Поделба на учениците според општествениот статус (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Pepelaska * -> Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 15:36:44)

Размислував на оваа тема и се сетив на школските денови поминати во радост , смеа , безгрижност.
Но ми текна и на некои немили настани кои тогаш не сум ги сметала можеби за такви.
Се сетив дека имаше групи и поделби помеѓу нас, учениците.Секогаш се дружеа оние на докторите, директорите , наставниците во еден табор , а оние на работниците, чистачките во друг.Многу често паѓаа и навреди на таа сметка.
Секогаш кога се купуваа подароци за 8 март , крај на година и слично главни беа оние првите.Другите ако немаа да дадат толку секогаш се чувствуваа понижени и тажни.
Деца како деца ќе се скараат ќе се смират, но се сеќавам дека имаше и такви наставнички кои децата ги ценеа по статусот на нивните родители.Не им беше важно колку ,ученикот кој носи најк патики или тренерки, знае математика, граматика и слично и каква добра душа има и тој и неговиот родител , туку повеќе им бодеа во очи нивните постари патики и ранчето кое го носеле на пример 4 години.
Сега не знам каква е состојбата но сигурна сум дека ова сеуште го има.
Зарем не е образованието за сите? Нели треба да учиме дека сите сме еднакви , секој час на кој детето ќе научи да биде човек е милион пати поважен од равенки и заменки, барем според мене.
Сте се нашле ли во ваква ситуација?Како би се справиле?И со дете кое е научено да понижува и со наставник?




vezilka RR -> RE: Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 15:48:21)

Јас верувам дека сега ситуацијата е уште подрастична од онаа у наше време, иако и тогаш не беше за занемарување овој проблем. Море можеби грешам оти сега мислам дека се поделени по школи, се знае каде учат децата на „богатите“, по приватните. Ова повеќе важи за средните училишта. А образованието е отидено толку многу во неповрат, што со ова прашање не верувам дека некој се занимава. И оф, како би се справила, хм. Со дете кое понижува други деца од таа причина и е другарче на моето, па се надевам дека до таа возраст кога веќе ќе бидат способни да ценат, или не ценат според критериум на имушност, јас на моево ќе му имам всадено некаков систем на вредности. А наставник, би реагирала, би го пријавила.




Палешка РР -> RE: Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 15:55:08)

Јас имам син кој е 3-та година Гимназија, што важи за баш елитно училиште и мислам дека таква поделба нема. Децата во неговиот клас се дружат и појма немаат дали нивните родители се доктори, директори или незнам што. Може дури и да го одбегнуваат оној кој има повеќе џепарлак и кој се расфрла со пари - па тој да се корегира. Сега не постои таква поделба бидејќи се осамени тие што повеќе имаат, а тие што по немаат ги има многу, па децата се прилагодиле. На пример ова девојче сега што загина, во Гимназија се разбра од кое имашливо семејство била, откако почина. Девојчето било многу приземно и скромно.

Инаку сега сите носат брендирана облека, па колку и да немам тоа мора да го обезбедам. [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 16:20:30)

Bas me potseti Pepelaska so temava....zavrsiv sredno obnrazovanie vo gim.Nikola Karev koe togas vo moe vreme bese dosta elitno i dosta strogo skolo,megu ostanatite Korcagin I josip Broz....mozam na prsti da gi nabrojam onie koi bevme od po skromno semejstvo,a ne deca na kako sto nabrojavte direktori,doktori profesori....
Si se imavme podeleno,ama ne deka sakavme tuku samata situacija si go pravese svoeto....
Ako moite ke mi dadea za uzinka 50 den da si kupam tost ili nesto slicno,i toa mi bea edinstvenite pari pokraj slobodnata karta,jas ke odev ke si kupev i pravac u ucilna,dodeka drugive si idea sekoj den po kaficive pa pauzata si ja koristea za kafe mafemuabeti,i zgora na toa sekoj 4 cas kasnea posle odmor i vleguvaa so lazickite u usta,i pak nikoj nisto ne im kazuvase....
I samite profesori si bea nastroenii povekje kon niv,ete taka da kazam bea glavni faci...
a da ne zboram pak za garderobata...
kerka mi e uste mala ama kako sto trgnala rabotava koj znae sega kako e po skolive i so mladinata...sepak ke se potrudam da ne ja vospituvam da gi gleda svoite soucenici od aspekt na toa koj kako se oblekol,kakva marka na obleka nosi i slicno,tuku da gi vrednuva drugite osobini bidejki mislam deka ke i pruzam povekje od ona sto moite na vremeto mozele da mi pruzat...




niki -> RE: Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 17:22:23)

treba da se oslobodime od idejata na ednakvost koja ni ja plasirase komunizmot
od toa opstestvo sme izlezeni poveke od 20 godini
ziveeme vo kapitalizam kade postojat klasni razliki i toa drasticni i toa ne moze da se izbegne duri ni vo uciliste
decata na kakvi vrednosti ke gi ucime nema da vlijae na drustvoto koe go imaat, grupiranje ke ima sto e prirodno so ogled na toa deka site imaat razlicni moznosti
dete so 50 den vo djeb ne moze nikako da mu parira na dete so 1000
a ne moze da se nalozi nikomu da dava pomalku ili poveke
vprocem zosto nekoj bi imal pari ako postojano razmisluva deka treba da potrosi isto kolku onoj sto nema
a decata kako i lugeto se grupiraat od razni pricini, ne sekogas se parite pricina, taka da mene mi e ovaa pojava ocekuvana
omalovazuvanja mi se isto ocekuvani
deteto go ucam deka za site ima mesto pod sonceto iako site imame razlicni moznosti pa sekoj spored svoite moznosti ke si go najde svojot pat




elenak -> RE: Поделба на учениците според општествениот статус (9.1.2013 22:23:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Инаку сега сите носат брендирана облека, па колку и да немам тоа мора да го обезбедам. [sm=smiley1.gif]

Е ова во мое време го немаше. Брендирана гардероба не носеше скоро никој, освен оригинал тренерки и патики оние што можеа да си дозволат, а тие беа малку и беа неприметни. Денес се дава голема важност на тие работи, па родителите се тие што си имаат најголема мака. Како да се децава помалку вредни ако не се ,,брендирани,,. Кога одиме по родендени во игротеки постојано се чудам пред таа слика - патиките на децата оставени пред делот за играње, кои од кои поскапи. Се чудам затоа што знам дека не сите родители можат да си го дозволат тоа, ама изгледа едноставно мораат. И просто ме фаќа страв од она што не чека нас како родители, какви ли нови моди и трендови ќе ни ги празнат џебовите. И сето тоа апсолутно непотребно...




Страница: [1]