miana -> RE: Мамо, раскажи ми приказна! (1.8.2013 20:24:55)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana И јас се чудам како да ли да и ги пренесам моментите како - вадење на срцето на Снежана од страна на ловецот,за некои духови,за отровни јаболка,за лоши самовили што колнат и сл. Некако и јас ги преиначувам [sm=smiley36.gif] еве го нашиот муабет Бајките на браќата Грим се далеку од тоа што денес се смета за прифатливо, и да беа видео игри досега сигурно ќе беа забранети, анализира БиБиСи. Британскиот медиум нагласува дека веќе некои академици тврдат дека зад тие невини наслови се кријат мрачни приказни за секс и насилство, приказни за убиства, касапење, канибализам, убивање деца, инцест... Грим пишуваше пред 200 години, во еден тотално поинаков свет, а нивните бајки, како Црвенкапа, Пепелашка, Иванче и Марика и Снежана се преработувани безброј пати. Беа „дизнифицирани”, станаа главни ликови во стрипови, па и во изданија за возрасни. „Сепак, во оригиналот, тие се далеку од слатки бајки”, пишува БиБиСи. Харвардската професорка по германски фолклор и митологија, Марија Татар вели дека тоа се политички некоректни приказни, полни со секс и насилство. „Во Снежана, маќеата ги бара белите дробови и црниот дроб од 7-годишното девојче, кое ловецот го води во шума. Тоа е застрашувачки. Во Пепелашка на двете полусестри им ги сечат петиците и прстите. Некои историчари овие приказни ги нарекуваат порнографиите на старото доба”, вели професорката. Според неа, новите верзии на Снежана ја извлекуваат перверзната сексуалност на приказната, заради што треба да се класифицираат во филмови за возрасни. И покрај тоа што бајките се приказни за доброто и злото, во кои има јасни граници и поуки, сепак тоа не е тоа што ги прави толку популарни приказните на Грим, наведува БиБиСи. Имено, лекциите за моралот никогаш не биле забавни, за разлика од крвавите и возбудливи приказни. Ова посебно важи за децата. Една анкета од 2012-та година покажала дека многу родители на своите деца намерно не им раскажувале некои од приказните. Конкретно Пепелашка ја избегнувале затоа што била лош пример за девојчињата на XXI век, бидејќи Пепелашка по цел ден 'рмбала по дома. „Иако некои деца сакаат мрак и хорор, никој не сака кога ужасот станува премногу реален. А, децата знаат дека сето тоа е фантазија”, заклучува БиБиСи, додавајќи дека приказните на браќата Грим помогнале да се стопира забраната на некои видео игри во САД. Врховниот суд во САД потврдил пресуда базирана на аргументот: „бајките на Грим навистина се мрачни, но никој никогаш не ги забранил”. извор - Он.нет
|
|
|
|