно можам само да го поттикнам да оди на повеќе спортови, часови по музика и слични работи, па после сам нека си одбере што го привлекува, а што не. Никогаш не би го терала да оди на фудбал на пример, доколку повеќе го интересира кошарка. Дури и балетан би го пуштила да биде [sm=jezicek.gif] Мада татко му ќе ме разведе на лице место :)))))
Мислам дека е многу лошо кога ќе му се наметне нешто на детето што тоа не го сака, ушт епоголема одбивност му се создава. А и џабе е форсирање ако не го интересира тоа.




Палешка РР -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 9:38:10)

Не би го форсирала, само би го поттикнувала за тоа што гледам дека има интерес. Децата и нешто да сакаат брзо го губат фокусот и на друго се насочуваат. Гледам по Марио, иако е голем, прво сакаше кошарка, па фудбал, но најупорен е во бодибилдинг иако јас се противам.
Го форсирам да учи, ама џабе, не ми успева многу [sm=jezicek.gif]




TARA1 -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 9:54:07)

Mene licno ne me forsirale ama nekako jas uste koga trgnav vo skolo kako da se podrazbirase deka treba da se zavrsi i faklultet. Toa nekako voopsto ne bilo nikogas predmet na diskusija, i od denesen aspekt mislam deka bilo pravilno.
Vo odnos na vonskolski aktivnosti kako dete trenirav plivanje i dosta dobri rezultati vo toa vreme i imalo momenti koga sum sakala da se otkazam ama posle razgovor ( citaj blag pritisok) sum prodolzuvala i sum postignala rezultati. Pricinata poradi koja sum sakala da se otkazam bila " site deca igraat nadvor samo jas na trening"
MIslam deka blag pritisok ili sugestija vo odreden period od zivotot e potreben no ne i nametnuvanje po sekoja cena posebno ne za vonskolski aktivnosti od tipot moeto dete mora da uci 3 jazika use vo osnovno skolo i da sviri instrument i da bide sportist..... mislam premnogu e




Ikana -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 10:19:02)

Ни јас не би ја форсирала да прави нешто за кое нема интерес. Би сакала да може да научи да свири инструмент, да оди на некоја боречка вештина и да научи странски јазик, но се во свое време. Мислам дека нема поента да ја форсирам, само ќе и создадам аверзија. Моите желби не мора да бидат и нејзини[sm=smiley1.gif]

Од друга страна моите родители ме охрабрувале за учење странски јазици и за спорт, за музика не толку, иако во школо не учеа да свириме на одредени инструменти. И јас тренирав пливање, учев 3 странски јазици (англиски, француски и германски), од кои 2 одлично ги владеам, (германскиот ми беше антипатичен), па потоа на моја иницијативе земав да учам уште 2 јазика (италијански и грчки), но немав време да продолжам со курсевите. Воопшто не се чувствувам како да ми вршеле притисок моите, тогаш бев горда на фактот дека тие се гордеат со мене[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 10:39:19)

Хмм, дали сум родител кои форсирам? По природа сум личност што сака се да држи под контрола, таков татко ми беше и тоа многу ме нервираше и ми создаваше притисок. Имав многу пати почуствувано притисок дека мора нешто да правам и мислам се уште ги чувсвувам последиците како лична борба.
Баш затоа, мнооогу и премногу се преиспитувам во мојот однос со син ми. Се што правам и како размислувам е базирано на тоа да не подлегнам да правам работите кои се во мојот карактер. Сакам да ја ублажам таа особина. Мислам дека досега добро ми оди.
И дефинитивно со мм кога разговараме, се сложивме дека МОРАМЕ да го охрабриме, да го поттикнеме да учестувуваа во други активности, да слободно искажуваа интереси, и веќе сега знам дека тој ќе има фази како Палешка што спомна со син и, дека сака и фудбал и кошарка и ово и оно, ама јас сметам дека тоа е добро, пробувајќи различни активности ќе се пронајде во оно што му лежи и нам ќе помогне понатаму кога ќе дојде време да сака да се откаже од икс причини, да може да го охрабриме да продолжи, бидејќи ќе гледаме дека има потенцијал за нешто и да го охрабриме да го искористи.




niki -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 11:21:13)

moite roditeli ne me forsirale za nisto i toa ne sekogas go smetam za dobro
jas seuste ne sum pocnala so forsiranje i iskreno ne znam dali ke pocnam
pottiknuvam, ohrabruvam i davam izbor i se nadevam deka na toa ke ostaneme zasekogas
moeto dete seuste ne odi ni na edna vonskolska aktivnost, no taa e dvojazicno dete, a veke zboruva i tret jazik sto e odlicna osnova za ponatamosno ucenje stranski jazici, zasega e dovolno opteretena so toa
so sportski aktivnosti se zanimavame samo rekreativno, i koga imame zelba za toa, plivanje preku leto, vozenje velosiped, neobavezni proset_ki, se pentrame po detski igralista
izborot za organizirani aktivnosti ovde ni e mnogu ogranicen ima samo balet, gimnastika, fudbal i kosarka i nekako nemam zelba da i nametnuvam nesto sto postoi kolku da se rece deka ima i sto site od red go poset_uvaat vo nedostatok na nesto podobro




TARA1 -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (5.1.2013 11:29:51)

Jas mislam deka kako pomalo bi go forsirala poveke za nekoj sportski aktivnosti, zaradi trosenje na energijata , posebno sto vo denesno vreme decata se pomalku si igraat nadvor, a ponatamu koga ke potposrasne aktivnosti od tipot na stranski jazici isl.

Sekako mozda nisto od toa nema da se realizira ako toj deklarativno ne saka[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Дали сте родители кои форсираат? (6.12.2013 12:32:39)

Imam primer na rodnini koi se dosta obrazovani,uceni i epten go forsiraa svoeto dete,ma kade li ne go zapisuvaa,od jazici ,do raznorazni sportovi da na kraj nisto od toa...
Sakam moeto dete da izucuva jazik,da odbere eden sport ne nametnat od mene tuku negova zelba da e toa...taka da mozam samo da ja podrzuvam vo nejzinite odluki no da forsiram nikogas




Страница: [1]