sandriana RR -> RE: РР ДрндрнРАЈКИ (3.8.2013 18:37:39)
|
Било, па добро завршило....верувам дека наскоро ќе ја кажат вистината што се случило со девојчето, бидејки ако се работи за киднапирање, службите би требало да предупредат и другите да знаат што се случува во градов. Инаку, ние 4 дена се расправаме со температура и ужасна кашлица, а наод нема никаков. Веројатно сме настинале мината недела шлапкајки се низ двор, гола и боса. Од синојка нема температура, и кашлицата стана од сува продуктивна, па се надевам до понеделник дека ќе се оправиме. Вчера се качивме до Средно Водно, да смениме воздух, мислам дека и тоа помогна да се подобри состојбата. Сега се спремаме да шетнеме накај парк, да го искористиме попладнево. Везилке, утре сакавме да одиме и ние на рибник накај Чардак, се надевам не е тој фамозниот од вчерашната ваша авантура [sm=smiley36.gif] Професионализам на ниво ти се вика тоа [sm=smiley1.gif] Ајде, пријатно попладне на сите, искористете го продолжениов викенд паметно [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|