Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 8.1.2013 21:37:52
Ikana
Со напредокот на науката и медицината, ни се создаваат многу нови можности во поглед на прокреацијата и квалитетот на живот. Но што кога науката ќе ни понуди можност, не само да влијаеме на квалитетот на животот, туку и да го создаваме животот како квалитет?
Генетскиот хуман инженеринг има два облика: соматска генетска терапија без ефект на херидитарност и генетска терапија во наследени ќелии кои предизвикуваат промена во наследните гени на генерациите.
Со други зборови, може да се оди до таа екстрема и да се одбира каква боја на очи ќе има детето, кои физички и ментални способности ќе му бидат најизразени, кои болести ќе се искоренат и ред други работи поврзани со генетиката на тој организам. Сметате ли дека ова е правилно од морален и етички аспект, и дали навистина е позитивна работа на која треба да и се радуваме? Дали вие, ако ви се даде можност би го модификувале генетски ембрионот или фетусот кој расте во вас?
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 8.1.2013 21:57:11
niki
najkratko kazano, samo prirodata sozdava sovrseno idealni organizmi, covekot dosega se ima pokazano kako nekoj koj zaradi svoite porivi redovno gi rasipuva i najubavite svoi dela mislam deka nikogas ne bi naracala bebe po merka, vo ulogata na majka bi se cuvstvuvala dosadno ako sekoja osobina na deteto mi e predvidena, ne bi imalo nikakvi iznenaduvanja, so toa i nikakov predizvik
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 8.1.2013 21:57:49
Палешка РР
Не би. На тој начин се создаваат бесчувствителни еднолични роботи, кои исто и еднобојно размислуваат. Светот нема да биде подобар ако луѓето бидат совршено убави и паметни, туку ако се добро воспитани и ако имаат душа. Светот е убав ваков шаренолик, само малку повеќе љубов да има....
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 8.1.2013 22:30:55
Bilence2
Mojot embrion ne bi go cepkala. Protiv genetski inzenering sum , bez razlika sto na toj nacin ke se iskorenat mnogu bolesti na denesnicava. Zaradi napredokot na medicinata svetot broi 7 miljardi luge, prosecniot zivoten vek na lugeto e zgolemen, a toa samo navidum e dobro. Edna miljarda luge na planetava ziveat so pomalku od 1$ na den. Tolkava e siromastijata vo svetot, ako i so genetski ikzenering ziveeme podolgo, i stanuvame pobrojni...ke ja prenaselime planetava. Eden germanski matematicar (po profesija bil pop) vo 19 vek presmetal deka resursite na planetata rastat so aritmeticka progresija, a lugeto so geometriska. E pa koga togas ke ja prenaselime planetava i ke nema dovolno za.site. Prirodnata selekcija e najdobra, i sekogas nastojuva kon balans, kolku i da e surov diviot svet, ekvilibriumot se naoga vo racete na prirodata, a nie i prkosime.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 8:15:34
Pepelaska *
Сметам дека е позитивна работа што медицината оди напред, ама донекаде и многу себична.Како што пишале погоре природата најдобро знае што прави, а така сите би биле совршени , најубави и слично.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 10:01:54
sandriana RR
Многу чувствителна тема и многу дискутабилно прашање...Се наобразував во област каде генетското инженерство е подгранка и кога би се докопала до работа соодветна на тоа образование би се дообразувала токму на таа тема, баш за и сама на себе да си го дооформам ставот за хуманиот ген.инженеринг. Кога би имале соодветна етика сите, и не би се поведувале од задни мисли и намери за задоволување на своите себични апетити и его, туку строго само за зачувување на живот, или корекција за да може некое мало, недолжно суштество да има достоен и пристоен живот - ДА, би поддржала, во никој друг случај.
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 10:28:53
Ikana
И јас се сложувам со Сандриана....Се додека постои можност да се помогне на мало невино суштество или да се искорени некоја болест, би била за генетски инженеринг, но доколку се е во ред, не би направила таков избор. Природата си е природа и колку и да се трудиме, против неа не можеме... Знам дека и покрај благородните цели и генетскиот инженеринг би можел да се искористи на многу погрешен начин, па останува прашањето дали би можеле конечно со нешто да бидеме умерени и да не го злоупотребуваме овој метод, кој би можел на многу да им помогне и да го напредне човештвото, наместо да го уназади.
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 11:01:51
Ring
Има многу за размислување Сум против тоа да се користи за да некој си лечи комплекси од типот, сакам дете со сини очи и плава коса, со манекенско тело и слични глупости...мислам дека со тоа наредните генарции многу би наликувале еден на друг, зашто сите би биле по некој терк...а и е против законите на природата Кога се работи за искоренување на тешки болести, синдроми, наследни болести и други медицински проблеми... апсолутно да На пример ,ако може да се спречи хемофилијата која се знае дека се пренесува од мајка на син , т.е ако мајката знае дека е носител на тој ген за хемофилија и ако сака да си го заштити детето од болеста не гледам причина зошто да не се примени генетски инжинеринг. Но пред сето тоа, треба да се рагледаат и многу етички прашања кои треба да се на прво место пред воопшто и да се размислува за генетски инжинеринг
_____________________________
Your children will become who you are...so be who you want them to be !
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 11:21:12
vezilka RR
Па токму тоа и се прави сега, се разгледуваат етичките моменти инаку да не беше тоа досега мислам дека веќе побајаги ќе се употребуваше. Јас сум дефинитувно за, дури и за физички и ментални предиспозиции. Ние секако и сега се трудиме да личиме сите на еден те ист модел кој ни е понуден преку мас-медиумите. За болестите и физичките недостатоци, не го ни ставам на вагата, за тоа секако сум за. Јас вака размислувам, ние назад кон природата нема да одиме, барем не додека не ни се деси некоја гооолема, ама навистина голема катастрофа. А со науката постојано одиме напред. Е сега треба да видиме како тоа најдобро да го искористиме во позитивни придобивки, а негативните, кои се неминовни, да бидат што помали.
RE: Генетски Хуман Инженеринг - За или Против? 9.1.2013 12:39:15
Calypso
Ние луѓето не сме етички и морални суштества иако се водиме по некои правила и норми, било пишани, непишани. Сите гледаме од лична корист, па што ни е гајле за другите. Генетскиот инженеринг е моќно оружје ако е во погрешни раце. Верувам дека научниците и истражувачите тргнале од побуди, желби и амбиции да откријат начин за искоренување на генетските болести, ама од друга страна, кога ќе сфатат што се може да се направи со ова... едноставно, човекот нема граници.
Јас лично не би се мешала во работата на мајката природа, таа најдобро си знае. Барем сега засега, ставот ми е таков.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.