sandriana RR -> RE: Алиментација (8.1.2013 14:29:47)
|
Баш пред празнициве, средувајки имотно-правни работи од покојниот ми татко, кој патем беше разведен од мајка ми уште пред 25-6години, налетав на бракоразводната пресуда и ми падна во очи баш тој момент - дека и двајцата се откажуваат од исплата на издршка на дотогашниот сопружник, бидејки биле и 2цата вработени, а за мене го задолжиле татко ми да плаќа алиментација во одреден износ (некои си 50тина евра сегашни),бидејки судот ме доделил на мајка ми - а, по кој кртитериум била одредена сумата за алиментација не пишува. Е сега, тате плаќаше редовно додека имаше регулиран и редовоен работен однос, а откако отиде во инвалидска пензија, се договорија културно со мама дека нема понатаму да бара да ми исплаќа алиментација (додека законски требаше, нели, до полнолетство). Значи, моето искуство е вакво, за разлика од блиски луѓе кои минуваа низ ваква ситуација приближно истиот период, а таткото не сакаше да слушне да плаќа алиментација за синот,и така и остана до крај работата-си избегна човекот одговорност. Според мене, ако родителот сака - ќе најде начин да помогне или придонесе финанскиси или било како поинаку-материјално во одгледувањето на детето. Ако не сака - ќе најде милион начини да го избегне истото. А за издршка на бившиот брачен другар- немам размислувано....и тука има Х фактори. Не дај Боже да се најдам во таква ситуација, не би чекала од некого милостина...
|
|
|
|