Палешка РР -> RE: Воспалителни процеси на дебелото црево во бременост (13.10.2009 8:24:25)
|
Добредојде Пепе, ти посакувам се најдобро, твојата бременост да помине без компликации и да донесеш на свет здраво, живо и среќно дете. Еве неколку информации за твојата болест. Воспалителни заболувања на дебелото црево во бременоста Напишал Др. Зоран Јоксимовиќ, Јануари, 2008 година Воспалителни заболувања ма дебелото црево е назив за сите заболувања на цревата, но најчесто овој термин се однесува на улцерозен колитис и Кронова болест. Многу млади жени кои се заболени од оваа болест пред да останат бремени, а и во бременоста се грижат како бременоста ќе се одрази на болеста и како терапијата ќе влијае на плодот. Слободно може да се каже дека со современа, добро избрана терапија заболените од инфламаторни болести на цревата, бременоста можат да ја износат до крај и да родат здраво дете. Генерално, почести се компликациите во Кроновата болест, отколку во улцерозниот колитис. Бременоста, воглавно, не се одразува негативно на основната болест и околу 2/3 од заболените остануваат во состојба на ремисија (мирување), а само една третина доживува активирање на болеста во првите три месеци од бременоста. Децата се најчесто прерано родени и со помала родилна тежина. Бремената жена треба да ја следат гастроентеролог и гинеколог. Кога се лековите во прашање ќе ги споменам само оние кои најчесто се користат. Сулфасалазин е безбеден лек и може да се користи за време на бременоста бидејќи не го зголемува ризикот од појава на компликации во бременоста и при самиот пород. Исто така може да се користи и во фазата на доење. 5 АСА е според испитувањата исто така безбеден лек и не се препорачува прекин на истиот за време на бременост. Кога се користат Сулфасалазин и 5 АСА во фазата на планирање на бременост и во текот на бременоста потребно е да се прима и фолна киселина која ја намалува можноста за аномалии на плодот. Породувањето кај трудниците кои болуваат од воспалителни заболувања на цревата може да биде спонтано, доколку трудницата немала претходно опсежни операции и доколку не постојат фистули. Во спротивно се препорачува царски рез. НАПОМЕНА: Текстот е буквален превод на пронајдениот текст од интернет. Не одговарам ако некој зема на своја рака од споменатите лекарства. Поставен е чисто информативно, ако може некому да помогне.
|
|
|
|