RE: РР ДрндрнРАЈКИ (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Snow Queen -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 9:27:38)

^ Е ајде добро утро и од мене.
Мене денот ми е убав, зошто на татко ми му е роденден.Самиот ден за мене си има значење.[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 10:01:59)

Добро утро и од мене,прво ќе си се послужам со кафенцето Yammy mammy ,на здравје нека ни е
Делукс нека му е среќно и вечно името на малиот [sm=darilo.gif]
Snow Queen среќен роденден на татко ти [sm=torta.gif]
а од мене ајде повелете,дека нели сум си зависна од благичко
[img]http://stuffpoint.com/sweets/image/43180-sweets-sweets.jpg[/img]




Bethany -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 10:07:55)

Добро утро и од мене.

Јами Мами фала за кафето [sm=smiley1.gif]
Делукс, честито кршетвка, убаво поминавте, нели?
Сноу Квин среќен роденден на татко ти.
Мами_ејнџелс фала за благото, одлично оди уз кафето. А што сакам и јас благо наутро, всушност лажам, наутро, попладне, навечер, секогаш сум за! [sm=smiley36.gif]

Убав ден на сите!




JovanaJ -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 11:23:44)

Dobro Utro (dobar den veke [sm=smiley36.gif]) i od mene.
Delux, cestito krstevka
Snow queen , sreken rodenden na tvojot tatko [sm=smiley1.gif]
Vi posakuvam na site ubav den




Еки82 -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 11:30:30)

Добро утро на сите и честитки за крштевките на цуцките!

Деновите жешки, фали малку уште вечерите да се затоплат ми се носат сандалки и навечер [sm=smiley36.gif]
Ова капилариве на Др. Таис ги убив од прскање заразни се хехе [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Carrie RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 11:43:40)

Честит роденден и крштевка ... ајде и јас да се послужам со кафе и благо [sm=smiley1.gif] Имајте убав ден РРајки [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 11:57:42)

Добар ден РР - ки..Честитки за крштевката делукс,да сте живи и здрави ..
Како сте денес жени? Јас се изналокав лимонада и зелен чај и сега ми се лоши [sm=zmeden.gif]




Палешка РР -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 13:09:52)

Здраво и од мене...да не послужи летово вака уште еден месец, што убаво свежичко е се дишееее [sm=smiley1.gif]

Убав ден на сите, еве од мене второ кафе

[img]http://www.netpress.com.mk/vestiimages/106328/g_gezve-so-tursko-kafe.jpg[/img]




Mihaela 2010 -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 13:19:05)

Paleska bas mi treba kafencevo..mutav mi e denov pred dobivanje sum i samo vikam po nekogo(mm)[sm=smiley36.gif]..
A vremevo u kancelarija e sparno ama nadvor e petka..




deluxe -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 13:24:02)

Благодарам на честитките девојки[sm=smiley36.gif] Да ви кажам супер сме си поминале за крштевката,што е најважно синково мој (како што си е диво дете)ама баш ич не плачеше,ниту в црква,ниту во ресторанот.Многу ме изненади[sm=smiley1.gif]Во право се бабите што викаа -мир му дава попот[sm=jezicek.gif]
Туку дајте од кафето,сега сум релаксирана,помина гужвата[sm=jezicek.gif]




miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 13:28:10)

Па може и некоја слика да ставиш делукс.
Инаку викаат дека на крштевка детето требало макар малку да плаче,демек - се истерувале лошите ѓаволи од него и ја прима верата,а после крштевката да не се бакнува и да не се бања детето - миросано било и обично после крштевање децава се како бајчиња.Кај мене двете деца се изнаплакаа,ама после тоа беа како бубалчиња.




elenak -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 13:33:32)

Zdravo zencinja,nazdravje kafe.Jas ke si svaram edno vistinsko,glava me boli cel den,a i stomak.Jas dobiv vcera pa mm vekje ne strada[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 14:08:44)

Се надевам останало од кафево да се послужам и јас, оти уште не можам да седнам од средување. Пакувањето е напорно, ама па средувањето после одмор уште понапорно.[sm=jezicek.gif]
Како сте ми вие? Јас сега правам пауза малку од работа, па ќе ве читам да видам што се случувало дури ме немаше.




deluxe -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 14:16:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Па може и некоја слика да ставиш делукс.
Инаку викаат дека на крштевка детето требало макар малку да плаче,демек - се истерувале лошите ѓаволи од него и ја прима верата,а после крштевката да не се бакнува и да не се бања детето - миросано било и обично после крштевање децава се како бајчиња.Кај мене двете деца се изнаплакаа,ама после тоа беа како бубалчиња.




Да ,тој заплака колку за адет,дури го капеше попот,и пред црква кога кумот се одрекува и тогаш заплака,ама потоа дури и задрема в црква[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
А за бакнувањето сите го бакнуваа(прва јас[sm=smiley1.gif])
додека пак за капење не го капам 3 дена,да си го прими мирот убаво.




Gardenia -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 14:20:29)

Кај сте бе женички,што ми правите? Јас уште три дена до одмор јухуу ,едвај чекам веќе ми здосади од работа и се [sm=zmeden.gif].Незнам дали од времето или што ама овие денови сум труп неможам да си ги одлепам очите,ми се спие на велико [sm=smiley1.gif]
[img]http://faktor.mk/wp-content/uploads/2013/04/kokteli-468x272.jpg[/img] Еве по едно коктелче ве частам да се освежиме.И една [sm=smiley31.gif] до сите




Felly RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 15:13:30)

Може гардениа и коктелче за мене. Ајде уште малку, па ќе уживате.
Делукс честита крштевка!!! Јас па не знаев ова ни за бањањето ни за бакнувањето.




miana -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (16.7.2013 15:14:54)

Pa popovite obicno kazuvaat vakvi raboti,mene popot mi ima kazano i za dvete deca.




Snowhite RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 9:41:02)

Ајде денска јас да почестам кафе, чек да пребројам колку ве има, да знам колку кафина да правам, еее дури 12
Еве сега стиже кафица

[img]http://a1on.mk/wordpress/wp-content/uploads/2013/02/kafe.jpg[/img]

[img]http://www.kafepauza.mk/wp-content/uploads/2012/06/1-turskoto-kafe-del-od-makedonskoto-sekojdnevie-www.kafepauza.mk_.jpg[/img]

А еве и ладно кафе кој сака
[img]http://www.kulinar.mk/gallery/2010/07/recepti/ledeno-kafe-so-cokolado.jpg[/img]

Доволно е?




vezilka RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 9:44:39)

Ооооо кој е вреден п осабајле. Браво Сноу. Јас од ладното ќе се послужам. Жени, што праите, арни ли сте?




Felly RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 11:03:26)

Ама ептен вредна, дури и дупло кафето си го направила. [sm=jezicek.gif]




mommy_angels RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 11:38:05)

ммммммммммммммммм земам од ова,а и си правам веднаш вистинско,стрв ме фати




Carrie RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 11:44:15)

Само што си го допив вистинското, ама ќе се напијам и тука едно, мнооогу се привлечни [sm=smiley1.gif] Наздравје нека ни е [sm=smiley1.gif]




bucko mal -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 12:55:16)

Aj tuka da ve pozdravam prvo pa posle da cirnam po drugite temi.
Jas sum na raspust,dve nedeli I generalka po doma,morav I taka konecno izleze sonce.Inaku site po doma sme zatnati kashlame lele aman veke samo se vrtime vo krug,eden na drug si prenesuvame.Ama toa e fala bogu nema nekoi posledici,pieme caevi,cedeni sokovi, valjda ke projde.
Vi posakuvam ubav den[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 13:00:54)

И јас да ве поздравам додека малиот спие. Ќе видам каков ќе биде кога ќе стане, беше расположен, не како вчера.
Леле каков ужас да го видиш детето кое не запира, нон стоп е во движење, а вчера лежи цел ден... Ама денес е веќе подобар, па се надевам од утре ќе биде уште подобро.

Буцко мал, ајде и вие што побргу да оздравите целосно [sm=smiley31.gif]

Јас за денес не планирам ништо освен да го надгледам син ми [sm=smiley1.gif]

Убав ден на сите [sm=rozica.gif]




elenak -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (17.7.2013 13:41:25)

Eve me I mene,na pauza.[sm=smiley36.gif] Cucka mi ja zema dedo i,da me odmori demek,a jas se piknav vo kupatilo da ribam.I eve pred da go pocnam rucekot da ve pozdravam.Betani milo mi e sto ste podobri,bucko mal neka e so pomin I kaj vas.Nie pak da se pofalime,vtor den bez tetrapak sok.[sm=bravo.gif]Samo svezo ceden i cajce.Cajceto ne I e bas po merak ama sepak ne se buni.




Страница: <<   < Претходна страница  73 74 [75] 76 77   Следна страница >   >>