|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 12:21:28   
Hopeful RR
Видиш, на јога не ми текна user posted image Ќе пробам, барем на нет има милион вежби, се надевам ќе помогне. Те user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 13:23:05   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Исто така, уште од сега ми е страв од постпородилна депресија и уште од сега се филмам за тоа како други ќе ми досадуваат со наводна помош, а демек јас нема да ја сакам и ќе се нервирам. Иако сите ми викаат дека ќе ми треба помош, и сигурно се во право, јас сум убедена дека таа помош мене ќе ме нервира и никако не можам да си ги изгонам тие мисли од глава.



Ова потполно ко јас да сум пишала ,но не додека бев бремена туку по породување.А ова од LoveableMe RR е тотална вистина за мене а и веројатно за тебе.Такви сме.

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Мислам дека тоа се стравови кај луѓе кои се многу одговорни и посветени во животот и мислат за се, сакаат да биде се како што треба, а оние кои не му ја мислат многу, мислат дека можат се и полесно поминуваат во животот и во мајчинството.



Ова да го знаев порано дека ако си бараш помош полесно ќе ти биде , ќе беше може супер ама не не и не неможам да зависам и други да ми висат на глава. Не да те плашам ,тешко е ,депресија ќе фаќа. Но мора од сега да се прибереш ,да расчистиш што сакаш потоа. Едно е сигурно ќе ти треба блиски свесни луѓе за муабет и прошетка.Не е клише да излегуваш и ги оставаш, зошто да после ќе ти биде потешко.
Се надевам добро намерно ќе ме разбереш и тука сум за збор два ако ти треба user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 13:35:17   
Hopeful RR
Добронамерно и те сфатив, таман работа user posted image

Ма знам дека си во право, и ти, и сите што викаат прифати ја сета помош што ти се нуди, ама во моментот ме фаќа таков склет на таа помисла што ми се чини ако дозволам некој друг да прави нешто место мене, дека ќе пропуштам нешто битно или дека нема да се доволно мои бебињата. Скроз ирационално, ама ајде де.

Не сум баш посесивна и љубоморна по карактер, и ме чуди оваа за мене, нова емоција. Сакам се да правиме јас и мм, и кога ќе чујам муабети и совети од страна во контекст на фамозната "помош", побудалувам. А сите па од страна се онакви - аааа близнаци, и двете баби ќе ти доаѓаат, ќе ти помагаат, дрн дрн, и мене косата ми се крева на глава. Од друга страна пак, не сакам да станам онаква психо посесивна мајка, не сакам да ги врзам за мене или да ги оддалечам од баби дедовци, ниту пак да направам патолошки случаи од нив. Сега за сега, на секоја помош од страна реагираме и двајцата со доза на резерва - фала, бидете на стенд бај, ако треба ќе ве викнеме. Веројатно само ќе ми се каже што и како е најдобро да се прави, и за нив, и за нас...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 14:19:50   
blue_blue
Hopeful, се низ што поминуваш е нормално и валидно е се што зборуваш. Мое мислење е дека не си за на психолог а богами ни за јога. Колку што сфаќам пред бременоста си била многу физички активна а луѓе кои се пронаоѓаат себе во динамични физички активности најчесто полудуваат на јога зошто не им одговара на темпераментот и не сфаќаат што е бенефитот од лесни, бавни вежби и некој си таму медитации и визуелизации...Една од нив сум и јас, сум пробала, ама брате не е тоа за мене...секако ако сакаш пробај ама ми се чини дека ефектот нема да го постигнеш. Она што според мене ти треба е алатка за управување со промените кои ти се случуваат особено што не си тип што сака и прифаќа лесно промени, односно ако добро сум те уснимила од ова кратко време што виртуелно те познавам - сакаш осмислена, промаена со колку што е можно појани чекори и предвидени опции...Бременоста и раѓањето не се таков тип на промена, но има и тука работи кои можеш моѓне успешно да ги испланираш и предвидиш. Некако сум убедена дека можам да ти бидам од голема помош од две прични сум минала низ сево ова а многу си ми слична по карактер и размислување, и ова го работам секој ден - професија ми е да им помагам на луѓето да учат и доаѓаат до нови сознанија и вештини а не сум нит психолог нит психијатар. Иако не сум тип што верува во виртуелни пријателстви и во нивно материјализирање - остварување ако сакаш пиши м и приватна порака со ттвојот емаил па ќе ти пратам некои ствари и ќе ти дадам некои алатки и насоки кои верувам ќе ти бидат од помош. По мене, во моментов најважно е сега и тука да се средиш и да не бидеш „штетна“ по себе и околината...

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 14:41:00   
Hopeful RR
blue_blue, ќе се расплачев додека те читав. Од досегашната РР комуниникација, и јас мислам имаме сличен начин на размислување и баш добро ме опиша. Сум пробала јога, ме фаќа склет, еве во моментов слушам некои медитации на работа и не е тоа тоа. Не сум некој голем планер и организатор, не сум контрол фрик, но да, многу тешко се соочувам со промени, дури и кога јас ги правам. Бременоста, како нешто што трае долго време, сега за сега не ми е најблагопријатен период, колку и да имам грижа на совест што тоа го викам. Секако - посакувано, планирано, едвај дочекано, се во ред, бебињата ги сакам уште од сега, но не можам да се залажувам дека уживам, посебно ментално. Ти благодарам за разбирањето user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 18:59:14   
gina
Hopeful ne se nerviraj se e toa do hormonite do bremenosta
i jas samo se karam i samo placam i mene mm mi vika namerno pravis vaka sakas samo da se raspravas uzivas vo toa ili neznam sto tie kako da poluduvas i od toj zbor uste poveke se vadam od takt si vikam deka za kuso vreme ce se sredam mozebi me ubiva i monotonijata samo doma ne izleguvam se vardam od virusi i poveketo lezam pa naravno deka ce poludis ce pomine i ova neka dojde prolet pa poubavo ce se custvuvame

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 19:38:26   
Malecka23
JAs mislam vo bremenost nekako se ni doaga oddednas posebno ako sme luge sto ne prifakame lesno promeni.Monotonijata ubiva ako mora da se lezi hormonite do plafon sekogas postoi stravot sto i kako ke bide solzite se najdobar prijatel,reakciite na lugeto od strana so solenje pamet.Koga ke se sobere se normalno e da imas promena vo raspolozenie ednostavno ko vo tvoeto telo da ima nekoj drug a ne ti.Veruvaj ot koga ke se porodis prvite 40dena ke ti bidat bas teski dodeka da fatis rutina za se a posle poleka poleka ke se olabavuvas i ke vidis deka se pominuva i se zaborava.JAs bi rekla podoro vikaj karaj se isplaci s enego da cuvas vo sebe taka polesno ke ti bide.I na kraj kraeva site razlicno reagirame vo bremenost.JAS od koga gi prekinav utrogestanot se vrativ na staro dodeka gi primav placev i za toa zasto mm ne sakase da mi ja svrti garniturata se rasplakav na gak zs ne ja najdov doktorkata se rasplakav vo sred super market.Zatoa olesni se kako tebe ti e arnouser posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 20:51:24   
tea 88
Jas sum obicno mn custvitelna i ako me nervira nesto ne kutam si kazuvam sekako do granica za nekoi raboti od pocit prekutuvam ama i toa ednas dva pati posle zboruvam toa sto go mislam i sto mislam deka sum vo pravo. A sega veruvajte sum sosema normalna duri i izbegavam da se raspravam , ne se nerviram mnogu iako po cel den sum vo krevet samo wc i tolku. I pak se cudam kolku sum pribrana. Ne deka ne me nervira nesto samo vo momentot ke si recam poubavo da si bidam smirena zasto mene ke me boli glavata ako se nerviram pa ke mi bide posle krivo znam. Jas sega tolku sum preomupirana so strav za ponatam. tek na bremenosta sto drugo i ne me interesira samo da bide se vo red.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Емоции во бременоста
23.1.2015 21:14:21   
Hopeful RR
Теа88, секоја чест, стварно алал ти вера што вака трезвено размислуваш. Јас и да избегавам расправии, пак се нервирам во себе, тоа ми е проблемот. Инаку не сакам да потиснувам, пробувам да најдам начин конструктивно да си кажам што ми лежи на душа, ама понекогаш тоа изгледа многи полошо отколку што е.

Malecka23, фала ти за убавите зборови, се надевам дека ќе трае само 40 дена user posted image Инаку не лежам, одам на работа секој ден и пак не сум најнај, тек да лежев по дома ќе се мрднев уште толку. Пробувам да се дружам со луѓе колку можам повеќе, тоа помага, но сепак, понекогаш паниката е преголема.

Инаку, gina, истите зборови како на мм, не ми се верува! Стварно мисли дека уживам да се расправам и дека намерно го правам тоа, или па дека сум лоша. Неверојатно, никогаш не мислев дека хормониве вака ќе ме полудат...

Важно не сум сама во ова, добро е user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Емоции во бременоста
4.2.2015 18:28:21   
gina
jas nekako nemozam da se sozemam od vcera neznam sto mi samo si placam eve i sega tesko na bebe samo mi e strav da ne mu se sluci nesto oti za gluposti si placam i se karam so mm user posted image moze li da si pijam bedoksin ne go prasav ginekologot barem malku da se smiruvam sto ce pravam vaka za se samo se nerviram i odma placam

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 110
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?